Автор Тема: Соларни системи-панели  (Прочитано 115792 пати)

Отсутен Leonid

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 859
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #435 на: 07 Јуни 2020, 22:45:13 pm »
Ретко се става тој систем,нешто измеѓу отворен и класичен систем затворен систем.Не знам колку и како е ефикасен,но ако нема некоја електроника зимно време како се штите од замрзнување,сепак надвор е,нема ли нешто што ќе го вклучи греачот ако температурата падне на критична точка?Има ли некој манометар/термометар што покажува колку е притисокот на гликолот а и температурата на водата?Дали и зимно време е во функција или имаш и друг бојлер па со вентили го сопираш овој.



Инаку пумпата троши некои си 60-80вати не е тоа некоја потрошувачка.
А струја не знам.кога последен пат снемало.
На цевките независно можеш да ставиш греен кабел со термостат, ама јас од безбедносни причини не ставив. Имам изолација 3см со алуминиумска фолија, и до -15 не мрзне,искуствено. Два пати замрзнала цевка, по 2 дена, ама имам бојлер во wc сериски врзан до соларниов, и си го користам тој. Горе има сигурносен вентил кој отвара ако не се користи подолг период и крене притисок, се што треба е да дополниш 200гр гликол еднаш годишно. Можеш и сонда да вградиш за температура со лцд дисплеј,ама зошто да давам пари, или имам топла вода или немам  :)
Начинот на кој го користам: топла вода од солар ми иде во ладна од долниот бојлер, и тука ја догревам со термостат ако треба, а тоа е 60-90 дена максимум годишно
Сега се поретко ги има панелите, а почесто вакуум цевките, а најчесто квази вакуум кинеските цевки кои се само на изглед исти, а уствари се обични стаклени цевки низ кои има вода
Во станот имам солар отворен систем, гратис од инвеститорот (2 пати откажа сондата и го поплави горниот стан), и знам дека никогаш не би ставил таква глупост

80w ако троши пумпата, на годишно ниво е една сметка за струја за неа. Сега има циркулациони пумпи по 8w трошат ама коштаат 250 еур.

Отсутен AUDI

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2205
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #436 на: 08 Јуни 2020, 18:36:17 pm »
Колку те чинеше тој систем?


Околу потрошувачката една груба пресметка ако пумпата врти секој ден цела година по 7ч,а не е толку би потрошила некои си 10е,што е занемарливо малку.

Инаку за 7-8 години никаков ама баш никаков проблем,ниту гликол дополнето,ниту замрзнато,ниту замарање со вентили.За 960е ,односно 660е,300е е бојлерот кој е еден и единствен ниту имам главоболки ,вентили,дополнување и слични.
Drink Russian, Drive German, Wear Italian, Kiss French, be MACEDONIAN!!!

Отсутен Leonid

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 859
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #437 на: 08 Јуни 2020, 19:35:49 pm »
Колку те чинеше тој систем?
Мислам дека 900 еур, пред 8-9 год
Не менувам ни јас ништо со вентили, и не мораше доле бојлер да ставам,ама јас сакав


Околу потрошувачката една груба пресметка ако пумпата врти секој ден цела година по 7ч,а не е толку би потрошила некои си 10е,што е занемарливо малку.

Инаку за 7-8 години никаков ама баш никаков проблем,ниту гликол дополнето,ниту замрзнато,ниту замарање со вентили.За 960е ,односно 660е,300е е бојлерот кој е еден и единствен ниту имам главоболки ,вентили,дополнување и слични.

Отсутен AlexAl1en

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 415
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #438 на: 21 Декември 2021, 07:23:30 am »
Колку ќе ме чини се комплет еден панел и бојлер од 150л?
Не знам како се моментално со цените, па ако некој знае или има монтирано во скоро време.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #439 на: 21 Декември 2021, 13:52:23 pm »
https://elektropanel.com.mk/

Другар смени греачи на својот бојлер кај овој човек, технологијава наводно е рекреирана од некој изум на НАСА, тенки жички се во прашање.

Конверзија на бојлер во ваков тип на греачи чини 4000 денари и троши 1.2 kW наспроти 2.5/3.0 kW колку што троши конвенционален греач.

Е сеа, доброто е што греачите одат на надворешната страна од котелот и ги греат сите 80 литри подеднакво. Бонус, многу, многу помалку каменец.

