Вака,за 80л бојлер се става 2м2 огледало,за 100л бојлер 2.5м2 огледало,за 150л бојлер 2х2м2 или 2х2.5м2.Ти можеш и на 80л бојлер да ставиш 2х2м2 огледало но водата ќе врие.Можеш и на 150л да стави едно огледало од 2м2 но нема да имаш топла вода.Тоа е некој стандард или правило по кое се придржаваат мајсторите.
До сега каков бојлер си имал?Претпоставувам 80литарски и нон стоп вклучен.
И , ако имаш сонце иако времето е ладно водата ќе се загрее за туширање без да се вклучува греачот.
Денес во Кавадарци времето беше претежно сончево со мах температура од 23С некаде,во 14ч кога си дојдов од работа бојлерот беше загреан над 60С,со еден бојлер се врзани два тоалети,сите дома туширани и сеуште си има вода која треба разладување за туширање.
И да напоменам пак ова е 100л бојлер и 2.5м2 огледало Werner full plate.
Огледалта се тие,од 2м2 и од 2.5м2.Бојлерите се тиа 80л,100л,150л,200л.
Димензионирањето е тоа,цените се горе долу тие,ја најдов понудата и за Огледалото сум платил 235е,за пумпата платено 62е,за диференијалниот термстат 45е,цевки,работна рака,вентили,автоматско лонче,експанзионент сад сето комплет 960е.Веќе 7-8 години презадоволен од целиот систем,без никакви проблеми.