@Igor, ти инстаграм фан си а?

Работата со аналогната фотографија е ко ќејфот за возење точак. Не си најбрз во сообраќајот, не ти е најкомотно возењето, се потиш, арчиш екстра енергија. Побрз ќе бидеш со кола или со мотор, ама кога ќе си дојдеш дома, исполнет се осеќаш

Не значи дека нема и дигиталецот да ти приушти убаини, фала богу, може да се ужива исто толку, само различни се начините на уживање.
И покрај тоа што носталгично ќе си ги сакаме тие фотоапарати и фотографии, баш поради нив и сме ја засакале фотографијата како хоби, ама се поретко и поретко ќе уживаме користејќи ги.
Инаку се согласувам со Банза, дигиталната фотографија нѝ овозможува пефектни резултати. Треба да ги искористиме тие предности максимално.