Поодамна не сум пишал, па да ги запишеме акнивностите што беа правени околу него.
На 18.01.2016та и 144,000км е направен редовен сервис со промена на:
Масло- Elf Evolution 900 NF 5-40
Фитер за масло- Filtron
Филтер за нафта- Filtron
Филтер за полен- Filtron
Промена на долен држач на мотор - 1600 денари
Промена на сијаличка на задно стоп светло
Вкупно за рака и сијаличка 1000 денари. Сервис Виталеда
Регистрирана на 21,01,2016 и 9та година по ред
Цената на вкупните трошоци е околу 6200 денари
Во меѓу време го пукнаа задниот десен штоп на паркинг, напраен е европски записник имаше мало натегање со Евроинс ама се среди сето тоа со помош на Банза, голема благодарност.
И за крај влегов деновиве во посериозен проект и инвестиција а тоа е вградување на темпомат. Еве ги работите кој ги пазарев за да си го направам тоа задоволство
Воздушно перниче 60 евра
Копчиња за темпомат 15 евра
Свич за темпомат ова дојде и со копче за ЕСП 15 евра
И пропратно купени фасонки со повеќе сијалички за у кабина:
Следува DIY проект наскоро. Работата е 95% средена само испаднаа некои не очекувани компликации ама во тек е да се средат.
Поздрав!