Автор Тема: Штедење со полн гас - НЕВЕРОЈАТНО, НО ВИСТИНИТО  (Прочитано 40454 пати)

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Штедење со полн гас - НЕВЕРОЈАТНО, НО ВИСТИНИТО
« Одговори #90 на: 18 Ноември 2011, 12:54:01 pm »
Во секој случај, кога велиш бензинците на пример кај делот „Возење при макс. момент не е секогаш најштедливо возење, особено не кај бензинците“ имај наум дека денес се возат и турбо-бензинци кај кои пикот од моментот не изгледа како тријаголник туку како трапез кој почнува уште од многу рани вртежи, слично како и кај турбо-дизелашите.

Имам на ум. Но, кога ќе размислиш, не прави никаква разлика каде е најголемиот момент. Битното е колку пати клипот ќе пропатува горе-доле за зададена дистанца на колата од А до Б. На крај се сведува на бездимензионален број. Ако има турбо - супер за газдата, колата му влече од 2000 :-) Ако не - ј*и га, на угорници у трета. Но, може и овој и оној никогаш да не дојде до max torque при патот од А до Б и тоа нема да направи кој-знае-каква разлика во цехот за бензин. Во времето на патување да, но во цехот на бензинска - ич.

Отсутен Sportex

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7879
  • Иштван Беќар Пецарош
    • camouflage.mk
Одг: Штедење со полн гас - НЕВЕРОЈАТНО, НО ВИСТИНИТО
« Одговори #91 на: 18 Ноември 2011, 12:54:27 pm »
Да дадеш гас за да го достигнеш побрзо потребно забрзување и број на обртаи потребни за одржување на некоја констатна брзина, да...тоа го разбирам дека е така и е сигурно поштедливо одколку полека да додаваш гас мачејќи ја колата додека ја постигне потребната брзина и број на вртежи.

На ниеден друг начин не можам да го сватам ова?

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34098
  • Таков е животот... јебига
Одг: Штедење со полн гас - НЕВЕРОЈАТНО, НО ВИСТИНИТО
« Одговори #92 на: 18 Ноември 2011, 12:57:20 pm »
Ова треба да се дискутира во живо. Вака нема поента.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54992
  • Махер
Одг: Штедење со полн гас - НЕВЕРОЈАТНО, НО ВИСТИНИТО
« Одговори #93 на: 18 Ноември 2011, 12:58:19 pm »
Ова треба да се дискутира во живо. Вака нема поента.
Да се разјаснат некои работи...
 

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Штедење со полн гас - НЕВЕРОЈАТНО, НО ВИСТИНИТО
« Одговори #94 на: 18 Ноември 2011, 12:58:24 pm »
Филип ефикасноста на моторот при производство на енергија за дадено гориво е различна на различен број на вртежи и различно оптоварување на соодветните вртежи. Се добиве 3Д график кој кај бензинци изгледа вака.

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

И важи за 95% од сите бензинци. Соодветно моторот прозиведува највеќе моќ за најмалку гориво ако се користи меѓу 2500-3500 вртежи при ПОЛОВИНА оптеретување. Со други зборови нежно притисната педала за гас и менување на брзини на 3500 вртежи.

Ова е многу разработена тема кај камиони, пумпи за вода, генератори...

Друже, никој не негира дека моторот различно се одазива на различни вртежи и различни оптоварувања, така да не знам што си запнал со графициве. У реду е, јасно е тоа.

Поентата е дека тоа е помалото парче од онаа пита (20-30 корисно - 70-80 загуби). Ние треба да видиме како да заграбиме од поголемото парче.

Отсутен Sportex

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7879
  • Иштван Беќар Пецарош
    • camouflage.mk
Одг: Штедење со полн гас - НЕВЕРОЈАТНО, НО ВИСТИНИТО
« Одговори #95 на: 18 Ноември 2011, 13:00:12 pm »
Ја знам како да зграбите најголемо парче ....дојдете у СНУПИ на по една ПИТА ПАСТРМАЈЛИЈА ОД ТИЕ НАЈГОЛЕМИТЕ !   ;D

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34098
  • Таков е животот... јебига
Одг: Штедење со полн гас - НЕВЕРОЈАТНО, НО ВИСТИНИТО
« Одговори #96 на: 18 Ноември 2011, 13:00:40 pm »
Но, кога ќе размислиш, не прави никаква разлика каде е најголемиот момент. Битното е колку пати клипот ќе пропатува горе-доле за зададена дистанца на колата од А до Б.
Зависи како размислуваш. Јас не размислувам така. За да се дојде до резултатот, колку пати клипот ќе пропатува е само еден од множителите кои ја сочинуваат равенката. А нели мислиш на другите множители?

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54992
  • Махер
Одг: Штедење со полн гас - НЕВЕРОЈАТНО, НО ВИСТИНИТО
« Одговори #97 на: 18 Ноември 2011, 13:00:56 pm »
Јасно е, ама не е јасно изгледа...