Пред да решиш да инвестираш во солар, можда вреди да го пробаш ова. :)

Човеков со исти тип греачи прави и грејни тела панелки од 600 и 1200 W, имав земено една за проба дома, грее растура и е неспоредлива со обична панелка зошто покрај топол воздух од горе, зрачи топлина и од напред и од позади. За затворена изолирана просторија со врата си загрева уредно таа од 1200W.

За жал кај мене е голем во должина салонот и ќе ми требаа две, а тоа ми беше преголема инвестиција за стан што не е мој :)

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #440 на: 22 Декември 2021, 10:06:16 am »
Овој и онак со парното се. Се друго е мики маус

Sent from my SM-N770F using Tapatalk


Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7387
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #441 на: 22 Декември 2021, 10:28:50 am »
Во време на поскапување на струјата, не знам зашто не би било добро да користиме греење кое е 50% поефтино?

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #442 на: 22 Декември 2021, 10:40:54 am »
Кажувам што видов на мерни инструменти, не е теорија ова.

Панелката од напред и позади кога е фул загреана зрачи ~100°C и влече 1.22 kW.

Бојлерот исто, 1.22 kW. Ако претходно на чистен бојлер можеле да се тушираат 1.5 човек, сега комотно двајца и останува вода.


Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #443 на: 22 Декември 2021, 10:41:23 am »
.
« Последно менување: 22 Декември 2021, 16:30:48 pm achtung »

Отсутен bear

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1997
  • If you can dream it, you can do it.
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #444 на: 22 Декември 2021, 10:47:03 am »
Никогаш не вели никогаш.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7057
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #445 на: 22 Декември 2021, 12:13:56 pm »
Не ми е јасно смо околу начинот на загревање на бојлерот, ако греачот е надвор од казанот, од една страна е добро, нема да создава бигор но од друга страна како ќе се рамномерно загрее водата. Не е дека внатре има некоја перка...
Башка, обично надвор од казанот е изолацијата, каде би дошла таа во случајов?

Дали некој знае која цена му се движат панелките?

Отсутен JezuzNoChill

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1000
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #446 на: 22 Декември 2021, 13:13:20 pm »
Alex си праша колку чини соларно, а вие му викате да крши закони на термодинамика.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #447 на: 22 Декември 2021, 13:45:45 pm »
Не ми е јасно смо околу начинот на загревање на бојлерот, ако греачот е надвор од казанот, од една страна е добро, нема да создава бигор но од друга страна како ќе се рамномерно загрее водата. Не е дека внатре има некоја перка...
Башка, обично надвор од казанот е изолацијата, каде би дошла таа во случајов?

Дали некој знае која цена му се движат панелките?



Е сеа според дијаграмов, користи кабли обични кои се ставени во метална фолија дури би рекол коаксијален кабел :) со стаклена волна врз тоа?

Не разбирам. Ако е изолиран кабелот како пренесува топлина на бојлерот, па од бојлерот на водата?

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #448 на: 22 Декември 2021, 13:48:48 pm »
Му даваме алтернатива да си преполови струја потрошена за греење вода, а да не е инвестиција од неколку илјади евра.

Со тоа, би замолил постовиве да се преместат во Еко Куќи, не припаѓаат тука.

Не ми е јасно смо околу начинот на загревање на бојлерот, ако греачот е надвор од казанот, од една страна е добро, нема да создава бигор но од друга страна како ќе се рамномерно загрее водата. Не е дека внатре има некоја перка...
Башка, обично надвор од казанот е изолацијата, каде би дошла таа во случајов?

Дали некој знае која цена му се движат панелките?

Термостат си мери кога е загреана водата, физики не знам многу како оди циркулацијата.

Иначе конвертира само бојлери полнети со тервол, не со пурпена, ги лепи греачите на котелот, ја враќа и додава плус изолација.

Панелките се од 4500 до 6000 мислам, има разни модели а прави и custom нарачки со дебела плочка на предниот дел, или принтано стакло.

Присутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5856
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #449 на: 22 Декември 2021, 14:07:26 pm »
Никаква струја нема да преполови,у оваа вујкојебана ништо не функционира.
Порано болјерот нонстоп вртеше,се готвеше и печеше во ел.шпоре,сијалици по 100 вати,телевизори од тие големите галабарници шо трошеа како лада,денес имам соларно 200л,сеа кога е ладно бољеро е приклучен на парно и воопшто не трошам струја за вода,готвење на плин,лед панели по 18 вати,телевизори тенки шо трошат 40-50 вати и сметката е иста.

Sent from my MAR-LX1A using Tapatalk