Имаше еден добар цитат на некој професионален фотограф кој беше нешто како „Да се вратам на анлогна фотографија е возбудливо исто како да почнам да користам полско WC"
Ова во принцип доловува колку на професиналните фотографи им е олеснет животот во однос на тоа каков бил пред 20 години.
Светот на аналогната фотографија им останува на оние „артизанс“ луѓе кој ја користат архаичноста на овие средовечни алатаки за да креираат фасцинантни дела кои нема да се делумен производ на семоќноста на технологијата вградена во софтвери и механички потпомогнати резултати. Ментална категорија, според мене, но веројатно многу битна за тој што сака да ја негува.
Да си поминеш едно убаво поладне сам со RolleiFlex и да си отсликаш 12 фотографии па да си ги развиеш на раат вечер во лабараторија е време одлично посветено за себе. Веројтно ако тоа го направиш со дигиталан апарат ќе продуцираш 120 фотографии, брекетирани и изверзирано само затоа што ти се може. Многу веројатно истото време ќе го потрошиш од тие 120 да одбереш и средиш 6-7. Како и да е едно време за да можам да ги следам оние куп ленти по папки распоредени морав да ги отсканирам. Сакал - нејќел, предност си е предност
Сеуште се надевам дека некој ден ќе земам тазе развијач и фиксир и ќе мавнам една 120ка за ментална вежба.
Некогаш е убаво да поминеш малце време во полско WC