Автор Тема: Регистрација и технички преглед  (Прочитано 419759 пати)

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6315
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #720 на: 29 Април 2017, 02:52:32 am »
Баш пред некое време гледав за осигурувањето.. За сите коли над 110кв цената е иста (околу 11.000 денари)... Е сега ме интересира дали би било исто и техничкиот преглед за над 110 кв ?

Пример ако регистрација за кола од 115кв кошта 18.000 денари.. Колку би коштало за кола од 160кв ?

Отсутен Klen

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2327
  • Продавам течност за жмигавци
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #721 на: 29 Април 2017, 03:18:03 am »
За 294кв е 18000
Замисли да си кола и да ти вградат плин :(
Попрво оди кај некој дома во гаража него во М Кар поголеми ти се шансите да си ја средиш колата

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6315
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #722 на: 29 Април 2017, 04:01:00 am »
Комплет или само осигурување?

Отсутен Klen

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2327
  • Продавам течност за жмигавци
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #723 на: 29 Април 2017, 10:13:53 am »
Комплет
Замисли да си кола и да ти вградат плин :(
Попрво оди кај некој дома во гаража него во М Кар поголеми ти се шансите да си ја средиш колата

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6315
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #724 на: 29 Април 2017, 13:02:05 pm »
Фала ти.. тоа ми беше прашањето.. Дали ќе биди многу разлика ако земам кола со 120кв и 180кв.. :D

Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4111
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #725 на: 29 Април 2017, 13:10:34 pm »
Пружи си ја ногата колку што ти е чергата после да не плачеш, напрај си салам есап

Sent from my F5 using Tapatalk

Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20393
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #726 на: 29 Април 2017, 13:19:55 pm »
Курчот е голем.

Отсутен Power to the people

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7379
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #727 на: 30 Април 2017, 12:41:19 pm »
Фала ти.. тоа ми беше прашањето.. Дали ќе биди многу разлика ако земам кола со 120кв и 180кв.. :D
Нема разлика, над 110кв и над 3200 кубици останува цената од ~18000 на клен

Југо од 85-та 200€, 10.000ден комплет
Масерати од 60.000€ 18.000ден комплет

Се земаат пари од сиромасите за да се заштитат богатите

Отсутен wiksa

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 14
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #728 на: 02 Јуни 2017, 13:15:31 pm »
Дечки да препорачате некоја осигурителна компанија за регистрација, исто и дали има врска каде ќе идам на технички или сеедно?
Плус ако некој знае и постапка за примена на сообраќајна и слично, и дали се завршува се брзо или има убиствено мн чекање

Отсутен MAPJAH

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7191
  • Бенве сие бенве
Регистрација и технички преглед
« Одговори #729 на: 30 Јули 2017, 10:59:37 am »
Има ли шанси Зеро или некој друг кој работи на сајтот да направат прилог за техничките прегледи кај нас, да посетат неколку станици по неколку часа во рок од една недела и да видиме како и какви коли проаѓаат. Дали има реална контрола на издувни гасови, висина на фарови и други работи за кои што секојдневно се жалиме дека ги среќаваме во сообраќајот


Sent from my iPhone 7 using Tapatalk

Отсутен n1kola

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7808
  • French diamond
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #730 на: 28 Март 2018, 23:04:49 pm »
Ако не го регистрирате возилото навреме, ќе си платите казнени поени – најава за нов, силен удар по џебот на граѓаните!

http://www.alfa.mk/News.aspx?id=131401#.WrwCyYhubIU

Која глупа и дебилна одлука ! Јас ете сега од 1-ви Април ќе имам забрана 3 месеци на возачката и регистрацијата ми истекува во Април и нормално дека не планирам да ја регистрирам колата тие 3 месеци, пошто нема да ја возам... и сега некој смислил дека јас треба да платам казна за тоа, БРАВО ! Македонија е извор на вакви идиоти !

На крај краева мое право дали ќе ја регистрирам и возам колата или ќе си ја чувам дома за украс и нема да ја возам ни регистрирам....

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 45138
  • Il Moderatore
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #731 на: 28 Март 2018, 23:48:44 pm »
Како тоа „ќе си платите казнени поени“?

Alfa Romeo 159TBi
Alfa Romeo 166 2.5 V6 24v
VW e-up!

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1758
  • Veritas Vos Liberabit
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #732 на: 29 Март 2018, 01:03:02 am »
@n1kola бидејќи не планираш да го регистрираш возилото во наредните 3 месеци откако ќе ти истече регистрацијата во Април, чисто информативно да си знаеш дека согласно Законот за возила член 40 став 1 точка 5 должен си да го одајвиш возилото и да ги вратиш регистарските таблички доколку поминале повеќе од 30 дена од истекот на важноста на сообраќајната дозвола. Глобата, доколку ова не го сториш е 200 евра. После тоа при новата регистрација имаш давачки за нови таблици и нова сообраќајна.

Прошетај се до станица и распрашај се дали има некоја друга варијанта да не ги враќаш табличките а да ти остане возилото нерегистрирано за тие 3 месеци и да не те глобат.

Brains are awesome. I wish everybody had one.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10612
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #733 на: 29 Март 2018, 08:59:17 am »
@n1kola бидејќи не планираш да го регистрираш возилото во наредните 3 месеци откако ќе ти истече регистрацијата во Април, чисто информативно да си знаеш дека согласно Законот за возила член 40 став 1 точка 5 должен си да го одајвиш возилото и да ги вратиш регистарските таблички доколку поминале повеќе од 30 дена од истекот на важноста на сообраќајната дозвола. Глобата, доколку ова не го сториш е 200 евра. После тоа при новата регистрација имаш давачки за нови таблици и нова сообраќајна.

Прошетај се до станица и распрашај се дали има некоја друга варијанта да не ги враќаш табличките а да ти остане возилото нерегистрирано за тие 3 месеци и да не те глобат.
Во МК зборот логика е избришан од речникот.
Ако плаќам\купувам таблици за возило , нели е логично таблиците да станат составен дел на возилото односно моја сопственост. 
Колку што знам токму заради тоа прекина праксата на вадење таблици од страна на полицајците.
Пред повеќе години возилото помина технички, извадив полиса , не ставив печат од мвр во сообраќајна , му завршило работното време. По истек на датата од оправдани причини ( мора лично ) морав исправка на полиса на датумот да правам. Возилото де факто е осигурано или полисата нема правна тежина во очите на МВР. 
МВР само ја верификува документацијата и става потпис и печат на сообраќајна како унифициран документ при контроли од нивна страна за да не мора да приложувам куп хартии од постапката на регистрација.

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7437
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #734 на: 29 Март 2018, 12:00:50 pm »
Ако не го регистрирате возилото навреме, ќе си платите казнени поени – најава за нов, силен удар по џебот на граѓаните!

http://www.alfa.mk/News.aspx?id=131401#.WrwCyYhubIU

Која глупа и дебилна одлука ! Јас ете сега од 1-ви Април ќе имам забрана 3 месеци на возачката и регистрацијата ми истекува во Април и нормално дека не планирам да ја регистрирам колата тие 3 месеци, пошто нема да ја возам... и сега некој смислил дека јас треба да платам казна за тоа, БРАВО ! Македонија е извор на вакви идиоти !

На крај краева мое право дали ќе ја регистрирам и возам колата или ќе си ја чувам дома за украс и нема да ја возам ни регистрирам....

И во грција е вака, возиш - невозиш - регистрираш, ако не го возиш продај го.... За жал се гледа само како да се земат повеќе пари од народот.