Автор Тема: CARclub Тест: Opel Adam 1.4 Jam  (Прочитано 66070 пати)

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16719
  • Keep it 100
Одг: CARclub Тест: Opel Adam 1.4 Jam
« Одговори #180 на: 11 Јануари 2014, 16:27:38 pm »
Фиат 500 буквално на ништо не личи. Фиат е значајна фигура кога станува збор за супер мали автомобили, ама 500-кава е очајно грдо возило.

Мајсторе па ти си имал тотално промашен вкус!

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: CARclub Тест: Opel Adam 1.4 Jam
« Одговори #181 на: 11 Јануари 2014, 16:28:23 pm »
Фиат 500 е едно од најкултните возила во историјата на колите. Колку што се сеќавам, оргиналниот Fiat 500 беше избран за нај-кул возило во историјата. Michael Schumacher има Fiat 500 во својата приватна колекција.

Mini на времето беше едно од најнапредните возила. Победи на Монте Карло рели и има учествувано на уште милион други спортски натпревари. Да не праиме муабет за Italian Job, а ни за фактот дека во моментов Mini води на Дакар.

Би сакал да поседувам било кое од овие две возила, чисто за да се чувствувам дека возам барем мал, минијатурен дел од историјата на овие возила. Тоа го прави педигрето.

Тука се слагаме..И јас би сакал да возам било кое од двете возила. Исто и самиот нивен концепт и како се направени е во склоп со имиџот и педигрето што го имаат.. Имаат црвста насока и цврст карактер, што успеале да го имплементираат. Јас би бил горд и на Фиат 500 и на Мини. Дури кога се купуваше Цитроенчево, почнав да го мислам и Фиат 500 како опција (и тоа емотивно, не рационално). На крај сепак купив рационално, иако емоцијата ми е на страна Фиат 500 и сега

Фиат 500 ви дава дел од Италија, дел од нивниот шарм и култура. Кога седнав во Фиат 500 , ме подсети на нивниот џагор низ Соренто, на начинот како живеат во Наполи и Бари, на нашминканите залижани дотерани италијани во Порто Фино и општо цела Италија , на најдоброто еспресо што сум го пиел во Фиренца, на тоа дека правеа пауза за ручек и затвораа ресторан во 13:00 , и го отвораа пак во 17:00...
На моментот кога најдовме во Соренто IPHONE на улица, и кога се јавивме да го вратиме, не ни веруваа дека сме озбилни дека сакаме да го вратиме, и ме праша италијанот едно 10 пати зашто му се јавувам да му го вратам, и дали сум стварно озбилен? :) На моментот на 200 веспи наредени една до друга во нивните тесни улици....

Mini то исто.. Дава дел од шармот и ентузијазмот на оригиналниот Мини баш одлично опишан во italian job

Тоа е педигрето за кое збориме цело време

Дарко

Отсутен edonos

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3557
Одг: CARclub Тест: Opel Adam 1.4 Jam
« Одговори #182 на: 11 Јануари 2014, 16:32:28 pm »
Па види сеа,едно 500-че Абарт е далеку поубаво од Адам опц..Just sayin.
People should not fear their government.The goverment should fear its people.

Отсутен Ford Fikus

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 421
  • Ford Focus 1.4 mk2.5
Одг: CARclub Тест: Opel Adam 1.4 Jam
« Одговори #183 на: 11 Јануари 2014, 16:34:43 pm »
Зошто подржувачите на Опел не се повикаат на култната Аскона која на нашите краишта е препознатлива по својата црвена боја и црна хауба :):):):):):):)
Ете, и Опел има предигре и то дебело педигре, во полициските извештаи низ државава ни убава :)

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: CARclub Тест: Opel Adam 1.4 Jam
« Одговори #184 на: 11 Јануари 2014, 16:39:33 pm »


наспроти







наспроти



Ми изгледаат баш слични, сосемразлично од хејтерските муабети.

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: CARclub Тест: Opel Adam 1.4 Jam
« Одговори #185 на: 11 Јануари 2014, 16:41:23 pm »
Нема заговор против опел, не се лажете.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16719
  • Keep it 100
Одг: CARclub Тест: Opel Adam 1.4 Jam
« Одговори #186 на: 11 Јануари 2014, 16:47:52 pm »
Ова ми е како да прашуваш дали е поубав нашминкан жабец од плишано мече. Сосема е нормално ентериерот на 500 да изгледа малку застарено кога е дизајн од 2007 инспириран од автомобил од 57ма.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: CARclub Тест: Opel Adam 1.4 Jam
« Одговори #187 на: 11 Јануари 2014, 16:48:50 pm »
Ама изгледа застарено во споредбата нели? Зошто тогаш се споредува?

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6849
  • French diamond
Одг: CARclub Тест: Opel Adam 1.4 Jam
« Одговори #188 на: 11 Јануари 2014, 16:51:38 pm »
Странично Адам е поубав од Пеце (500).

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: CARclub Тест: Opel Adam 1.4 Jam
« Одговори #189 на: 11 Јануари 2014, 16:52:08 pm »
Ама изгледа застарено во споредбата нели? Зошто тогаш се споредува?


Мене не ми изгледа застарено.. Едниот е успешно имплементирај дизајн без кичерај.

