Здраво на сите,
имам едно прашање во врска со регистрација на возило во сопственост на фирма.
Досега на секоја регистрација бараа само полномошно за регистрација и печат од фирмата.
Единствено за менување на сообраќајна, заради тоа што старата немаше веќе место за печати, ми барале Тековна состојба од Централен регистар.
Овој пат иако сообраќајната дозвола е скоро нова и има место за печати ми бараат и Тековна состојба, проблемот е што фирмата ја избришале од Централен регистар и не може да се извади тековна состојба.
Техничкиот преглед и регистрацијата се во Скопје.
Не се работи за некое скапо возило, напротив мало возило, старо 15г со пазарна вредност од макс 2000еур (ако е регистрирано) или 500еур за делови.
Дали некој се сретнал со ваков проблем и дали има некакво решение?
Поздрав,
Виле