Автор Тема: Регистрација и технички преглед  (Прочитано 305230 пати)

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5553
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #1620 на: 14 Март 2024, 10:50:56 am »
@Бузуки Шо дека мерат кога се врви. Летоска кога ја регистрирав колата, пред мене имаше едно пежо партнер дизел со паднат трап назад.
Прво незнам моторот од држачи како не падна , не можеа да го запалат , па отворија хауба го верглаа в ребра од мотор директ, кога запали толку мн чад излезе шо 5 минути не се гледаше од едниот до другиот крај на техничкиот излеговме надвор за воздух. И него го мереа како и мене.
На крајот и тој печат си доби во сообраќајната како и јас. Во истиот момент на истот технички го вратија другар со чероки оти неполн милиметар му излегувала гумата над афтер маркет калниците, па мораше да вади гуми за да помини..
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Присутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5916
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #1621 на: 14 Март 2024, 11:14:20 am »
@vlatko.klp на кола од 98ма се 80% двете. Рачна 36%. Ако добро памтам Фило вози солидна кола од 2007ма.
Долна граница е 50% за работна кочница.

@Mikius Миќибој, дали си видел дека сондата ја допираат на дел од моторот, а не во шипката за масло? Исто така од Форд има дојава дека не смеат да ставаат сонди поради блискоста со радилицата и може да ја потфати сондата и да направи парче. Прогуглај ќе се увериш. Не е точно мерено.

@MarceCvarce да, не е ништо мерено како што треба, кај мене колата беше 10 секунди на издувни гасови, со малверзација на сондата за температура, односно допрена на почеток на издувна грана. Добро проверуваат само кочници и рачна и резултатите ме изненадија. Мада реновиран е техничкиот каде што бев и машините се нови.

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8955
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #1622 на: 14 Март 2024, 11:17:37 am »
Isto i kaj mene, nevikam deka ne e vo red neso so kolite ednostavno ne merat svesno kako shto treba

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #1623 на: 14 Март 2024, 11:53:38 am »
Нестор, ок,  ладна била колата и покрај тоа што беше возена од работа до дома, па јас ја зедов за до онде, па откако се вратив жената отиде на технички.
Но зошто Ламбда е изразена во проценти да ми одговориш.

Инаку ич не се секирам, од радозналост само :)


Присутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5916
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #1624 на: 14 Март 2024, 12:02:54 pm »
Оти неписмени се, како што потврдија многу членови погоре  ;D
Ламбдата треба да е со симбол ламбда (грчки), мада нема некоја посебна ознака. Таа си е во ред. Границите се 0.97-1.03.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6614
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #1625 на: 14 Март 2024, 12:24:08 pm »
Кочницата во реалноста си работи повеќе и од одлично, уште на сам допир ме лепи према напред кога кочам.
Старите дискови особено напред беа доста потрошени и плочките веке беа при крај.

Си има нови 4 дискови, нови плочки напред назад, сменет глицерин. Кочењето е доста подобро од претходно со старите дискови и плочки.

И абс от си функционира.
Во реално возење кочницата ми е перфектна, не ми треба машина за да приметам дали има проблем со кочењето бидејки сум возел коли со лоши кочници.

Рачната исто така уште на прв заб си фака, на втор веќе ја држи колата и тоа на благи надолнини. Повеке од 5 заба не можам да ја потегнам, на 4 ја тегнам и си стои колата.

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10960
  • 430i
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #1626 на: 14 Март 2024, 12:41:29 pm »
ама никој не вели дека не се перфектни кај тебе и дека не кочат како што треба
само не се поперфектни од кола од '98-ма ;D ;D ;D

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6478
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #1627 на: 14 Март 2024, 20:13:55 pm »
@vlatko.klp на кола од 98ма се 80% двете. Рачна 36%. Ако добро памтам Фило вози солидна кола од 2007ма.
Долна граница е 50% за работна кочница.

