Сва среќа лани во Србија и Хрватска не налетав на пресретачи/радари/камери/патарини шо мерат време....не знаев воопшто дека имаат толку строг сообраќаен систем, натака летав со +150 па и +200 на правци (летаа и други, не бев единствен), на враќање дознав дека може да го лапнам немиен па си возев по пропис.
Во секој случај ги поздравувам ваквите мерки, големи парични казни, забрана за возење/влез во државата па и затвор. Откако дознав какви се казните не се осмелив да возам повеќе од 10км/ч над дозволеното. Си ја научив лекцијата без да ме казнат, а претпоставувам дека сите би го направиле истото доколку се свесни колку се ригорозни казните...пр. на влез во Хрватска може да се делат флаерчиња со инфо околу ограничувања, правила и казни за прекршоци, поучни совети за штедење гориво и безбедност...итн. Јес да на тој начин помалку пари ќе влагаат во буџет од казни ама безбедноста и свеста на луѓето драстично би се зголемила.
Исто така би сакал да видам зголемено ограничување на брзината каде што условите на патот дозволуваат, во Хрватска барем може комотно да се зголеми на 150км/ч на 70% од автопатите.