Многу работи тврдиш, а не си стручен - освен ако не си агент или работиш во осигурителна компанија.
Не се работи за верување или не, едноставно треба да се провери. И јас не сум стручен, ама ќе проверам, во секој случај.
По твоето, испаѓа дека јас треба да плаќам за туѓи грешки. Едноставно, нема логика.
5 години работев во нотарска канцеларија. Тука, не можеш да ми кажеш како е, пошто имаше случаи каде договорот не е "спроведен" во МВР, не е однесен за да се смени сообраќајната, имаше повеќекратна продажба "од договор на договор", и во неколку случаи последниот купувач го бараше носителот во сообраќајната за да си ја заврши работата, односно за да добие сообраќајна на свое име. Не можеше да заврши работа со последниот купувач, пошто исто така се случуваше да има загубени договори, па требаше да одат во други населени места да вадат примероци од архивите на нотарите... Ептен се комплицира.
ЕДИТ:
Само што се јавив во Сава осигурување.
ПОПУСТОТ Е ВРЗАН ЗА НОСИТЕЛОТ НА ПОЛИСАТА, НЕ ЗА КОЛАТА. Ми вика "ДОНЕСИ ГИ ДВАТА ДОГОВОРИ, ЌЕ ТЕ НАЈДЕМЕ ВО БАЗАТА, И ЌЕ ГО ПРЕФРЛИМЕ ПОПУСТОТ НА НОВАТА ПОЛИСА".