Автор Тема: Соларни системи-панели  (Прочитано 115824 пати)

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7076
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #420 на: 03 Јуни 2020, 18:31:35 pm »
Од Јуни до Декември во МК не ти треба солар, само буре црно на кров.

Проблемот е кога не е лето, за да заштедиш ти треба поголем акумулатор на топлина бидејќи водата нема да биде загреана на 61°С како сега. Ќе се загрее на околу 35-40°С, што доволно за бањање, ама ти треба поголема количина бидејќи нема да ја мешаш со ладна.

Отсутен alternox

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 4
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #421 на: 03 Јуни 2020, 22:55:11 pm »
Здраво,

Добив понуда од Euroterm за соларен панел вклучително со цени и количини за монтажа на целиот систем. Во понудата нема внесено ставка за болјер бидејќи веќе имам од Тинг Инокс 100 литарски бојлер. Ме интересира мислење дали цената за понудата е ОК?

Однапред благодарам!

Не знам како идат цените во моментов за да кажам дали е скапо или не. Ама гледам друг можен проблем,  100 литарски бојлер ми изгледа премал за да ставиш солар. Тоа што е со две спирали е ако имаш сопствено парно, па да искористиш додека грееш.

Иначе водата со солар нема да се грее на 70-80°С како сега со греачот, а зимно време уште помалце, ќе треба да догреваш пак со ел. греач. Мислам дека нема да ти се исплати, ти треба поголем бојлер.

Исто и економската исплатливост, за колкаво семејство се работи, колку вода се троши.....

Благодарам за одговорот. Инаку не споменав, се работи за 4-ри члено семејство и топлата вода се користи првенствено за туширање, но и дополнително за уште 2 славини во бања и во кујна. 

Прашував пред се за цената, но исто ме интересираше и дали 100 литарски болјер би ги задоволил дневните потреби за топла вода со оглед на тоа дека панелот е 2.5м2 во споредба со панел од 2м2 кој мислам повеќе би одговарал за болјер од 80 литри.

Дали ако во моментов остане овој систем со 100 литарски болјер, а во иднина се замени со 150 литарски, големината на панелот од 2.5м2 ќе биде оптимална за таков болјер и загревањето на водата ќе биде побрзо во споредба со моменталниот 100 литарски болјер?

Отсутен alternox

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 4
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #422 на: 03 Јуни 2020, 23:11:25 pm »
Колку што ме држи сеќавањето кога го местев соларот огледалото од 2.5м2 беше околу 12000ден.,пумпата е околу 50-60е.А зошто има во понудата електромагнетен вентил,за каде е тој вентил,затворените системи немаат електромагнетен вентил.Диференцијалниот термостат е околу 40е,експанзиониот сад околу 20-25е.

Инаку јас имам таква комбинација и за 4 возрасни си е повеќе од доволно.Овој период, вчера и денес немам вклучено грејч,зимно време од парното си се топли водата,а за туширање 45С се доволни.
Мене ме чинеше некои си 970-980е со инокс бојлер а само бојлерот беше 300е,така да без бојлер околу 670-700е би било.Денес водата во бојлерот беше 61С.

Фала за информацијата за цените! Вероватно во понудата малку повисока е цената за панелот. А електромагнетниот вентил воопшто незнам дали е потребен или не за ваков систем.

Инаку јас имам таква комбинација и за 4 возрасни си е повеќе од доволно.

Дали зборуваме исто за ваква комбинација со 100 литарски болјер, и дали зимно време (доколку цел ден би имало сонце) без догревање на водата преку парно, би стигнала температурата барем до 40 степени или ќе треба да затоплува исклучиво преку греач за да се постигне таа температура?

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7076
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #423 на: 03 Јуни 2020, 23:15:36 pm »
Здраво,

Добив понуда од Euroterm за соларен панел вклучително со цени и количини за монтажа на целиот систем. Во понудата нема внесено ставка за болјер бидејќи веќе имам од Тинг Инокс 100 литарски бојлер. Ме интересира мислење дали цената за понудата е ОК?

Однапред благодарам!

Не знам како идат цените во моментов за да кажам дали е скапо или не. Ама гледам друг можен проблем,  100 литарски бојлер ми изгледа премал за да ставиш солар. Тоа што е со две спирали е ако имаш сопствено парно, па да искористиш додека грееш.

