@joco225
^ Не сакам да ви се мешам во муабетот, пошто вие си го имате
.
Ама мислам дека со „англиско“ гориво и ова мерење ќе беше различно. Претпоставувам нормално.
И башка имаше пишано дека мапата е со кастм сетингс. Е сега што тоа значи си знаат -Darko- и 2f4y
Ниедна понова кола не покажа помалку коњи. Или колку што треба, или нешто повеќе. (кај мене се 7 повеќе, а на англискиот форум имаат измерено 10 повеќе, истата кола, стандард се’).
Ситните осцилации кај кривата претпоставувам дека ја „пегла“ софтверот.
А чип мислам дека само -Darko- имаше. Другите беа со RaceChip, plug&play. На него тоа му е работата, да се осети забрзување, не толку коњски сили таму некаде горе.
Кај сите понови коли при било каква промена ECU-то пробува да се прилагоди да ги врати првобитните „коњи“. Зборам за RaceChip-от.
Затоа и тие што имаа требаше да вадат, па да возат еден период, па адаптација, калибрација...Баш заради тоа еден од мерените автомобили со изваден RaceChip имаше пониски вредности отколку во фабрика, бар на 2 дена. Потоа се беше како што треба