Автор Тема: Осигурителни компании  (Прочитано 122589 пати)

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2286
Одг: Осигурителни компании
« Одговори #585 на: 28 Февруари 2022, 11:12:48 am »
Тогаш грешка сме се разбрале, се збунив со муабетот за наследување на полисата, не на губење.
Моја грешка.

Дури и за наследување не сум во право, кога го продадов Бравото - како што пишав веќе, јас го регистрирав за да го задржам бонусот, после ја продадов.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6191
Одг: Осигурителни компании
« Одговори #586 на: 28 Февруари 2022, 11:21:59 am »
Пак ќе ти издвојам неколку твои реченици, пошто исто како некни, тврдеше, без поткрепа.

"- За промена на таа полиса, отидов во Граве со купопродажниот договор и со полисата што си стоеше во Леонот, на туѓото име (затоа се дава полисата на тој што купува, @Diesel е грешка). Ми направија нова полиса во Граве на мое име

- Полиса од купена кола (да, на туѓо име) ти треба за да си ја префрлиш полисата на твое име.

- Да, ќе го наследи нормално. Попустот е на колата, не е на човекот. Да беше на човек - ќе пропаднеа сите бонуси кога ќе купуваш/продаваш половна кола.

- Така одат работите.

- Во првиот случај - да, попустот ќе го наследи новиот сопственик. За почетник не знам бидејќи има други правила за нив, за нормален шофер 1000% е точно.
Во вториот случај - да, попустот ќе го изгубиш ти како нов сопственик. Бидејќи стариот сопственик го изгубил, не знам што те буни. Полисата е врзана за колата и се што се случува со неа.

- А мора ли да си стручен за да тврдиш нешто?
Какви ти се овие глупости?
Ако купуваш кола која има полиса БЕЗ бонус - не знам каков е случајот ако имаш веќе постоечки бонус од твоја стара кола. Во сите други случаи важи она што пишав.

- Тогаш грешка сме се разбрале, се збунив со муабетот за наследување на полисата, не на губење.
Моја грешка."

Тврдиш, па после не знаеш, па на крај "моја грешка". Ништо лично, си правиме муабет, немој да се навредиш.

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2286
Одг: Осигурителни компании
« Одговори #587 на: 28 Февруари 2022, 11:30:57 am »
Пак ќе ти издвојам неколку твои реченици, пошто исто како некни, тврдеше, без поткрепа.

"- За промена на таа полиса, отидов во Граве со купопродажниот договор и со полисата што си стоеше во Леонот, на туѓото име (затоа се дава полисата на тој што купува, @Diesel е грешка). Ми направија нова полиса во Граве на мое име

- Полиса од купена кола (да, на туѓо име) ти треба за да си ја префрлиш полисата на твое име.

Oва е точно, како што веќе ти пишав 155 пати. И како што ти пишаа други луѓе пред мене. Тоа што ти си инат како магаре на мост и не признаваш грешки (како јас, на пример) - не е мој проблем. Можеби може да ти извадат и без неа (секако ги има во систем), јас кога прашував во Граве ми ја побараа и полисата на стариот сопственик.
Јави се и прашај и за ова. Или јави се во Граве и прашај ги зошто ми рекле така.

За полисите ги измешав лончињата, реков дека сум грешка и тоа е тоа.

Муабетот неќна исто си стојам на ставот, што не ти е јасно?
Тоа што ти (и законот) тврдиш дека кубикажа на мотор е релевантен фактор за плаќање на такса за користење на јавни патишта - не значи уопште дека е исправно. Како што и многу други по нашите закони и правилници не се во ред.
Уствари сега кога ќе размислам - каква поткрепа па ти ми даде дека е релевантен фактор? Даде некои анализи, испитувања зошто е тоа воведено или не?
« Последно менување: 28 Февруари 2022, 11:37:05 am balanar »

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6535
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Осигурителни компании
« Одговори #588 на: 28 Февруари 2022, 11:34:19 am »
@Power to the people
Што ќе му е па на купувачот полиса со моите податоци?

