Автор Тема: Renault Megane 1.5 dCi 2006  (Прочитано 133257 пати)

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Renault Megane 1.5 dCi 2006
« Одговори #630 на: 22 Февруари 2016, 20:29:40 pm »
Ако проработи супер.  А патуваш ли надвор од МК?

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен Prcot

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3464
Одг: Renault Megane 1.5 dCi 2006
« Одговори #631 на: 23 Февруари 2016, 12:18:36 pm »
Патувам, со Меганот се оди 3-4 пати годишно за Белград, често на викенд негде низ Мк. Се проаѓа 20 до 30К годишно.

Како што ветив еве проектот за вградување на темпомат. Идеата е многу одамна, можеше да се среди за многу помалце пари ама пак јас нејќам импровизации. Можеше да се среди со еден сталк од команди за радио да се лемат жици и тоа е тоа ама јас нејќев ништо да се крати од инсталацијата.

Неочекувано вртејќи по огласиве начекав еден Меган у Куманово што го растураат а беше со полна опрема и најважно од се редизајн. Отидов одна утре дента и купив што е потребно и почнавме да ровариме у нашето Меги заедно со брат ми кој онg  е најзаслужен за овој зафат јас само давав информации и придржував коа треба. Зафатот траеше добри 4 дена малтретирање.
Купивме монтиравме видовме дека нема џек за копчињата за темпомат па акај се низ Скопје па оди пак за Куманово докупувај ракети за 110 евра па идиотот ни продаде ракети со скината airbag лента и појавуваше Check airbag па пак за Куманово зошто не можевме да се разбереме по телефон пошто се закануваше дека рат ќе правел и дека ќе се видимо на суд и слично. Нејсе, работава заврши со лемење на лентата кај еден дечко у Кисела Вода за 30 евра.
Работата течеше вака:
Вадење на клема од акумулатор:

Промена на свич од обичен на таков со копче за он оф на темпоматот.



Пронајдовме џековите за темпомат

Промена


Вадење волан


Воланот е со копчиња бидејќи е ова сликата од второто вадње



Извадени ракетите

Лево моите ракети десно купените, промена само на лентата за airbag бидејќи на лентата стоеше џекот за темпомат.

Целата приказна беше околу џекот со црвена црна жица

И како што кажав светна перничето па нервози и слично па пак вадење, среќа го најдов дечкота што леми па го среди за 2 саата и сеа е супер.
Ја однесов на дијагностика да ја разбудат Круз контрол опцијата и тоа е тоа. Ја пробав до Белви работи без проблем.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20663
Одг: Renault Megane 1.5 dCi 2006
« Одговори #632 на: 23 Февруари 2016, 12:38:23 pm »
Браво! Ѕвер!

Од секогаш сум се прашувал дали може вакво нешто безболно да се изведе, и ето видиш, може! Супер!
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6442
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Renault Megane 1.5 dCi 2006
« Одговори #633 на: 23 Февруари 2016, 13:17:37 pm »
Значи ако убаво разбрав потребно е свичој на волан, табле со свичој за темпомат, ракета заради џекот и воздушно перниче?

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: Renault Megane 1.5 dCi 2006
« Одговори #634 на: 24 Февруари 2016, 22:33:06 pm »
Браво! Ѕвер!

Од секогаш сум се прашувал дали може вакво нешто безболно да се изведе, и ето видиш, може! Супер!

па и не баш безболно,ако го прашуваш прч :D

btw добро завршена работа :)

Отсутен Prcot

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3464
Одг: Renault Megane 1.5 dCi 2006
« Одговори #635 на: 01 Март 2016, 10:25:37 am »
Купивме монтиравме видовме дека нема џек за копчињата за темпомат па акај се низ Скопје па оди пак за Куманово докупувај ракети за 110 евра па идиотот ни продаде ракети со скината airbag лента и појавуваше Check airbag па пак за Куманово зошто не можевме да се разбереме по телефон пошто се закануваше дека рат ќе правел и дека ќе се видимо на суд и слично.

