Автор Тема: Осигурителни компании  (Прочитано 122625 пати)

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7882
  • Плинаш!!!
Одг: Осигурителни компании
« Одговори #570 на: 27 Февруари 2022, 23:52:27 pm »
Одиш во осигурителната со полисата од старата кола и договорот од новата.

Ти спремаат полиса и одиш на регистрација.

Едноставно е.
Како ќе одиш во осигурителната со старата полиса ако колата ти е продадена? Нормално си одиш со купопродажен.

Sent from my Redmi Note 8T using Tapatalk


Присутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6191
Одг: Осигурителни компании
« Одговори #571 на: 28 Февруари 2022, 08:16:48 am »
Полисата не ја даваш со колата, Бог да чува. Зошто му е на купувачот полисата со твое име?

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17593
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Осигурителни компании
« Одговори #572 на: 28 Февруари 2022, 09:07:35 am »
За да оди во осигурителната компанија и да ја смени на свое име, ваљда?

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6538
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Осигурителни компании
« Одговори #573 на: 28 Февруари 2022, 09:41:51 am »
A зошти ти е тебе полиса за кола што ја немаш?  ;D

Присутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2288
Одг: Осигурителни компании
« Одговори #574 на: 28 Февруари 2022, 09:43:39 am »
Попустот од старата кола можам да си го префрлам на новата? Со цитроенот немав удес 6 години а на пежото наскоро истекува регистрацијата...

Sent from my M2102J20SG using Tapatalk

Бидејќи јас го поминав истото (имав целосен бонус за Бравото), еве ти одговор:

- Кога го купив Леонот во јули, имаше полиса на друго име до февруари наредната година во Граве
- За промена на таа полиса, отидов во Граве со купопродажниот договор и со полисата што си стоеше во Леонот, на туѓото име (затоа се дава полисата на тој што купува, @Diesel е грешка). Ми направија нова полиса во Граве на мое име
- Во тој момент имав две полиси на две возила на мое име, бидејќи Бравото сеуште не ми беше продадено
- Во септември го пререгистрирав (на мое име бидејќи уште не беше продадено и имав целосен бонус) и потоа го продадов Бравото. Човекот што го купи ја плати регистрацијата, така бевме договорени. Во него си остана мојата полиса на мое име (за да може човекот да ја префрли на негово име), а јас имав само копија од купопродажниот договор
- Во февруари стаса за регистрација Леонот. Во осигурителната компанија по твој избор го носиш купопродажниот договор за оттуѓената кола (Бравото) и купопродажен за новата (Леонот). Не сум сигурен дали го носев купопродажниот од Леонот бидејќи веќе имаш полиса на твое име за него (она што го напишав погоре за Граве).
Во принцип, мислам дека ти треба купопродажниот за колата што си ја продал, да докажеш дека веќе не е твоја.
« Последно менување: 28 Февруари 2022, 09:53:14 am balanar »

Присутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6191
Одг: Осигурителни компании
« Одговори #575 на: 28 Февруари 2022, 10:24:45 am »
@Power to the people

Колата е моја се до оној момент на одјавување на табличката во МВР.

Јас отидов со копија од договорот од Полото, со договорот од Сузукито и со полисата за да го префрлат попустот од Полото на Сузукито.

Сигурен сум дека освен сообраќајната не дадов ништо друго од документи (освен сервисната и книшките од колата) на новиот сопственик.

Немав никаков проблем.

Попустот се пресметува за човекот, односно носителот на полисата, не на колата. Што ќе му е па на купувачот полиса со моите податоци?

Хипотетички, ако купувачот немал кола до сеа, нема да има ни попуст на полисата. Што, кога ќе му ја дадам мојата полиса, ако нему му е ова прва кола, ќе го наследи мојот попуст?

Присутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2288
Одг: Осигурителни компании
« Одговори #576 на: 28 Февруари 2022, 10:37:14 am »
@Power to the people

Колата е моја се до оној момент на одјавување на табличката во МВР.

Попустот се пресметува за човекот, односно носителот на полисата, не на колата. Што ќе му е па на купувачот полиса со моите податоци?

Хипотетички, ако купувачот немал кола до сеа, нема да има ни попуст на полисата. Што, кога ќе му ја дадам мојата полиса, ако нему му е ова прва кола, ќе го наследи мојот попуст?

