На Макпетрол веб-страната, во делот "Горива" кога ќе кликнеш на "Повеќе" има линк "Основни податоци за производот". За 100-ка отвора пдф фајл каде е наведено етанол 5% ама не кажува од која дата е техничкиот податок (пред 1 или 5 години), ама кај 95+ за дивно чудо не можеш да го отвориш пдф, а пак Лукоил воопшто нема такви податоци за сопствените бензини. За останатите бензиски да не праиме муабет. Има етанол 10% повеќе од сигурно во МК, ти шиба ефтин алкохол под изговор екологија. Во некои земји екологијата е уште понапред па ги горат со 20% етанол.