Автор Тема: CARclub Тест: Opel Adam 1.4 Jam  (Прочитано 66032 пати)

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: CARclub Тест: Opel Adam 1.4 Jam
« Одговори #195 на: 11 Јануари 2014, 22:01:36 pm »
Ако не одиш со неутрален став да го тестираш (а не одиш), тогаш оцената ќе ти биде таква каква што сакаш да ти биде и пред тестирањето.

Замисли, нели? Како троловите тука кои не ни биле да го видат и пробаат. Верувам дека нема да се случи тоа. Верувам дека нема да бидам објективен каков што е Крел :) и Врачот.

Jas trgnav so toa deka e katastrofa, a ne bese. I me izraduva :)

Good point. Ќе видиме како ќе испадне.

Отсутен DayWalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3063
  • Ќебапбрингер!
Одг: CARclub Тест: Opel Adam 1.4 Jam
« Одговори #196 на: 11 Јануари 2014, 22:34:40 pm »
Последен пат така коаг тргнавме да возиме Опел, си мислев што ли сега лајно ке возиме...се работеше за електрично лајно (до тој момент на електричните возила глеав како лајна. се мислев се некој бездушни коли како приус). Седнавме зад воланот на Опел Ампера и по само 23 ипол секунди стана најдобрата кола ever. И дефинитивно е најдоброто ауто во кое сум седнал!! (добро де, после ауди а7 :P :P :P)

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20665
Одг: Re: CARclub Тест: Opel Adam 1.4 Jam
« Одговори #197 на: 12 Јануари 2014, 01:10:14 am »
Те заслепил "плејстејшн" моментот. Не е толку фасцинантна. Барем по мене.
Интересно изгледа од напред, а од страна и одзади уопште не ми праи мерак.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Kimi R

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3009
  • "Just leave me alone, I know what I'm doing"
Одг: CARclub Тест: Opel Adam 1.4 Jam
« Одговори #198 на: 12 Јануари 2014, 01:15:50 am »
Поентата на автомобилскиот ентузијазам е што поширок и поотворен поглед кон сите брендови, модели, марки, како сакате нарачете ги. Не ми е јасна таа приврзаност и субјективност кон еден бренд и негово бранење како татко ви да го основал. Ова не се однесува само на опелџиите.

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16719
  • Keep it 100
Одг: CARclub Тест: Opel Adam 1.4 Jam
« Одговори #199 на: 12 Јануари 2014, 02:16:18 am »
Убаво кажано Кими Р! Тотално се согласувам со тебе.

Отсутен Ford Fikus

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 421
  • Ford Focus 1.4 mk2.5
Одг: CARclub Тест: Opel Adam 1.4 Jam
« Одговори #200 на: 12 Јануари 2014, 10:15:28 am »
Поентата на автомобилскиот ентузијазам е што поширок и поотворен поглед кон сите брендови, модели, марки, како сакате нарачете ги. Не ми е јасна таа приврзаност и субјективност кон еден бренд и негово бранење како татко ви да го основал. Ова не се однесува само на опелџиите.

Тоа е Македонски синдром. Ако сум купил одредена марка, сеа сите ќе ги убедувам дека таа марка е најдобра а со тоа сакам да докажам дека јас сум направил најдобар и најрационален избор и ќе плукам по другите.
А најчесто кај нас, кола се купава на метар и нај нај основната верзија :)

Отсутен Vasil

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3759
Одг: CARclub Тест: Opel Adam 1.4 Jam
« Одговори #201 на: 12 Јануари 2014, 11:01:52 am »
Тоа е човечки синдром. Нема потреба секоја човечка особина која ја сметате за негативна да ја припишувате на својот народ.

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: CARclub Тест: Opel Adam 1.4 Jam
« Одговори #202 на: 12 Јануари 2014, 11:25:58 am »
Цитат

Замисли, нели? Како троловите тука кои не ни биле да го видат и пробаат. Верувам дека нема да се случи тоа. Верувам дека нема да бидам објективен каков што е Крел :) и Врачот.




