Технички можеш да направиш каде сакаш односно и надвор од регистрационото подрачје, притоа кога ти ги спремаат документите треба да се внимава уплатниците (две мислам беа, надоместоци некои за животна средина и можеби за патишта, на памет зборам, не сум најсигурен) да бидат со приходна шифра на општината каде се регистрира возилото а не на општината каде го вршиш техничкиот преглед. Во спротивно нема да ти ги прифатат и ќе мора повторно да ги уплаќаш.
Барањето за регистрација треба да се поднесе до општината каде се регистрира т.е чии таблици носи возилото.
@Ѓорѓи ти пошто си од Пехчево евентуално ако те носи пат накај Куманово на влезот према Доброшане има станица за технички преглед каде за разлика од Паланка е многу поевтино, зборам за сума од околу 1000 денари најмалку. Техничкиот можеш да го извршиш и 30 дена пред истекот на регистрацијата. Ако доаѓаш само за него не ти се исплати.
За осигурувањето ти кажаа да не се повторувам. Пребарај имаш пост од Банзаи каде дава негова ранг листа за осигурителните компании од лично професионално искуство а моја топла препорака е Винер кои се и членови на форумов па можеш и од нив да земеш понуда.