Члинк дај бе прочитај што пишуваме цело време, па после прашај. Убаво кажа што сака да каже, т.е. објасни и овде и на блогот. Читни.
Јас само сакам практично и читко да ми објасни за да знам што збори, прво не верувам во тоа што го пишува затоа сакам убаво да знам.
Значи Филип извини ако те замарам ама ојасни што правиш додека возиш. Стискаш прва пуна до 60 и убацуваш во 5 или 4? Тоа ли е?
Ако знаеш ти гОЈДО ајде да видам објасни ми?
Еве, за да биде поедноставно, да претпоставиме дека стојам на патарина и чекам со ушалтана прва да се дигне рампата.
Прво нешто што правам е: ја оценувам одокативно состојбата на патот пред мене и у главата ја одредувам таргетната брзина, брзината на крстаење - брзина при која што ќе престанам со секакво забрзување (a=0). Да речеме дека тоа во конкретниот случај е 120 на саат.
Од тука натаму е многу просто - гледам за што пократко време да стигнам до 120 на саат и тоа е тоа. Тоа подразбира папуча до под. Дали ќе сменам брзина на 2000, 3000 или 7000 - верувај - не прави некоја голема разлика. Прави, но мала - премногу е мало времето за да направи голема разлика у денари.
Понекогаш дури скокам брзини - во град често ја прескокнувам трета, на автопат често ја прескокнувам четврта. Прва - тргам, експресно у втора, гас до под, трета, гас до под, цедење до 120 на саат (пошто сум на големи вртежи = голема коњажа побрзо ќе стигнам до 120 у трета него у четврта) и после шљоп петта крузинг. Тој делот со „цедењето“ трае кратко - тоа е неговата поента, да трае кратко.
Но, ако земам да се тегнам прва, па втора полеееека до трета, па трета полеееека до четврта, па четврта полееека до петта и после дури после 2 километра сум качил 120 на саат - на тој начин се троши
значително повеќе гориво.
Доколку сум у град помеѓу два семафори - пак е истото правило: гледам пред мене што се дешава и одокативно проценувам колку ќе возам (да речеме 50) и после гледам за што пократко време да стигнам до 50 на саат и да убацам у четврта (или која веќе).