Иначе водата со солар нема да се грее на 70-80°С како сега со греачот, а зимно време уште помалце, ќе треба да догреваш пак со ел. греач. Мислам дека нема да ти се исплати, ти треба поголем бојлер.

Исто и економската исплатливост, за колкаво семејство се работи, колку вода се троши.....

Благодарам за одговорот. Инаку не споменав, се работи за 4-ри члено семејство и топлата вода се користи првенствено за туширање, но и дополнително за уште 2 славини во бања и во кујна. 

Прашував пред се за цената, но исто ме интересираше и дали 100 литарски болјер би ги задоволил дневните потреби за топла вода со оглед на тоа дека панелот е 2.5м2 во споредба со панел од 2м2 кој мислам повеќе би одговарал за болјер од 80 литри.

Дали ако во моментов остане овој систем со 100 литарски болјер, а во иднина се замени со 150 литарски, големината на панелот од 2.5м2 ќе биде оптимална за таков болјер и загревањето на водата ќе биде побрзо во споредба со моменталниот 100 литарски болјер?

За загревање на 150 литри ќе треба повеќе енергија и време, логично.

Муабетот е дека ако во денови кога нема многу сонце од 8 до 15 часот температурата на водата е загрее до 30 степени на 100л ќе треба да догрееш до 50-60°С за да се бањате комотно, а и тогаш е прашање дали ќе стигне за четворица. Кај 150л ќе се загрее на уште помалце степени. Затоа ти треба доволен број на панели и доволно голем бојлер за да ти ги задоволи потребите со минимално палење на греачот. Не е само да дадеш 900 еур за солар колку да имаш солар и да го исплатиш за 10 години.

Подобро обрати се до некој а ти направи пресметка, затоа што сум сретнувал комбинирани системи платени многу илјади еур. кои не функционирале, биле лошо димензионирани.

Еве расчитај малце, па види што ти одговара. Обрати се и до @Onak на форумов. Да не се расфрлам со бројки, одамна сум надвор од оваа бранша.

https://www.bosch-climate.rs/proizvodi/solarna-energija/solarni-kolektori/solarni-setovi-4000-tf/solarni-set-1.html
« Последно менување: 03 Јуни 2020, 23:42:37 pm AUUU »

Отсутен AUDI

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2205
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #424 на: 04 Јуни 2020, 00:08:05 am »
Вака,за 80л бојлер се става 2м2 огледало,за 100л бојлер 2.5м2 огледало,за 150л бојлер 2х2м2 или 2х2.5м2.Ти можеш и на 80л бојлер да ставиш 2х2м2 огледало но водата ќе врие.Можеш и на 150л да стави едно огледало од 2м2 но нема да имаш топла вода.Тоа е некој стандард или правило по кое се придржаваат мајсторите.

До сега каков бојлер си имал?Претпоставувам 80литарски и нон стоп вклучен.

И , ако имаш сонце иако времето е ладно водата ќе се загрее за туширање без да се вклучува греачот.

Денес во Кавадарци времето беше претежно сончево со мах температура од 23С некаде,во 14ч кога си дојдов од работа бојлерот беше загреан над 60С,со еден бојлер се врзани два тоалети,сите дома туширани и сеуште си има вода која треба разладување за туширање.

И да напоменам пак ова е 100л бојлер и 2.5м2 огледало Werner full plate.

Огледалта се тие,од 2м2 и од 2.5м2.Бојлерите се тиа 80л,100л,150л,200л.
Димензионирањето е тоа,цените се горе долу тие,ја најдов понудата и за Огледалото сум платил 235е,за пумпата  платено 62е,за диференијалниот термстат 45е,цевки,работна рака,вентили,автоматско лонче,експанзионент сад сето комплет 960е.Веќе 7-8 години презадоволен од целиот систем,без никакви проблеми.
« Последно менување: 04 Јуни 2020, 00:15:16 am AUDI »
Drink Russian, Drive German, Wear Italian, Kiss French, be MACEDONIAN!!!

