Автор Тема: Регистрација и технички преглед  (Прочитано 305186 пати)

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4995
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #1635 на: 02 Јули 2024, 16:10:43 pm »
Ne mi e jasno. Ako firmata ne postoi kako ocekuvas na istata taa da registriras vozilo?

Sent from my Pixel 7 Pro using Tapatalk


Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43711
  • Il Moderatore
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #1636 на: 02 Јули 2024, 16:14:21 pm »
Ако е бришана фирмата, треба содружниците да направат распределба на имотот движен и недвижен и колата да се префрли на име на газдата/некој од газдите. После тоа ќе може да се регистрира. Вака, само на среќа да одиш на некој технички и да „замижи“ џандарот. Исто како и кога ќе умре газда (приватно лице) што треба оставинска за колата.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен stavrov

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 514
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #1637 на: 02 Јули 2024, 20:49:59 pm »
Не, не, фирмата не е активна веќе од 2020 (корона) и затоа и ја избришале од Централен  :(
Здраво на сите,

имам едно прашање во врска со регистрација на возило во сопственост на фирма.
Досега на секоја регистрација бараа само полномошно за регистрација и печат од фирмата.
Единствено за менување на сообраќајна, заради тоа што старата немаше веќе место за печати, ми барале Тековна состојба од Централен регистар.

Овој пат иако сообраќајната дозвола е скоро нова и има место за печати ми бараат и Тековна состојба, проблемот е што фирмата ја избришале од Централен регистар и не може да се извади тековна состојба.

Техничкиот преглед и регистрацијата се во Скопје.
Не се работи за некое скапо возило, напротив мало возило, старо 15г со пазарна вредност од макс 2000еур (ако е регистрирано) или 500еур за делови. 

Дали некој се сретнал со ваков проблем и дали има некакво решение?

Поздрав,
Виле
Најверојатно тоа е причината што ти побарале тековна.

Sent from my SM-S918B using Tapatalk


Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6297
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #1638 на: 03 Јули 2024, 00:20:49 am »
Секогаш бараат тековна состојба за секое возило што е на фирма.. Барем последниве 2 години..

Отсутен volenos

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 337
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #1639 на: 26 Јули 2024, 13:56:22 pm »
Дечки, треба да обновам регистрација.
Дали во ПСС и здружение на возачите ќе ме фати иста цена?
Лани како да ми наплатија повисока цена во некоја ставка во ПСС па затоа прашувам?
Дали некој има инфо дали здружение на возачите или онаа кај Макоил имаат МВР шалтер кој што работи?

Отсутен dame

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3176
    • https://www.facebook.com/pages/Hemisko-I-Poliranje-Na-Vozila/373554479331896
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #1640 на: 26 Јули 2024, 17:45:18 pm »
Kolega mi se pofali za poniska cena vo Korab(taa kaj makoil ) a policaec ima bidejki   jas vadev megjunarodna bidejki pss bese haos

Присутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5916
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #1641 на: 06 Октомври 2024, 14:31:28 pm »
Колку плаќате регистрација + автоодговорност? Кај мене за 66кв е 15600 со зелен картон што сметам дека е премногу (+имам околу 1000 денари доплата за возач до 22 год), лани платив толку регистрација по втор пат, сум немал удеси. Луѓе со слична класа на кола (двете 55кв) плаќаат по 8-9к без зелен картон што е доста поевтино. Ваше искуство?

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17502
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #1642 на: 06 Октомври 2024, 14:51:38 pm »
1000-2000 денари минус доплатата за возач под 22 години не е еднакво на "доста поевтино".

Присутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5916
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #1643 на: 06 Октомври 2024, 15:08:47 pm »
15600-3690(зелен картон)=11910-1000 доплаток =10910 ден. И тоа ценава е со попуст (без 7% удел за агентот, бидејќи се откажува од заработката). 2000 денари на 8000 се +25% што не е така малку.

Отсутен Makedons

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 253
  • Macedonia
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #1644 на: 06 Октомври 2024, 15:15:52 pm »
На возило од 96 kW ми наплатија 17.620 денари. Во таа цена беше вклучен и A-тест кој ме чинеше 1550 денари. Фактички, без него би било 16.070 денари. Ова е моето искуство годинава во ПСС. Претходната година (и општо цел живот) бев во АМСМ и ме чинеше 18 и нешто ако добро памтам. Од друга страна сè уште имам членска во АМСМ, а не во ПСС.

Присутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5916
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #1645 на: 06 Октомври 2024, 15:16:10 pm »
Во ноември месец ја регистрирав астрата и ме кошташе ≈12600 ден. како возач почетник.
Без зелен картон е ова... Прва регистрација. + Подоцна извадив зелен картон +3690 = 16290. Ко Г класа да возам.

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6442
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #1646 на: 06 Октомври 2024, 16:20:12 pm »
Кој колку плаќа е небитно, зошто?
- Автомобилска одговорност, имаш од 4000-11000ден, башка од 0-50% попуст, башка за возраст додаток.
- Јавни патишта, во зависнот од кубикажата, од 1000-6000ден.
- Технички преглед во секој град различно, Скопје можи 3000, Битола 5000ден е.

Нормално дека некој ќе плаќа 20000ден а некој 8000ден.

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8955
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #1647 на: 17 Октомври 2024, 18:06:09 pm »
Decki prasanje edno za registracija na prikolka od Drug grad vo SK.
Lani i e prva registracija. Tehnicki vazi 4 godini. Bidejki imod drug grad ja nosam vo skopje dali mora pak da ja odnesam na tehnicki ili mozam samo so soobrakjakna dogovor i odjaveni tablici da ja registriram za da ne ja vlecam natamu navamu

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17502
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #1648 на: 17 Октомври 2024, 23:53:52 pm »
Со кола и менување таблици мора да се појави возилото на технички за да отчитаат број на шасија пред да издадат други таблици.

Моја претпоставка е дека и за приколка би било исто. Јави се во ПСС, АМСМ, или било кој технички, најчесто се многу услужливи и по телефон.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5291
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #1649 на: 01 Ноември 2024, 09:21:28 am »
Моја претпоставка е дека и за приколка би било исто.
Исто е, барем за товарна приколка е така, исто ако е приколката од увоз мора и во системот на царина да биде внесен бројот на шасијата. Мене недела дена ме стопираше дежурниот од МВР, додека шпедитерот на продавачот не внесе број на шасија. Они кога ги увезувале приколките сите топтан ги царинеле и не внеле одделен внес по приколка.

Интересно е што проверката (за број на шасија) изгледа не се замараат сите полицајци. Мојава беше последна од групата увезени, претходно ниден купувач немал проблем со проверка на број на шасија. Веројатно и добро е што провериле во мојот случај, пошто утре може ако ја продавам да има глупости.