Истите податоци веќе ги има во купопродажниот.
Ама кога веќе запна за едно ливче не го давај, го нејќам.  :P

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6191
Одг: Осигурителни компании
« Одговори #589 на: 28 Февруари 2022, 11:37:44 am »
@balanar

Човек, не префрлаш полиса, разбираш? Ти издаваат нова, врз основа на ТВОЈАТА ОД ТВОЈАТА ПОСЛЕДНА КОЛА, не од новата што си ја купил, во која што е вкалкулиран попустот од ТВОЈАТА ПОЛИСА ЗА ТВОЕТО ПРЕТХОДНОТО ВОЗИЛО.

Комплетно ти се измешани брзините.

Ако стоиш на став, не значи дека си во право. Па на крај краева, што ќе смениш кога ќе си стоиш на ставот? Пак ќе плаќаш надомест за јавни патишта пресметана по зафатнинтата на моторот, каде, btw, покрај тоа што стоиш на ставот и освен тоа што кажа дека сите треба исто да плаќаат (што е апсурд, пар екселанс), не кажа разумно и изводливо решение за наплата на давачката.

ЕДИТ:

Стави едно ЕДИТ кога едитираш пост. Прво. Второ, некој тоа го смислил и го имплементирал како законско решение. Јас не се бунам на тоа, ти се буниш, а реално нема да смениш ништо. Зошто би ти давал анализи, кога некој за тоа бил платен и го направил така, и поминало на Влада и на Собрание?

@Power to the people

Полисата си ја земав и дадов во осигурителната, за да не ме бара агентот 1 саат, да губам време, за да го префрли попустот.

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2286
Одг: Осигурителни компании
« Одговори #590 на: 28 Февруари 2022, 11:42:44 am »
@balanar

Човек, не префрлаш полиса, разбираш? Ти издаваат нова, врз основа на ТВОЈАТА ОД ТВОЈАТА ПОСЛЕДНА КОЛА, не од новата што си ја купил, во која што е вкалкулиран попустот од ТВОЈАТА ПОЛИСА ЗА ТВОЕТО ПРЕТХОДНОТО ВОЗИЛО.

Комплетно ти се измешани брзините.

Не ме читаш за што се зборува, сам се губиш во муабетот што ти го почна на претходната страна.

Полисата не ја даваш со колата, Бог да чува. Зошто му е на купувачот полисата со твое име?

За да оди во осигурителната компанија и да ја смени на свое име, ваљда?

ЗБОРИМЕ ЗА ПРЕФРЛАЊЕ НА ПОЛИСА ОД ТУЃО ИМЕ НА ТВОЕ ИМЕ НА КУПЕНО ВОЗИЛО

- Купуваш кола со валидна регистрација (пример, уште неколку месеци) со полиса од Граве на туѓо име
- Одиш во Граве со таа полиса на туѓо име и со купопродажниот договор
- Ти ја префрлаат таа полиса на твое име во Граве

Ако и ова не ти е доволно јасно за што зборевме погоре со @MartinAlfista - веќе не е мој проблем.


Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6191
Одг: Осигурителни компании
« Одговори #591 на: 28 Февруари 2022, 11:45:43 am »
А бе не префрлаш полиса, ПРЕФРЛАШ ПОПУСТ МЕЃУ ПОЛИСИ НА ТВОЕ ИМЕ, оти не разбираш? Ако немаш попуст, ти прават НОВА ПОЛИСА за новата кола.

Мартин добро ја опиша постапката.

Да не се буните многу, полисата да ви ја појаснам:

- Ти, сегашниот сопственик на возилото, си платил АО полиса при регистрација.
- Го продаваш возилото со тековна регистрација и АО.
- Новиот сопственик менува сопственост во МВР без разлика дали е во истиот град со истите или нови таблици, или во друг град со нови таблици.
- Тоа значи дека сопствеништвото на возилото и АО полисата веќе не се согласуваат и новиот сопственик треба да се погрижи да се согласуваат.
- Бидејќи колата е веќе осигурана, т.е. платена е премијата, не треба ништо да се плаќа, туку само да се смени сопствеништвото (и таблиците) во постоечката АО полиса.
- Откако важноста на таа полиса ќе истече, новиот сопственик при регистрација на твојата бивша кола може да си го префрли постоечки попуст што го имал со неговата претходната кола (или на свое име, како сакаш интерпретирај го).

