Бидејќи и јас се бафтам со ова...
Here are my 2 cents
1) Аналогна

филмска фотографија според мене, како фотограф, повеќе те вклучува во процесот на креирање на фотографијата. За разлика од дигиталците, таму секоја сцена треба да биде совршена, бидејќи си ограничен. Со дигиталецот, чкрапни еднаш, не бива, чкрапни уште еднаш, не бива, чкрапни уште еднаш и си 80% задоволен. Кај аналогните не ја бараш грешката само во субјектот туку и во себе. Од тоа следи и самата дефиниција на уметничка фотографија. Има некои работи (гранулација, шум...) што ги дава филмот и има одреден шмек. Да, можиш да го реплицираш на дигиталецот истото, ама знаеш дека е фејк

2) Дигитална фотографија. Се согласувам со Дени. Во ова модерна доба, каде треба професионално да се занимваш со оваа дејност, ите како ти е потребна квалитетна, брза фотографија, со што помалку noise (според мене некогаш се претерува со ова особено кај stock фотографиите),chromatic abbreviation, дали имало VR немало автофокус дрн дупки.
Мојата совршена комбинација од овие две работи е стара руска леќа и дигиталец. Helios, Jupiter со навојче за на Nikon d7000 по можност. Го сакам моментот кај што треба да се помачам да ја наместам блендата, фокусот а не машината тоа да го прави. Тука е уметноста тука е убавината. За професионална работа се знае дека немаш време да се бавташ со тоа и ќе си земеш некоја убава модерна леќа и ќе штрапаш.
Во основа тоа е тоа. Тоа е убавината. Фотографијата секој си ја доживува на свој начин.
Има луѓе што сликаат RAW, имаш JPEG, имаш филм, имаш полариод (инстаграмџии

) и тоа е тоа.
Нема "the right way". Фотографијата е уменост. Таму немаш правила.