Отсутен alternox

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 4
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #425 на: 05 Јуни 2020, 04:34:51 am »
Вака,за 80л бојлер се става 2м2 огледало,за 100л бојлер 2.5м2 огледало,за 150л бојлер 2х2м2 или 2х2.5м2.Ти можеш и на 80л бојлер да ставиш 2х2м2 огледало но водата ќе врие.Можеш и на 150л да стави едно огледало од 2м2 но нема да имаш топла вода.Тоа е некој стандард или правило по кое се придржаваат мајсторите.

До сега каков бојлер си имал?Претпоставувам 80литарски и нон стоп вклучен.

И , ако имаш сонце иако времето е ладно водата ќе се загрее за туширање без да се вклучува греачот.

Денес во Кавадарци времето беше претежно сончево со мах температура од 23С некаде,во 14ч кога си дојдов од работа бојлерот беше загреан над 60С,со еден бојлер се врзани два тоалети,сите дома туширани и сеуште си има вода која треба разладување за туширање.
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

И да напоменам пак ова е 100л бојлер и 2.5м2 огледало Werner full plate.

Огледалта се тие,од 2м2 и од 2.5м2.Бојлерите се тиа 80л,100л,150л,200л.
Димензионирањето е тоа,цените се горе долу тие,ја најдов понудата и за Огледалото сум платил 235е,за пумпата  платено 62е,за диференијалниот термстат 45е,цевки,работна рака,вентили,автоматско лонче,експанзионент сад сето комплет 960е.Веќе 7-8 години презадоволен од целиот систем,без никакви проблеми.

Веќе неколку години го користам бојлерот кој е инокс комбиниран 100 литарски болјер од Тинг Инокс со 20 години гаранција и досега сум немал никаков проблем со него.

Инаку во споредба со цените горе доле не гледам некоја голема разлика, со тоа што мислам во мојата понуда додадени се неколку ставки кои воопшто нема ни да влезат во крајната пресметка бидејќи нема ни да се користат за овој затворен систем.

Како и да е, благодарам на деталното објаснување, така што вероватно во овој момент би одел со оваа понуда со 2.5 м2 панел на постоечкиот 100 литарски бојлер, со опција доколку во иднина се замени со 150 или 200 литарски болјер, би се додал и уште еден панел од 2.5м2.

Отсутен Leonid

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 859
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #426 на: 05 Јуни 2020, 07:56:01 am »
Убаво си кажа @AUDI , подобро е што поголем панел бидејќи тој ја брка целата работа односно ја впива сончевата топлина, ама во топлите денови ако е избран мал бојлер се јавува проблем - претопла вода. Обратно, голем бојлер и мал панел = немаш топла вода
Затоа не правете upgrade и експерименти

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6130
  • 69
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #427 на: 05 Јуни 2020, 10:10:06 am »
Сервис некој да препорача за солар со цевки...
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен AUDI

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2205
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #428 на: 05 Јуни 2020, 16:51:25 pm »
Убаво си кажа @AUDI , подобро е што поголем панел бидејќи тој ја брка целата работа односно ја впива сончевата топлина, ама во топлите денови ако е избран мал бојлер се јавува проблем - претопла вода. Обратно, голем бојлер и мал панел = немаш топла вода
Затоа не правете upgrade и експерименти

Точно така,роднина има 150л бојлер и 2х2.5м2 огледала,но до 16-17ч водата во бојлерот не се троши температурата е преку 90С и притисокот расте и преку сигурносниот вентил вишокот се исфрла.

Кај мене веќе пред 9ч наутро диференцијалниот термостат регистрира дека водата во бојлерот е пониска за 5С од водата во огледалото и ја вклучува пумпата,што значи дека водата во бојлерот се загрева.Се до некаде 16ч пумпата се вклучува и ја догрева водата во бојлерот,односно работата на диференцијалниот термостат е да ја мери разликата на температурата во течноста во бојлерот и во соларот и ако температурата на течноста во соларот е повисока од 5С од температурата во бојлерот да ја вклучи пумпата и течноста да врти се додека таа температура не стане помала од 5С.Воедно диференцијалниот термостат има поставки со кои ја вклучува пумпата ако температурата стане пониска од 0С во соларотшсо што го штити од замрзнување.Овие поставки можат да се подесуваат индивидуално.

