Како и за се’ друго, така и за оваа работа...
Прво, дефинирај си за што ќе ти биде. Дали рекреативно, рекреативно „со надградба“, или ќе сакаш нешто повеќе. Ако е за рекреативно, земи обично идиотче ќе ти врши работа. Ако е за второто, земи кросовер. Ако е за третото, инвестирај во DSLR.
Второ, откако ќе си ја направиш првичната дефиниција за своите потреби, направи си буџет, колку би планирал да потрошиш. Е сега, за идиотче, еднократно ќе истрошиш пари (купување апарат, футроличка, евентуално ричарџабл батерии). За кросовер, ќе потрошиш нешто повеќе пари за истите ствари, и можда би сакал да земеш и статив. Е сега е интересното... Ако се решиш за DSLR, спреми се да одвоиш значителна сума при купување, ем башка, имај си на ум дека со тек на време, DSLR може да ти повлече пари (ако навлезеш подлабоко во фото-индустријата). Односно, ќе сакаш друг објектив, па блиц, па филтри, па поголема торбица, па некој аксесоар, па друг аксесоар итн итн...