Нема да помине низ бирото. Ќе речат дека намерно исклучуваш конкуренција.
Рецимо за процесор смееш да кажеш:
Фрекфенција,
Кеш,
Јадра,
Нитки.
Толку. Неможе на тест на Фурмарк, Пасмарк или на кое сакаш друго да има 2000 поена или да има 4/5 оценка. Несмее Интел, ни АМД, ни Тредрипер, ни сокет. Горното само. Друго се ќе мораш да тргнеш.
За монитор можеш да кажеш дијагонала, осветленост, контраст, плагин. Неможе друго, инаку форсираш свои фирми. Неможе IPS, исклучуваш конкуренција, освен ако е со А4 текст за објаснување зошто баш IPS ти треба и пак 95% е шансата да не помине.
Она кое го зборувате и така лесно сметате дека се изведува, е уствари „форсирање на фирми“. А тоа е делот кој е најстрого забранет. И тоа со затворска казна. Неможе да се оддели форсирањето на своја фирма, и изборот на „поквалитетни“ ствари.
И тоа на се што ќе пишеш, на се мора да е напишано „и еквивалентно“. Или „или компатиблино“. Зошто се што е искучување на некој дел ќе биде вратено од бирото.
А да бркаш врски за да пројде твоја фирма или да пројде јапански дел со сертификати - не е законски. И е многу тешко делливо едно од друго.