Ма јасно бе Симо, ама замисли цела зима си возел на улици полни со сол и одиш у wash fabric да ти ја исперат од долу, а методот не е ефикасен т.е. за да се острани солта потребна е чиста и топла вода без детергенти, а потребно е и поголемо време на изложеност на подвозјето на истите услови. Ако колата само помине низ прскалки, поготово шампонирани - ама баш никаков ефект нема да добиеш. Идеално се пере со топла деминерализирана вода во минимум два наврати (мокрење, киснење и добро плакнење). Сакам да кажам дека МОЖДА во твојава констатација „подобро од ништо“ е да се отиде во некоја перална каде рачно со wap-че ќе ти поминат од долу. Ја на пример у зима идам исто у wash fabric, земам програм со долно перење, не сум сигурен дека е испрана, АМА пошто (често) секоја недела ја перам - се надевам дека ќе испере колку толку т.е. тука важи она твоето „подобро од ништо“

Другите перални обично у тој период се преполни со работа, па ме мрзи да чекам, а и у фабричково перење, како го викаат има гужва до главната улица

Него, знае ли некој Мили дали пере коли од долу ?

Оли Сан

И да, Оли Сан е класа за Мили нема збор, ама му се губи некако приматот у задње време.