Сигурен 102.3%.
Пишана е законската процедура согласно Законот за возила. Да не се повторувам членот од законот е наведен во постот и може секој да си провери. Ќе го едитирам постот со цитат од членот кога ќе сум на компјутер.
Не случајно вториот дел од постот се однесува на тоа да отиде во станица и да види има ли "алтернативен" начин, пошто нели Македонија и се е можно. Тоа што ти си поминал така како што си поминал не значи дека е законски. Си се извадил. Тој што ти ја регистрирал колата и ти ја продолжил важноста на СД не постапил законски. Исто така укажува на тоа дека тоа е пракса таму кај што живееш. На некои места ќе поминеш а на некои неќе мочи. Некаде има луѓе што си ја познаваат работата.
Општо администрацијата во државата ни е катастрофа. Ако нешто е незаконски не значи дека не се практикува и обратно. Лично искуство со судија од западниот дел на Македонија (сведок: член на форумов): Судијата ми изрекува санкција забрана за управување со моторно возило и притоа ми кажува што да направам т.е не направам за да не ми ја впишат забраната. Незаконски ама се практикува.
Едит: Пречистен текст од Законот за возила Член 40
Задолжителност на одјава(1) Сопственикот на регистрираното возило е должен да го одјави своето возило кај органот што го регистрирал и со одјавата во рок од 30 дена од денот на одјавувањето, да ги врати регистарските таблици, ако:1) возилото е уништено, односно има статус на искористено возило, согласно со прописите за заштита на животната средина;
2) возилото е трајно изнесено надвор од територијата на Република Македонија;
3) возилото ќе се регистрира во странство заради преселување на сопственикот на возилото, односно од други причини;
4) возилото е украдено;
5) важењето на сообраќајната дозвола истекло пред повеќе од 30 дена, односно пред повеќе од една година за мопеди (велосипеди со мотор), мотоцикли, лесни трицикли, трицикли, лесни четирицикли, четирицикли, возила за домување, приколки за домување и олдтајмери и
6) во времето на важење на сообраќајната дозвола престанало да важи задолжителното осигурување.
(2) Во случаите од ставот (1) точка 4 на овој член, сопственикот на возилото е должен само да го одјави своето возило.
(3) Регистарските таблици со исти ознаки не може да му се издадат на сопственикот на возилото, доколку се изгубени, доколку возилото било украдено или доколку за него биле издадени регистарски таблици со избрана ознака.
(4) Министерството за внатрешни работи е должно да ги чува вратените регистарски таблици една година од денот на нивното враќање.
(5) Ако во временскиот период од ставот (4) на овој член со вратените регистарски таблици не е регистрирано истото возило, тие таблици се уништуваат.
(6) Ако во случајот од ставот (1) точка 5 на овој член, сопственикот не го одјави своето возило и не ги врати регистарските таблици, Министерството за внатрешни работи писмено го известува сопственикот на возилото, дека во рок од 15 дена од денот на приемот на известувањето е должен да ги исполни своите обврски од ставот (1) на овој член.(7) Ако сопственикот на возилото во рокот од ставот (6) на овој член не ги исполни своите обврски, Министерстово за внатрешни работи го брише возилото од евиденцијата на регистрираните возила и презема мерки за одземање на регистарските таблици на трошок на сопственикот на возилото.(
Глоба во износ од 200 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на сопственик на возило што постапува спротивно на одредбите од ставот (1) точки 1, 2, 3, 5 и 6 на овој член.(9) Глоба во износ од 400 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на сопственик на возило што постапува спротивно на одредбите од ставот (1) точка 4 на овој член.
(10) Глоба во износ од 1.500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на правно лице што постапува спротивно на одредбите од ставот (1) точки 1, 2, 3, 5 и 6 на овој член.
(11) Глоба во износ од 30% од одмерената глоба за правното лице ќе му се изрече на одговорното лице кај правното лице за сторен прекршок од ставот (10) на овој член.
(12) Глоба во износ од 1.500 во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на правното лице што постапува спротивно на одредбите од ставот (1) точка 4 на овој член.
(13) Глоба во износ од 30% од одмерената глоба за правното лице ќе му се изрече на одговорното лице кај правното лице за сторен прекршок од ставот (12) на овој член.