Другото е во недостаток на софистицираност, има предизајнираност и кичерај во облик на звездано небо и фејк небо. Ако нешто не можам да поднесам е предизајнирано нешто, без душа и софистицираност

Ама пошто не има и вакви и такви, затоа и постојат разни типови на возила.. Кој сака предизајнирано и звездано небо, и кој има вишак пари ете му Опел Адам и Некое сладуњаво кафе од СтарБакс или Мекдоналдс со мирис на Ванила и изглед на Јагода...

За нас останатите Фиат500 и добро Еспресо, без шеќер, без млеко, без вкус на ванила, и мирис на јагода..

Дарко

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: CARclub Тест: Opel Adam 1.4 Jam
« Одговори #190 на: 11 Јануари 2014, 17:01:45 pm »
Па нов е и млад, како сакаш да има стара слава.

Па нема ни DS3, ниту Audi A1, но сепак, појебачишта се.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.


Отсутен DayWalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3063
  • Ќебапбрингер!
Одг: CARclub Тест: Opel Adam 1.4 Jam
« Одговори #192 на: 11 Јануари 2014, 18:58:41 pm »
Пред доооста време го имам возено фиатчето 500. Одлично ауто, у секој поглед, ама мене не ми праело мерак - никогаш. Има историја, ма што сака нека има, мене не ми се свиѓа! Седењето у 500 е ептен заебгано, кога седнуваш се чусствуваш како 60 годишна жена што ќе оди на пазар. Ама апосолутно немам мерак на такво ауто. Надворешно ми е далеку од убаво..Возев 1.4 бензинче со 100кс - моторот, тотална спротивност од моето гледање на колата. Перфектно мало моторче, ама ептен секси моторче. Кога го возиш фичкулето, забораваш на сите оние моменти кои ги пишав погоре и уживаш. Прилично стабилно!!! ама ја не би го купил (освен абарт верзија, која ми е најсекси ауто на свет)

Од другиве, возено DS3 1.6 Vti - Тотално различно од фичкулето. Влегуваш го гледаш засечениот секси спортски волан и ти се полни срцето. Надвор ледови, медови ова она изгледа прилично добро! Можностите за кастомизација беа огромнаа предност (за девојче) ама зборам пред 3 години. Со точкици, карирани, вакви такви..глупости! ама беше у граница на нормала! дс3-чето е страшно доообро ауто, стабилно ептен, брзичко, стегнато до немај каде. Перфекција. Внатре стварно пружа едно подруго, премиум чувство. Тотално различно од МИНИ, и од Фиат (овие се по класично, по ретро) а ова, иде у друга насока, модерна насока! Се е тоа у граници на нормала. Ама е перфектно аутце за возење.

Дс3-чето ми беше омилено ауто се додека не влегов у Мини :) (минито на банза, само пред да биде негово и пред да има некакви модификации). МИНИ, како кола исто не сум ја сакал никогаш. Ептен ми била мистер бин и со тоа огромниот зиден часовник у средина ми било одвратно. Се додека не седнеш и ја доживееш како што треба, со своите корени и сватиш што уствари дизајнериве сакале да кажат.  Ипак се работеше нели за купер С у тоа време со импресивни 175 кс. Го возев доста, ама и ме возеа. После дружењето, миниво ми стана репер у класата. Стабилност? Оу ДА. Како лесно ги совладуваше кривините на водно при прилично високи брзини, без притоа да се мачи, туку едноставно бараше повеќе и повеќе. Прекрасно ауто. ВРВ, значи никогаш не би се осмелил да го ставам во иста реченица со опел Адам (oups, i just did that)

После тоа возев A1. Во неколку наврати имам зборено колку е а1 добро мало возило. Толку добро што утре ако имам ќерка, она ќе вози а1! Мало возило, со преубав дизајн, ништо екстравагантно. И да, НАЈУБАВА внатрешност! Нема небо, нема звезди, планети и слично, нема ништо посебно коа ќе видиш и пак е врв! less is more нели! Квалитет? Мислам дека нема потреба да правиме муабет.  моторчето беше 1.2 тси со 86 кс. И такви добри перформанси од 1.2. Токму тоа се бара за такво возило! Значи отвараш врата и влегуваш у АУДИ! Чуството е исто ко да си влегол у незнам а6ка, ама помало. И убаво ти е! се чувствуаш прекрасно. Знам беше опремено со тач екран, старт стоп систем и слични глупости. ПРЕКРАСНО!! У гепек собира лаптоп, 2литра кока кола и пар патики (не поголеми од 41) АМА АКО. Колку добро се понаша колата на пат, на кривини, низ град! секаде. Совршено. Стварно совршено! Моторчето фантазија!

За жал не се возев нити го возев АДАМОВ. Да не го какам многу пред да го пробам, ама нема шанси со конкуренцијата. Нема шанса со фиат 500 за кој немам нешто најмногу позитивни зборови. По тестот на класниот сфаќам уствари каква кола и стварно несакам ни да го провозам...ама немам желба.

ЗНАЧИ, СРАМОТА Е :




Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: CARclub Тест: Opel Adam 1.4 Jam
« Одговори #193 на: 11 Јануари 2014, 20:54:43 pm »
Ако не одиш со неутрален став да го тестираш (а не одиш), тогаш оцената ќе ти биде таква каква што сакаш да ти биде и пред тестирањето.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: CARclub Тест: Opel Adam 1.4 Jam
« Одговори #194 на: 11 Јануари 2014, 21:03:25 pm »
Jas trgnav so toa deka e katastrofa, a ne bese. I me izraduva :)