Зарем стварно пробувате да го одбраните овој фалсификат?! Ова ти е ко` пустец аферата. У еден стан по 20 души живеат - нема проблем! Али ај ќе ја ублажиме аферава, па ќе кажеме дека у сите станови сме стаиле по 20 души...
ADAC се отпишани од мене како релевантен показател за било што. Па и за гуми тест.
Можеби навистина „голф“ испаднал најдобар, ама никад нема да дознаеме. Зошто да им верувам дека на сите им качиле подеднакво гласови, ако веќе лажеле за точниот број?
Никој не го брани фалсификатот. Бруката е пукната, and that goes without saying. Дека ADAC се обрукал, се обрукал. Дека го заслужуваат сиот backlash што го добиваат, го заслужуваат. Уште еден одличен пример за диносаурус што се обидува да остане релевантен на сосема погрешен начин (I'm looking at you, RIAA, MPAA).
Она што мене лично не ми се допаѓа е сензационалистичкиот пристап кон целата работа, и целосно вртење во погрешна насока. Мене ми е совршено јасно дека гневот кон Volkswagen е голем и дека луѓето си бараат причина да хејтаат. Ок, слободно. Наградата за омилена кола на купувачите според ADAC е само една од многуте награди што си освои Golf.
Целата фарса уствари се случила заради патетичен обид на една почитувана институција да се преправа дека е релевантна наместо да се обиде да се модернизира и да биде во чекор со работите.
Како што напоменав, многу поголем скандал е саботирањето на Dacia. Ама тоа никој не го спомнува пошто Dacia не е интересна мета за напаѓање.