@n1kola бидејќи не планираш да го регистрираш возилото во наредните 3 месеци откако ќе ти истече регистрацијата во Април, чисто информативно да си знаеш дека согласно Законот за возила член 40 став 1 точка 5 должен си да го одајвиш возилото и да ги вратиш регистарските таблички доколку поминале повеќе од 30 дена од истекот на важноста на сообраќајната дозвола. Глобата, доколку ова не го сториш е 200 евра. После тоа при новата регистрација имаш давачки за нови таблици и нова сообраќајна.
Прошетај се до станица и распрашај се дали има некоја друга варијанта да не ги враќаш табличките а да ти остане возилото нерегистрирано за тие 3 месеци и да не те глобат.
Во МК зборот логика е избришан од речникот.
Ако плаќам\купувам таблици за возило , нели е логично таблиците да станат составен дел на возилото односно моја сопственост.
Колку што знам токму заради тоа прекина праксата на вадење таблици од страна на полицајците.
Пред повеќе години возилото помина технички, извадив полиса , не ставив печат од мвр во сообраќајна , му завршило работното време. По истек на датата од оправдани причини ( мора лично ) морав исправка на полиса на датумот да правам. Возилото де факто е осигурано или полисата нема правна тежина во очите на МВР.
МВР само ја верификува документацијата и става потпис и печат на сообраќајна како унифициран документ при контроли од нивна страна за да не мора да приложувам куп хартии од постапката на регистрација.