1. Прилично детално појаснив зашто мислам дека Адам нема што да бара покрај Мини, Фиат 500, Ауди А1.....

Истото ти го доловија и други, не само јас.

2. Имам желба да пробам возила што сметам дека нудат вредност за цената по која се продава. Кај Адам -ов да беше 10000 еур можеби и би го пробал (па би одел на варијанта, ок ружен е , ама па е евтин и ќе го третирам ко Рикша, и сепак можда подобар од Спарк ). За 15000 еур едноставно воопшто не сакам да трошам време на него.  Во исто време го нема шмекот па да го купам ради шмекот и да исклучам рационалност. Исто читам дека позади на пример има уште помалку место од Фиат 500 на пример, па не може да речам ај ружен е, нема шмек, ама бар е попрактичен.

Освен кичерај кастомизацијата која е предноста на Адам во однос на конкурентите?

Во што е подобар од Мини?

Во што е подобар од Фиат 500?

Во што е подобар од Ауди А1?

Во што е подобар од Цитроен ДС3?


И како искусен Опелџија те прашав кој е сонот и шмекот на Опел? Кажи ми еден збор што го опишува Опел..

Еве јас ќе ти кажам за некои марки, како јас ги доживувам:


Alfa Romeo - Ентузијазам и Софистицираност

Фиат - Италијански Менталитет (треба да си бил во Италија барем 20 дена континуирано за да разбереш што мислам со ова)

Мазда - Квалитет, Иновативност , Јапонска Прецизност

Хонда - Квалитет, Практичност

Цитроен - Авангарда




Молим те уште еднаш.. Што е Опел у ствари? Кој збор го опишува Опел најдобро? Можеби јас не можам да ја сватам неговата вредност, па еве помогни ми во тоа да разберам.



И немам ништо против Опел, само што јас не наоѓам никаква вредност за мене, за цената по која што се нуди.

Ако тебе те бендиса, и те прави среќен да го поседуваш, и ако мислиш дека вреди 15000 еур, јас би бил уште посреќен ако си го купиш и уживаш во него. Бидејќи ако си ти среќен индиректно ќе ја пренесеш среќата и во комуникацијата со нас, па сите ние ќе видиме бенефит од твојата среќа :)

Освен од убавите спомени што си ги имал со Опелот на Дедо ти, јас не видов до сега некаков аргумент зашто баш Опел..

Испаѓа дека за да ти бендиса Адам -ов уште повеќе, можеби треба да отидеш на тестирање во Опел от на Дедо ти, па да направиш споредба со него..


Поздрав


Дарко




Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20665
Одг: CARclub Тест: Opel Adam 1.4 Jam
« Одговори #203 на: 12 Јануари 2014, 12:02:43 pm »
Или да си затуцан Опелџија, и по секоја цена да го браниш тоа што го носи нивното лого, поради тоа што пред 40ина години правеле поинтересни коли од конкурентите.

Кажав и у друга тема за Опел, еве и тука... Разбирам да почитуваш и сакаш бренд, ама ова е жалосно.

И како искусен Опелџија те прашав кој е сонот и шмекот на Опел? Кажи ми еден збор што го опишува Опел..

Да бидам искрен, и мене ме интересира одговорот на ова. Сум возел пар Опели и ниеден од нив не ме натерал да жарам и палам по нив. Дури за жал, кај сите од нив го имаше моментот на „за малку“, односно многу малку фалело да се направи фантастична кола што ќе ги редефинира критериумите во класата во која припаѓа, ама у 90ти минут некој рекол „ај бе заеби, доста е“.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: CARclub Тест: Opel Adam 1.4 Jam
« Одговори #204 на: 12 Јануари 2014, 12:43:33 pm »
Токму така, не ја разбирам опседнатоста со еден бренд и да го бранам по секоја цена. Јас лично прво одредувам ценовен лимит, па сегмент и ги разгледувам сите брендови во тој ценовен ранг и сегмент. Оној кој што нуди најмногу и ги задоволува моите потреби го избирам. Сега возам Форд, но незначи дека мојата следна кола ќе биде само и само Форд.
Ваљда е до рационалноста кај некои луѓе или до инаетот :):):)