- Колата не е твоја до моментот на одјавување на табличките. Колата не е твоја од моментот на ставање потпис кај нотар. Излези од нотар со свежо потпишан договор и направи сообраќајка. Ќе видиш кого ќе теретат: газдата на табличките или ти со новиот договор.

- Полиса од купена кола (да, на туѓо име) ти треба за да си ја префрлиш полисата на твое име.

- Да, ќе го наследи нормално. Попустот е на колата, не е на човекот. Да беше на човек - ќе пропаднеа сите бонуси кога ќе купуваш/продаваш половна кола.
« Последно менување: 28 Февруари 2022, 10:51:38 am balanar »

Присутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6191
Одг: Осигурителни компании
« Одговори #577 на: 28 Февруари 2022, 10:46:38 am »
Не сум сигурен дека е тоа баш така. Баш ќе прашам кај мојава осигурителна, во зграда ми е.

Логички - јас на Астрата имам максимален попуст, 60% мислам дека беше. И сега, ако ја продадам на човек кој немал кола до сеа, он по автоматизам нема да плаќа цела премија, туку 40% само? Тешко за верување, пошто осигурителната е тука во заеб. Ако е почетник возач? Колкав ризик ќе преземе?

Понатаму - купувам од тебе кола. Ти, рецимо, си имал удес годинава, си го изгубил попустот. Ради твој удес јас да го губам мојот попуст од 60%?

Едноставно, нема логика. Баш ќе се заинтересирам.

А за сопственоста на колата, тоа е во краен случај, при сообраќајна, треба да докажуваш. А ако не се случи ништо? До одјавување, ти стоиш на сообраќајната и во датабазата на МВР. Затоа кажав дека колата е твоја.

Пак одиш со "шта би било, кад би било", за евентуална сообраќајка.

Присутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2288
Одг: Осигурителни компании
« Одговори #578 на: 28 Февруари 2022, 10:54:15 am »
Не сум сигурен дека е тоа баш така. Баш ќе прашам кај мојава осигурителна, во зграда ми е.

Логички - јас на Астрата имам максимален попуст, 60% мислам дека беше. И сега, ако ја продадам на човек кој немал кола до сеа, он по автоматизам нема да плаќа цела премија, туку 40% само? Тешко за верување, пошто осигурителната е тука во заеб. Ако е почетник возач? Колкав ризик ќе преземе?

Понатаму - купувам од тебе кола. Ти, рецимо, си имал удес годинава, си го изгубил попустот. Ради твој удес јас да го губам мојот попуст од 60%?

Едноставно, нема логика. Баш ќе се заинтересирам.

А за сопственоста на колата, тоа е во краен случај, при сообраќајна, треба да докажуваш. А ако не се случи ништо? До одјавување, ти стоиш на сообраќајната и во датабазата на МВР. Затоа кажав дека колата е твоја.

Пак одиш со "шта би било, кад би било", за евентуална сообраќајка.

Ти ако сакаш верувај, ако не сакаш - не верувај, што да ти кажам.
Така одат работите.

Во првиот случај - да, попустот ќе го наследи новиот сопственик. За почетник не знам бидејќи има други правила за нив, за нормален шофер 1000% е точно.
Во вториот случај - да, попустот ќе го изгубиш ти како нов сопственик. Бидејќи стариот сопственик го изгубил, не знам што те буни. Полисата е врзана за колата и се што се случува со неа.

За сопственоста - остај ти што пишува во датабаза на МВР.
Сопственоста ја губиш (или добиваш) на нотар.

Присутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6191
Одг: Осигурителни компании
« Одговори #579 на: 28 Февруари 2022, 11:00:30 am »
Многу работи тврдиш, а не си стручен - освен ако не си агент или работиш во осигурителна компанија.

Не се работи за верување или не, едноставно треба да се провери. И јас не сум стручен, ама ќе проверам, во секој случај.

По твоето, испаѓа дека јас треба да плаќам за туѓи грешки. Едноставно, нема логика.