Скроз се погуби, пробувајќи да се извлечеш.

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2286
Одг: Осигурителни компании
« Одговори #592 на: 28 Февруари 2022, 11:47:46 am »
Другар, ти не ме разбираш очигледно нешто, имаш некој проблем.
Дај седни и прочитај ме буква во буква, стварно не знам што не ти е јасно.

Еве пак ќе ти повторам:

ВО ГРАВЕ ОСИГУРУВАЊЕ МИ ЈА ПРЕФРЛИЈА ПОЛИСАТА ОД ТУЃО НА МОЕ ИМЕ КОГА ГО КУПИВ ЛЕОНОТ.

Јас цело време ти зборам за префрлање на туѓа активна полиса во свое име на новото возило, ти се вртиш во круг.
@MartinAlfista прво збореше за ова што јас го зборам, после во постот што го цитираш ти збори за истечена полиса.
« Последно менување: 28 Февруари 2022, 12:20:17 pm balanar »

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6535
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Осигурителни компании
« Одговори #593 на: 28 Февруари 2022, 11:48:57 am »
@Power to the people

Полисата си ја земав и дадов во осигурителната, за да не ме бара агентот 1 саат, да губам време, за да го префрли попустот.

Смени го агентот, бавен ти е.  ;D


Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6191
Одг: Осигурителни компании
« Одговори #594 на: 28 Февруари 2022, 11:49:54 am »
Другар, ти не ме разбираш очигледно нешто, имаш некој проблем.

Јас цело време ти зборам за префрлање на туѓа активна полиса во свое име на НОВОТО ВОЗИЛО, ти се вртиш во круг.
Дај седни и прочитај ме буква во буква, стварно не знам што не ти е јасно.

Скроз погрешна теза, тука ти е проблемот.

Немаш ништо ти со туѓата полиса, тоа сакам да ти објаснам.

Нема везе, у реду е.

Не едитирај како да биде, не можам да те следам.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10174
Одг: Осигурителни компании
« Одговори #595 на: 28 Февруари 2022, 12:05:32 pm »
Како возач почетник си купив половно Југо и не наследив бонус, си почнав од 0.
Го продадов, и си купив половно Типо, ништо не наследив, а го изгубив и својот бонус, си почнав повторно од 0.
Го продадов Типото и си купив половен Меган, иста приказна, си почнав од 0.
Го продадов Меганот 3 месеци пред да ми стигне новата i30, и непосредно пред регистрација дознав дека имало промени, односно се овозможило да се префрли бонусот од претходното возило на наредното возило.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6191
Одг: Осигурителни компании
« Одговори #596 на: 28 Февруари 2022, 12:06:34 pm »
Не, ќе наследиш од некој, заедно со колата.

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2286
Одг: Осигурителни компании
« Одговори #597 на: 28 Февруари 2022, 12:24:42 pm »
Скроз погрешна теза, тука ти е проблемот.
Немаш ништо ти со туѓата полиса, тоа сакам да ти објаснам.

Имаш доколку сакаш да ја префрлиш на свое име и сеуште е валидна/активна.
Пак ќе повторам по 55 пат - цело време зборам за префрлање на АКТИВНА (а не истечена!) полиса од туѓо во свое име.

Со туѓата полиса од возилото што го купуваш (која останува кај нив во осигурителна) и купопродажниот договор одиш во осигурителната компанија каде е претходно издадена АО полисата.
Ти од осигурителната компанија излегуваш со полиса на свое име која важи додека важи и регистрацијата, нормално.

Затоа и пишав дека ова не ти е точно.
Полисата не ја даваш со колата, Бог да чува. Зошто му е на купувачот полисата со твое име?

