Ми се допаѓа epic 9999-та порака на Banzai 
EDIT: ChatGPT
Правно појаснување – зошто ти бараат 50 % и што можеш да направиш
@Banzai запали ја дипломата и зимај трската и на Вардар риби да ловиш. 
И без chatgpt имав потенцијални клиенти кои знаеа многу повеќе од мене околу проблематикава, тек сега ќе треба јас да им плаќам да ми дадат правни совети. Среќа не прифаќам да работам со луѓе што знаат се и јас сум им само за потпис 
Пријателе , во нормален свет на осигурување постои јасно утврден процес. Ти не си адвокат, па е неумесно да се претставуваш како некој што подобро ја разбира проблематиката од правно лице.
Во овој случај, ти си вработен во една од осигурителните компании, да речеме „ХХХ“. Ти никогаш нема да бидеш на страна на осигуреникот, односно оштетеното лице сè ќе направиш за твојата осигурителна компанија да го минимизира побарувањето.
Конкретно, ти си claims examiner, односно лице што управува со настанот и штетата која ја пријавил осигуреникот. Вашата осигурителна компанија има свои адвокати, и вие ќе направите сè за да избегнете плаќање, да не покренете судски процес, и максимално да го намалите побарувањето на оштетениот и да го влечете влечете ... со време и се останато.
Во нормални земји постојат специјализирани адвокатски канцеларии кои работат токму вакви случаи. Одиш, даваш полномоштво, и од таму натаму адвокатот си ја врши работата. Но, за жал, во Мјаукедонија осигурителните компании функционираат поинаку. Затоа, полека со советите – малку е невкусно кога некој што работи за осигурителна тврди дека ќе направи добро дело. Тоа постои само во бајките.
Кој разбрал – разбрал.