5 години работев во нотарска канцеларија. Тука, не можеш да ми кажеш како е, пошто имаше случаи каде договорот не е "спроведен" во МВР, не е однесен за да се смени сообраќајната, имаше повеќекратна продажба "од договор на договор", и во неколку случаи последниот купувач го бараше носителот во сообраќајната за да си ја заврши работата, односно за да добие сообраќајна на свое име. Не можеше да заврши работа со последниот купувач, пошто исто така се случуваше да има загубени договори, па требаше да одат во други населени места да вадат примероци од архивите на нотарите... Ептен се комплицира.

ЕДИТ:

Само што се јавив во Сава осигурување.

ПОПУСТОТ Е ВРЗАН ЗА НОСИТЕЛОТ НА ПОЛИСАТА, НЕ ЗА КОЛАТА. Ми вика "ДОНЕСИ ГИ ДВАТА ДОГОВОРИ, ЌЕ ТЕ НАЈДЕМЕ ВО БАЗАТА, И ЌЕ ГО ПРЕФРЛИМЕ ПОПУСТОТ НА НОВАТА ПОЛИСА".

Присутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2288
Одг: Осигурителни компании
« Одговори #580 на: 28 Февруари 2022, 11:02:04 am »
А мора ли да си стручен за да тврдиш нешто?
Какви ти се овие глупости?
Кажувам од лично искуство и од тоа што прашував по ВРАБОТЕНИ ВО ОСИГУРИТЕЛНИ КОМПАНИИ кога јас вршев работа за мене.

Ако купуваш кола која има полиса БЕЗ бонус - не знам каков е случајот ако имаш веќе постоечки бонус од твоја стара кола. Во сите други случаи важи она што пишав.


Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17593
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Осигурителни компании
« Одговори #581 на: 28 Февруари 2022, 11:04:16 am »
Да не се буните многу, полисата да ви ја појаснам:

- Ти, сегашниот сопственик на возилото, си платил АО полиса при регистрација.
- Го продаваш возилото со тековна регистрација и АО.
- Новиот сопственик менува сопственост во МВР без разлика дали е во истиот град со истите или нови таблици, или во друг град со нови таблици.
- Тоа значи дека сопствеништвото на возилото и АО полисата веќе не се согласуваат и новиот сопственик треба да се погрижи да се согласуваат.
- Бидејќи колата е веќе осигурана, т.е. платена е премијата, не треба ништо да се плаќа, туку само да се смени сопствеништвото (и таблиците) во постоечката АО полиса.
- Откако важноста на таа полиса ќе истече, новиот сопственик при регистрација на твојата бивша кола може да си го префрли постоечки попуст што го имал со неговата претходната кола (или на свое име, како сакаш интерпретирај го).

Присутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6191
Одг: Осигурителни компании
« Одговори #582 на: 28 Февруари 2022, 11:05:16 am »
@balanar

ЕДИТ:

Само што се јавив во Сава осигурување.

ПОПУСТОТ Е ВРЗАН ЗА НОСИТЕЛОТ НА ПОЛИСАТА, НЕ ЗА КОЛАТА. Ми вика "ДОНЕСИ ГИ ДВАТА ДОГОВОРИ, ЌЕ ТЕ НАЈДЕМЕ ВО БАЗАТА, И ЌЕ ГО ПРЕФРЛИМЕ ПОПУСТОТ НА НОВАТА ПОЛИСА".

За да тврдиш, треба да си стручен, или во најмала рака да имаш познавања и логика. Ете, прашав, ми се потврди моето.

Сам се демантираш со последната реченица во постот.

Возачот прави удес, не колата. Возачот е носител на полисата, не колата. Сопственикот, поточно.

Присутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2288
Одг: Осигурителни компании
« Одговори #583 на: 28 Февруари 2022, 11:07:53 am »
Eпа ај сега пак препрочитај што пишав два поста погоре:

Цитат
Ако купуваш кола која има полиса БЕЗ бонус - не знам каков е случајот ако имаш веќе постоечки бонус од твоја стара кола. Во сите други случаи важи она што пишав.

Ти цело време ми збориш за почетник, не знам што.

Присутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6191
Одг: Осигурителни компании
« Одговори #584 на: 28 Февруари 2022, 11:09:28 am »
Човек, се јавив, прашав.

Не си во право, што не ти е јасно?

ПОПУСТОТ СЕ ВРЗУВА ЗА НОСИТЕЛОТ НА ПОЛИСАТА.

Ти тврдиш дека се врзува за колата. Не е така. ПРАШАВ.