Како реплика на твојов пост, би сакал да цитирам еден мој многу драг пријател кој, коинцидентно, го запознав баш преку овој форум:

Цитат: facebook note
What I've noticed is that when I drive something else for a couple of days, I end up missing my car. I walk by it every time I leave our house and I lust after it. After driving something else for a while, getting back in my own car is a bit like putting on a pair of comfortable old shoes - they just fit, and they're far more comfortable than anything else.

Доколку на истиот му смета цитираниов дел, нека пријави да биде избришан. Се надевам ќе ме разбереш. За многу од фанатиците (во кои се пронаоѓам и јас) на една марка, ова правило важи баш за таа марка.
Сум возел и едно, и друго, и трето, и повторно сум се навраќал на „мојата“ марка. :)

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1727
Одг:
« Одговори #205 на: 12 Јануари 2014, 14:17:40 pm »
Until then

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: CARclub Тест: Opel Adam 1.4 Jam
« Одговори #206 на: 12 Јануари 2014, 14:57:46 pm »
Иначе да, Адам е срање и незнам кој би го купил, може и клуч на темава :)

Ќе се најде купец за секој продукт. Ќе си најдат оправдание верните купувачи на опел, да се убедат дека е добро ауто. Ако ништо друго, единствено Адам им нуди покрив од систинска капела. Многу срање работи се произведени и сме ги виделе на пазаров (Новата Lancia Y на пример).
Инаку, клуч може, ама не затоа што е адамот срање (колку е или не е, ќе си покаже продажбата), туку затоа што го отупеа веќе. Некој (повеќето) кажа „не ми се свиѓа“, ко` мајка да им опцуја тука на некои љубители на Опел. И тргна кој какво ауто вози, зошто овој сака италијански, зошто оној сака јапонски, фичото (кое растура со продажба бтв) било ѓубре, минито немало врска... преку напреку веќе!

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1727
Одг: Re: Одг: CARclub Тест: Opel Adam 1.4 Jam
« Одговори #207 на: 12 Јануари 2014, 15:31:34 pm »
Sala na strana,posto ja sum amater, so bi preporacal da poglednam do 30 000. Celam nakaj hibrid. Za asvalt obavezno so amortizeri.
За хибрид провери Инсајтот е многу добра цена, а и Приусот ти испаѓа 29.000 што исто така е под 30.000. И тоа со полна опрема. CRZ е околу 25.000евра што е многу шмекерско количе за двајца.

:) pa i ja taka neso racunav

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Re: CARclub Тест: Opel Adam 1.4 Jam
« Одговори #208 на: 12 Јануари 2014, 15:40:11 pm »
Во недостаток на нешто попаметно, се напаѓа тоа што некој вози или не вози?

Не знам каде ти е јазикот кога секој пат на форумов ќе се спомне мојот Спарк.
Штета...

Цитат

Замисли, нели? Како троловите тука кои не ни биле да го видат и пробаат. Верувам дека нема да се случи тоа. Верувам дека нема да бидам објективен каков што е Крел :) и Врачот.




1. Прилично детално појаснив зашто мислам дека Адам нема што да бара покрај Мини, Фиат 500, Ауди А1.....

Истото ти го доловија и други, не само јас.

2. Имам желба да пробам возила што сметам дека нудат вредност за цената по која се продава. Кај Адам -ов да беше 10000 еур можеби и би го пробал (па би одел на варијанта, ок ружен е , ама па е евтин и ќе го третирам ко Рикша, и сепак можда подобар од Спарк ). За 15000 еур едноставно воопшто не сакам да трошам време на него.  Во исто време го нема шмекот па да го купам ради шмекот и да исклучам рационалност. Исто читам дека позади на пример има уште помалку место од Фиат 500 на пример, па не може да речам ај ружен е, нема шмек, ама бар е попрактичен.