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Штедење со полн гас - НЕВЕРОЈАТНО, НО ВИСТИНИТО
« Одговори #98 на: 18 Ноември 2011, 13:04:51 pm »
Но, кога ќе размислиш, не прави никаква разлика каде е најголемиот момент. Битното е колку пати клипот ќе пропатува горе-доле за зададена дистанца на колата од А до Б.
Зависи како размислуваш. Јас не размислувам така. За да се дојде до резултатот, колку пати клипот ќе пропатува е само еден од множителите кои ја сочинуваат равенката. А нели мислиш на другите множители?

Сигурно дека мислам, но тие друи множители се релативно ситна риба. Спореди бутање на руки кола оставена у петта и кола оставена у прва. Разликата во потребната сила не е мала, туку повеќекратна. Круцијална. Најголем дел од делот „загуби“

Отсутен Chlink

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8534
  • alfa 156 1.8 t.s & alfa 159 2.4 jtdm
Одг: Штедење со полн гас - НЕВЕРОЈАТНО, НО ВИСТИНИТО
« Одговори #99 на: 18 Ноември 2011, 13:05:16 pm »
Филип ефикасноста на моторот при производство на енергија за дадено гориво е различна на различен број на вртежи и различно оптоварување на соодветните вртежи. Се добиве 3Д график кој кај бензинци изгледа вака.



И важи за 95% од сите бензинци. Соодветно моторот прозиведува највеќе моќ за најмалку гориво ако се користи меѓу 2500-3500 вртежи при ПОЛОВИНА оптеретување. Со други зборови нежно притисната педала за гас и менување на брзини на 3500 вртежи.

Ова е многу разработена тема кај камиони, пумпи за вода, генератори...

Друже, никој не негира дека моторот различно се одазива на различни вртежи и различни оптоварувања, така да не знам што си запнал со графициве. У реду е, јасно е тоа.

Поентата е дека тоа е помалото парче од онаа пита (20-30 корисно - 70-80 загуби). Ние треба да видиме како да заграбиме од поголемото парче.

Ти можеш да грабнеш од поголемото парче ама ќе потрошиш повеќе гориво, нема друг начин. попусто се докажувате. Теоријата Милекоја сака да ја наметне нема шанса во пракса да успее.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34098
  • Таков е животот... јебига
Одг: Штедење со полн гас - НЕВЕРОЈАТНО, НО ВИСТИНИТО
« Одговори #100 на: 18 Ноември 2011, 13:06:53 pm »
Ти можеш да грабнеш од поголемото парче ама ќе потрошиш повеќе гориво, нема друг начин. попусто се докажувате. Теоријата Милекоја сака да ја наметне нема шанса во пракса да успее.
Која теорија сакам да ја наметнам? :)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54992
  • Махер
Одг: Штедење со полн гас - НЕВЕРОЈАТНО, НО ВИСТИНИТО
« Одговори #101 на: 18 Ноември 2011, 13:08:18 pm »
Еден график квадрилион зборови, барем што се тиче темава.

Отсутен Chlink

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8534
  • alfa 156 1.8 t.s & alfa 159 2.4 jtdm
Одг: Штедење со полн гас - НЕВЕРОЈАТНО, НО ВИСТИНИТО
« Одговори #102 на: 18 Ноември 2011, 13:10:02 pm »
http://courses.washington.edu/me341/oct22v2.htm

http://www.viragotech.com/fixit/FuelEconomyEngineEfficiencyPower.html


Миле искочи со спаркот и ќе идеме до полигон, ќе го извадиме бензинот што го имаш в кола, ќе земеме две шишиња од кока кола по 1 литар. И ќе видиш дека во пракса разликата ќе биде и те како приметлива. Башка немора да се мачиш равенки да пишуваш. :D

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Штедење со полн гас - НЕВЕРОЈАТНО, НО ВИСТИНИТО
« Одговори #103 на: 18 Ноември 2011, 13:11:37 pm »
Ти можеш да грабнеш од поголемото парче ама ќе потрошиш повеќе гориво, нема друг начин. попусто се докажувате. Теоријата Милекоја сака да ја наметне нема шанса во пракса да успее.

Доколку го разбереш ова со брзото забрзување, ќе видиш дека баш во пракса нема шанса да НЕ успее.

А и практично знам - од А до Б стигнувам побрзо од татко ми и брат ми, а редовно трошам помалку гориво. И низ град, и надовр од град. Сега со мерачите на потрошња кај новите аута многу лесно се покажува. На брат ми му го дадов нисанот со ресетиран мерач - 7 литри просечна у град. Мене просек у град ми е 5.8 според истиот мерач на истата кола, а увек на семафори на кратко нагазувам до под (како у која брзина убацувам). Не е баш занемарлива разлика.

Но ова погоре не е никакво објаснување пошто може брат ми е ептен труп за возење, а и ја малку лажам. Затоа велам дај теоретски да го претресеме, па после праксата сама ќе ви каже.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Штедење со полн гас - НЕВЕРОЈАТНО, НО ВИСТИНИТО
« Одговори #104 на: 18 Ноември 2011, 13:14:01 pm »
Еден график квадрилион зборови, барем што се тиче темава.

За жал, тој график е во голема мера ирелевантен за темата „како од А до Б со најмало можно количество гориво“