Здраво на сите, ова е мој прв пост на овој форум.
Сето ова со полниот гас како метод на штедење гориво ви делува нелогично затоа што заборавате дека моторите со внатрешно согорување се исклучително неефикасни машини, машини кои само мал дел од горивото користат за пропулзија, а најголемиот дел преку ладилникот и ауспухот го трошат за загревање на атмосферата.
Во принцип, колку помалку пати клиповите ќе одат нагоре-надоле за една иста завршена работа, толку помалку гориво ќе се потроши за таа работа. Затоа, бавно „пензинерско“ тргнување и бавно „тегнење“ до посакуваната брзина ќе потроши повеќе гориво (т.е. клиповите повеќе пати ќе одат нагоре-надоле) отколку нагло и експресно стигнување до посакуваната брзина - при наглото тргнување секој пат на клипот надоле ќе предаде поголема сила на радилицата, со што се постигнува подобар однос корисна работа / загуби. Да, повеќе енергија е потребна за поголемо забрзување, но не заборавајте дека тоа се само 20-30% од вкупната енергија. Клучот е како да се намалат тие другите, 70-и-кусур посто, загубите.
На оваа тема отворив и еден блог кој - за жал - одамна не сум го апдејтувал. Ќе ми биде ќеф доколку го ѕирнете и потоа тука продолжиме со дискусија на оваа за мене секогаш интересна тема.
http://filipv.blog.mk/Поздрав!