Замисли, нели? Како троловите тука кои не ни биле да го видат и пробаат. Верувам дека нема да се случи тоа. Верувам дека нема да бидам објективен каков што е Крел и Врачот.
1. Прилично детално појаснив зашто мислам дека Адам нема што да бара покрај Мини, Фиат 500, Ауди А1.....
Истото ти го доловија и други, не само јас.
2. Имам желба да пробам возила што сметам дека нудат вредност за цената по која се продава. Кај Адам -ов да беше 10000 еур можеби и би го пробал (па би одел на варијанта, ок ружен е , ама па е евтин и ќе го третирам ко Рикша, и сепак можда подобар од Спарк ). За 15000 еур едноставно воопшто не сакам да трошам време на него. Во исто време го нема шмекот па да го купам ради шмекот и да исклучам рационалност. Исто читам дека позади на пример има уште помалку место од Фиат 500 на пример, па не може да речам ај ружен е, нема шмек, ама бар е попрактичен.
Освен кичерај кастомизацијата која е предноста на Адам во однос на конкурентите?
Во што е подобар од Мини?
Во што е подобар од Фиат 500?
Во што е подобар од Ауди А1?
Во што е подобар од Цитроен ДС3?
И како искусен Опелџија те прашав кој е сонот и шмекот на Опел? Кажи ми еден збор што го опишува Опел..
Еве јас ќе ти кажам за некои марки, како јас ги доживувам:
Alfa Romeo - Ентузијазам и Софистицираност
Фиат - Италијански Менталитет (треба да си бил во Италија барем 20 дена континуирано за да разбереш што мислам со ова)
Мазда - Квалитет, Иновативност , Јапонска Прецизност
Хонда - Квалитет, Практичност
Цитроен - Авангарда
Молим те уште еднаш.. Што е Опел у ствари? Кој збор го опишува Опел најдобро? Можеби јас не можам да ја сватам неговата вредност, па еве помогни ми во тоа да разберам.
И немам ништо против Опел, само што јас не наоѓам никаква вредност за мене, за цената по која што се нуди.
Ако тебе те бендиса, и те прави среќен да го поседуваш, и ако мислиш дека вреди 15000 еур, јас би бил уште посреќен ако си го купиш и уживаш во него. Бидејќи ако си ти среќен индиректно ќе ја пренесеш среќата и во комуникацијата со нас, па сите ние ќе видиме бенефит од твојата среќа
Освен од убавите спомени што си ги имал со Опелот на Дедо ти, јас не видов до сега некаков аргумент зашто баш Опел..
Испаѓа дека за да ти бендиса Адам -ов уште повеќе, можеби треба да отидеш на тестирање во Опел от на Дедо ти, па да направиш споредба со него..
Поздрав
Дарко