Освен кичерај кастомизацијата која е предноста на Адам во однос на конкурентите?

Во што е подобар од Мини?

Во што е подобар од Фиат 500?

Во што е подобар од Ауди А1?

Во што е подобар од Цитроен ДС3?


И како искусен Опелџија те прашав кој е сонот и шмекот на Опел? Кажи ми еден збор што го опишува Опел..

Еве јас ќе ти кажам за некои марки, како јас ги доживувам:


Alfa Romeo - Ентузијазам и Софистицираност

Фиат - Италијански Менталитет (треба да си бил во Италија барем 20 дена континуирано за да разбереш што мислам со ова)

Мазда - Квалитет, Иновативност , Јапонска Прецизност

Хонда - Квалитет, Практичност

Цитроен - Авангарда




Молим те уште еднаш.. Што е Опел у ствари? Кој збор го опишува Опел најдобро? Можеби јас не можам да ја сватам неговата вредност, па еве помогни ми во тоа да разберам.



И немам ништо против Опел, само што јас не наоѓам никаква вредност за мене, за цената по која што се нуди.

Ако тебе те бендиса, и те прави среќен да го поседуваш, и ако мислиш дека вреди 15000 еур, јас би бил уште посреќен ако си го купиш и уживаш во него. Бидејќи ако си ти среќен индиректно ќе ја пренесеш среќата и во комуникацијата со нас, па сите ние ќе видиме бенефит од твојата среќа :)

Освен од убавите спомени што си ги имал со Опелот на Дедо ти, јас не видов до сега некаков аргумент зашто баш Опел..

Испаѓа дека за да ти бендиса Адам -ов уште повеќе, можеби треба да отидеш на тестирање во Опел от на Дедо ти, па да направиш споредба со него..


Поздрав


Дарко

Бидејќи не знаеш ништо за мене и мојата историја а не ти е срам да зборуваш глупости, само ќе ти дадам некој ден време малку да се оладиш па ќе ти одговорам само на твојов пост. И тоа веројатно ќе биде мојот последен пост на форумов.

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: CARclub Тест: Opel Adam 1.4 Jam
« Одговори #209 на: 12 Јануари 2014, 15:51:31 pm »
Цитат
Бидејќи не знаеш ништо за мене и мојата историја а не ти е срам да зборуваш глупости, само ќе ти дадам некој ден време малку да се оладиш па ќе ти одговорам само на твојов пост. И тоа веројатно ќе биде мојот последен пост на форумов.


Тоа е разликата меѓу менеи тебе.. Јас воопшто не сум запален, па да ми треба ладење.

Ако имаш да споделиш некој аргумент со дискусијава сподели го одма, и не чекај неколку дена.

Ако си одиш од форумов дека на некого не му се бендисал Опел, а при тоа имаш шанса да ни посочиш што у ствари пропуштаме е твое право.

Ама во тој случај сигурно некаде постои форум само за Опел, па ете би нема ризик дека некој нема да го сака Опел.

Ова му доаѓа ко да ми смета и да кажам дека ќе си одам од форумов, ради што сите тука не сакаат СУВ практични возила и има некои што мислат дека нема поента за нив.

Исто ако некого веќе навредуваш дека збори глупости (а при тоа се потрудил да наведе аргументи, и да ти даде можност да не просветлиш), бар дај ги потребните аргументи да разбереме веќе еднаш засекогаш што е Опел така посебен.


поздрав


Дарко

п.с. Не ти се лутам што ме навреди дека зборам глупости. Веројатно премногу емотивно го доживуваш Опел, и баш ради тоа нема да ти се налутам воопшто, пошто кога има премногу Емоција се губи дел од Разумот.
п.п.с. Не гледам како е воопшто твојата историја поврзана со тоа што не ни се допаѓа Опел Адам