Полисата со твое име му ја даваш на купувачот за да си ја префрли на свое име доколку не е истечена.

3 пати ја пишувам постапката која јас лично ја пројдов за да ја префрлам туѓата полиса на Леонот во моја полиса, ама не читаш како што треба или зборуваш за истечена полиса.
Не префрлав бонуси и попусти, ја ПРЕФРЛИВ полисата на мое име бидејќи беше валидна уште 7 месеци.
Членот подолу е доказ зошто треба да се префрли полисата на свое име:

Цитат
член 2: влијание на промена на сопственоста на возилото врз
договорот за осигурување

[1] Ако во текот на траењето на осигурувањето се промени
сопственикот на моторното возило, правата и обврските од
договорот за осигурување од автомобилска одговорност
преминуваат врз новиот сопственик и траат до истекот на
тековниот период за осигурување.

http://www.triglavpenzisko.mk/wps/wcm/connect/aa57e3a1-5c1b-411b-96be-5fb382c1f250/opsti+uslovi+AO_A5.pdf?MOD=AJPERES&CACHEID=aa57e3a1-5c1b-411b-96be-5fb382c1f250
« Последно менување: 28 Февруари 2022, 12:45:12 pm balanar »

Отсутен Silvester

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1814
Одг: Осигурителни компании
« Одговори #598 на: 28 Февруари 2022, 12:38:42 pm »
Сте ги измешале брзините.

Наследуваш свој попуст од претходната кола (полиса што си ја имал). Не наследуваш попуст од колата која си ја купил и попустот од претходниот газда кој си го имал на полисата.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6191
Одг: Осигурителни компании
« Одговори #599 на: 28 Февруари 2022, 13:01:47 pm »
@balanar

Оф мори мајко... Не префрлаш полиса, ТИ ИЗДАВА ОСИГУРИТЕЛНАТА НОВА, НА ТВОЕ ИМЕ, со важност согласно важноста на регистрацијата на возилото. Кога ќе дадеш сообраќајна, полисата ја пополнуваат агентите по сообраќајната. И да не ја дадеш полисата од претходниот сопственик, нема да ти прават проблем, нормално, има сообраќајна. Јас ја приложив полисата за да не губам време, ете, може ќе сум завршел и без неа работа брзо. Неисе...

Неколку работи само да подвлечам, пошто веќе забегавме и искрено се уморив од објаснување.

Прво - @Busav праша дали може ПОПУСТ да си префрли од бившата на новата кола.
Второ - Му пишав што треба да однесе во осигурителната, полисата не требало да си ја задржам, требало да ја дадам на новиот сопственик, по твојата логика, која на крај ОТКАКО СЕ ИНФОРМИРАВ, испадна погрешна.
Трето - цело време правиме муабет за ПРЕФРЛАЊЕ НА ПОПУСТ, ти правиш муабет за префрлање полиса, активна, пасивна, истечена, не-знам-каква...
Четврто - цело време ти објаснувам дека полисата е врзана ЗА СОПСТВЕНИКОТ НА ПОЛИСАТА, А НЕ ЗА ВОЗИЛОТО, hence полиса за осигурување од автоодговорност. ТИ ТВРДИШ ДЕКА Е ВРЗАНА ЗА КОЛАТА. Не ја осигуруваш колата од автоодговорност, се осигуруваш себе, како сопственик, пошто колата не може штета да направи сама, без возач (не ми се верува дека го цртам ова).

Другар, ме утепа од едитирање, веќе завршувам тука, не можам да се замарам.

Читај го членот - правата и обврските од договорот преминуваат, но ти издаваат нова полиса НА ТВОЕ ИМЕ, со вредностите од претходно, пошто е веќе платено за таа година. Наредна регистрација пак добиваш нова полиса, со пресметан попуст од полисата од твоето бившо возило.

Кога регистрираш исто возило две години по ред, секоја година добиваш нова полиса, пошто претходната има рок на траење, не ти ја продолжуваат. ДОБИВАШ НОВА, со нов број со се...

Кинески ли правам муабет?