Работава ти се вика трн у здрава нога.... Откако дечкото ја залеми лентата, лентата се скина уште 4 пати... Во превод уште 4 дена малтретирање таман ќе ја залеми до дома и се кине и пак чек airbag попиздрев изгубив мерак дојде до момент да сакам да откорнам се и да фрлам у канта.
Но среќа дечкото премногу фер испадна и ме смири, и фати да го расклопувува делот со лентата скроз и се увиде дека пластичниот запчаник бил скршен и тој прерипувал и кинел, па напраи комбинација со мојот запчаник кој рече бил како нов зема го смени и сема никаков шум при вртење. Но тоа не е се...
Одам накај дома пробувам темпоматот не работи.. Се враќам викам темпоматот сеа не работи ми скисна веќе и глупо ми е да ти се враќам упм... Го уклучи на компјутер и виде дека не го чита кумплугот коа е на темпомат па затоа не му дава да го уклучи темпоматот...
Сето ова се случуваше у 10 саат навечер во петокот, па затоа ми рече да дојдам во понеделник зошто изгледа дека апаратчето за кумплуг се наполнило со прашина и затоа некогаш го чита некогаш не, па да го зачистел.. Се беше у ред додека викендов не стиснав на свирка и пак се уклучи аирбег но овој пат не се скина лентата...
Преку ми дојде вчера бев спремен да му речам вади се, коа виде и он дека свети чек му се стемни го извади перничето и виде дека не бил поврзан убаво па затоа свети.... Го извади и апаратчето го зачисти од прашина и се е у ред за сега, вчера цела вечер се возикав со темпомат работи безпрекорно. Уште еднаш ќе речам алал да му е на дечкото има препорака од мене, многу позитивно искуство.
А за овој што ми продаде ѓубре за 100 и кусур евра ќе пробам правно да го средам, нервно попуштив.

Браво! Ѕвер!

Од секогаш сум се прашувал дали може вакво нешто безболно да се изведе, и ето видиш, може! Супер!
Фала Веле, во мојов случај само душевна болка имаше ама како викаат секој мерак се плаќа ;D ;D

Значи ако убаво разбрав потребно е свичој на волан, табле со свичој за темпомат, ракета заради џекот и воздушно перниче?
Да  :)

па и не баш безболно,ако го прашуваш прч :D

btw добро завршена работа :)
Фала Смич, ето видиш зошто премногу се тресам вакви работи се дешаваат

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Renault Megane 1.5 dCi 2006
« Одговори #636 на: 01 Март 2016, 10:34:34 am »
Може и полошо. Замисли вечер пак да светне чек енџин и темпоматот да не работи? ;D

Со здравје да си го возиш сега. Инаку мојот темпомат видов дека можам да го уклучам најмногу 10 минути низ МКД, затоа те прашував дали возиш надвор.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен Prcot

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3464
Одг: Renault Megane 1.5 dCi 2006
« Одговори #637 на: 01 Март 2016, 10:37:31 am »
Фала ЛП, па низ Македонија на 10 мин имаш патарини затоа не може ;D ;D

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Renault Megane 1.5 dCi 2006
« Одговори #638 на: 01 Март 2016, 10:39:13 am »
Благодет. Задолжително во следна кола. Ако нема пак некоја ваква голгота може да те најде. Страшно.

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5041
  • The Spartan General
Одг: Renault Megane 1.5 dCi 2006
« Одговори #639 на: 01 Март 2016, 10:56:16 am »
Темпомат е господска работа, иако троши малце повеќе ако возиш аналогно со истата брзина кога не го користиш.
Инаку во Македонија може да го користиш 90% од времето, освен ако не налеташ на лудаци по патиштата како ЛП.  :)
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Renault Megane 1.5 dCi 2006
« Одговори #640 на: 01 Март 2016, 11:06:00 am »
Не си возел во МК со темпомат, па ме вреѓаш. Неубо од твоја страна.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5041
  • The Spartan General
Одг: Renault Megane 1.5 dCi 2006
« Одговори #641 на: 01 Март 2016, 11:11:54 am »
Не си возел во МК со темпомат, па ме вреѓаш. Неубо од твоја страна.

Не те навредувам. Твојот стил на возење, нештата што те нервираат во сообраќајот и со брзините кои возиш кај мене спаѓаат во графата: Лудаци.

Моите две лични возила имале темпомапт и секогаш кога сум можел сум возел на темпомат по целиот Балкан, вклучително и Македонија.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Renault Megane 1.5 dCi 2006
« Одговори #642 на: 01 Март 2016, 11:25:35 am »
Чудно, затоа што на аутобанот кај што живееш секој ден се лета неограничено. Јас сум возел 30 низ град, 120 на регионален и 150-200 на автопат и сум лудак. Оние што прават колони на смртта се нормални? БТЊ, знам дека не е ништо лично.

Не можеш да возиш со темпомат во МК, немаме патишта за тоа. По регионалните не е можно, кривини или некој ќе те закочи или претекне и влезе во макази. Автопатот се минува за неколку минути.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29666
    • CARclub.mk
Одг: Renault Megane 1.5 dCi 2006
« Одговори #643 на: 01 Март 2016, 11:29:10 am »
Јас го користам темпоматот константно кога сум надвор од град, особено на автопат. Прекрасен систем за зачувување на возачката дозвола.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17502
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Renault Megane 1.5 dCi 2006
« Одговори #644 на: 01 Март 2016, 11:31:10 am »
Да ве потсетам: темпоматот работи дури и на 110 км/ч. Не мора да возат сите 160 па да се класифицира како бескорисен на македонски патишта.