Се буниш малце. За какви % зборуваш?!

Вредности од 1,55 на лево и 1,47 на десно за рачна кочница се повеќе од одлични.Имам видено параметри на преку илјадници автомобили и вакви вредности не само за рачната кочница туку општо за кочиониот систем се одлични.

Присутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5916
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #1628 на: 14 Март 2024, 20:15:51 pm »
Ох, како да објаснам не знам.
Ефикасност во проценти е изразена.
Дополнување: Барем кај мене на резултатот постои тежина на осовина, пример на предна 730kg, е сега овие вредности ако ги собереме за предни тркала 306+273=579 што е 79.3% од целосната тежина на предната осовина. Така се пресметува ефикасност, имам и документ, баш на документот пишува "ефикасност на осовина 79%".

Кај мене предните се 3.06 со 2.73
Задните 2.0 со 1.71

Рачна 2.40 со 2.12

Не сум баш најзадоволен од рачната, да најдам дигалка ќе ја штелувам.
« Последно менување: 14 Март 2024, 20:21:47 pm nestor04 »

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6478
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #1629 на: 14 Март 2024, 20:34:52 pm »
Друже најдобронамерно не шири дезинформации дека треба да си профери фило кочниците и рачната кога вредностите се како на нов автомобил. Нема што да проверува.

Присутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5916
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #1630 на: 14 Март 2024, 20:36:25 pm »
Добро шефче. Јас и листови со податоци да ти дадам џабе ти се. Ако се задоволуваш со 60% не значи дека е во ред. Поздрав.

Во друга тема се спомнуваше чатџипити, па си реков да го искористам.

Цитат
Sixty percent efficiency for brakes would generally be considered poor. Brakes are crucial for vehicle safety, and modern braking systems typically aim for much higher efficiency, typically around 90% or higher. Sixty percent efficiency could indicate significant issues with the braking system, such as worn brake pads, brake fluid leaks, or mechanical problems, and it would likely require attention to ensure safe operation.

« Последно менување: 14 Март 2024, 20:48:12 pm nestor04 »

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6614
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #1631 на: 15 Март 2024, 00:29:35 am »
Додека ми беше бравото со менувачот и целата таа работа, пар денови ја возев фелицијата, не возена цела година.

Прво 5 пати надрукував на кочница за да добие притисок па тек потоа почнува да кочи.

Уживај, одлично кочи бравото мое, не ме мисли :)

Отсутен vikit

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 2
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #1632 на: 02 Јули 2024, 15:40:30 pm »
Здраво на сите,

имам едно прашање во врска со регистрација на возило во сопственост на фирма.
Досега на секоја регистрација бараа само полномошно за регистрација и печат од фирмата.
Единствено за менување на сообраќајна, заради тоа што старата немаше веќе место за печати, ми барале Тековна состојба од Централен регистар.

Овој пат иако сообраќајната дозвола е скоро нова и има место за печати ми бараат и Тековна состојба, проблемот е што фирмата ја избришале од Централен регистар и не може да се извади тековна состојба.

Техничкиот преглед и регистрацијата се во Скопје.
Не се работи за некое скапо возило, напротив мало возило, старо 15г со пазарна вредност од макс 2000еур (ако е регистрирано) или 500еур за делови. 

Дали некој се сретнал со ваков проблем и дали има некакво решение?

Поздрав,
Виле

Отсутен kire95

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1836
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #1633 на: 02 Јули 2024, 15:52:42 pm »
фирмата е активна и ја избришале од Централен регистар? (ако е така кој се ни ги води системите алал им вера)

пс. има повеќе луге со фирми тука па вајда ке ти дадат соодветен орговор

Отсутен vikit

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 2
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #1634 на: 02 Јули 2024, 15:55:40 pm »
Не, не, фирмата не е активна веќе од 2020 (корона) и затоа и ја избришале од Централен  :(