Повторно да напоменам димензионирањето е тоа,за 80Л бојлер доволно е 2м2 огледало,за 100л бојлер доволно е 2.5м,за 150л бојлер 2х2м2 или евентуално 2х2.5 но да се троши водата.

Главни компоненти на затворен систем се,огледало(панел),пумпа(вило или грундфус),диференцијален термостат,автоматско лонче,експанзионен сад,манометар комбиниран со термометар,котловски две славини и останато се цевки фитинзи и остали работи.

Drink Russian, Drive German, Wear Italian, Kiss French, be MACEDONIAN!!!

Отсутен Leonid

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 859
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #429 на: 05 Јуни 2020, 19:48:43 pm »

По муабетов, кај тебе бојлерот не е на кров, туку е пониско од панелот,и затоа имаш диференцијален термостат и пумпа за антифризот
Ако е термосифонски = се е на кров, немаш електроники  и спомнативе елементи

Отсутен AUDI

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2205
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #430 на: 05 Јуни 2020, 23:19:41 pm »
Термосифнските или кинеските системи се од отворен тип и немаат пумпа но ако е на мала висина и ако нема доволно притисок се поставува пумпа за да го зголеми протокот,и има електроника и тој систем.Мора нешто да го контролира кога да се дополни со вода,да знаеш колку вода има во системот,колку и е температурата и сл.

Тука има подетално објаснето и сликовито прикажано

http://www.termosistem.com.mk/solarni-sistemi-razliki-pomegju-termosifonski-i-sistem-so-pumpa/
Drink Russian, Drive German, Wear Italian, Kiss French, be MACEDONIAN!!!

Отсутен Leonid

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 859
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #431 на: 05 Јуни 2020, 23:44:40 pm »
Термосифнските или кинеските системи се од отворен тип и немаат пумпа но ако е на мала висина и ако нема доволно притисок се поставува пумпа за да го зголеми протокот,и има електроника и тој систем.Мора нешто да го контролира кога да се дополни со вода,да знаеш колку вода има во системот,колку и е температурата и сл.

Тука има подетално објаснето и сликовито прикажано

http://www.termosistem.com.mk/solarni-sistemi-razliki-pomegju-termosifonski-i-sistem-so-pumpa/
Јас имам термосифонски затворен систем. Топлиот гликол по природен пат циркулира. Притисокот го прави ладната вода,исто како кај обичен бојлер
Колку топла вода зимам, толку ладна вода дополнува, исто ко обичните бојлери. Никаква електроника, пумпи и без никаква потреба од струја
« Последно менување: 05 Јуни 2020, 23:49:54 pm Leonid »

Отсутен NUME

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5726
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #432 на: 06 Јуни 2020, 07:58:21 am »
Znaci od 100 koristis 60 zatoa sto non stop vlaga ladna voda koja ja ladi toplata za da imas pritisok...

Отсутен Leonid

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 859
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #433 на: 06 Јуни 2020, 08:08:23 am »
Znaci od 100 koristis 60 zatoa sto non stop vlaga ladna voda koja ja ladi toplata za da imas pritisok...
Да, и не ми откажала сонда, диференцијален термостат, пумпа, и можам да го користам кога нема струја, а и не трошам струја со пумпа непотребно. Водата ми доаѓа одма, а не по 5 минути како кај отворените, па и на топлата вода ставаат пумпа за да не "моча"
4 члено семејство го користиме 9 месеци без догревање, остатокот со догревање

Отсутен AUDI

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2205
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #434 на: 07 Јуни 2020, 20:59:44 pm »
Ретко се става тој систем,нешто измеѓу отворен и класичен систем затворен систем.Не знам колку и како е ефикасен,но ако нема некоја електроника зимно време како се штите од замрзнување,сепак надвор е,нема ли нешто што ќе го вклучи греачот ако температурата падне на критична точка?Има ли некој манометар/термометар што покажува колку е притисокот на гликолот а и температурата на водата?Дали и зимно време е во функција или имаш и друг бојлер па со вентили го сопираш овој.

Инаку пумпата троши некои си 60-80вати не е тоа некоја потрошувачка.
А струја не знам.кога последен пат снемало.