Автор Тема: Соларни системи-панели  (Прочитано 115828 пати)

Отсутен Leonid

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 859
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #405 на: 10 Мај 2020, 10:31:15 am »
Проблемите се јавуваат кај отворени системи т.е. низ иста цевка се полни и се празни системот. Кај нив има сонда - јавува кога бојлерот е празен/полн, трокрак вентил-ја пренасочува водата, ел.маг.вентил - отвара/затвара кога ќе добие сигнал од сондата, дисплеј кој кажува температура на водата... се ова е на струја, и кога тогаш ќе затаи
Затворен термосифонски систем е со панел и бојлер на кров, има цевка за довод на ладна вода и цевка за довод на топла вода. Во панелот и змијата на бојлерот кружи антифриз, по природен пат, значи нема стрија,електроники и слично
Ако некој размислува да стави солар, ќе му го објаснам разводот на цевките во wc.
П.с. Солар за 400еур има само кинески, ќе си имате проблеми веќе кажани, и водата ќе биде помалку стоплена во однос на квалитетен солар. Не работам со солари, туку ставав кај мене, и гледам низ годиниве што се случува
Не де сите со една цевка. И тоа е најмалиот проблем.

Кречот/бигорот е проблемот.

Во Струга каде има мека вода ќе работи секаков бојлер и со една и со две цевки и отворен и затворен. Во Скопје не е така.
Го користам 7 години, никаков проблем, 12 месеци, во Скопје

Отсутен plockaMK

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 86
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #406 на: 10 Мај 2020, 17:15:43 pm »
Луѓе имам колектор за топла вода од пред некаде 8-9 години.
Од неодамна Имам проблеми за да добијам млака вода. Или добивам ладна или врела кога ги вртам тие. Исто така некако како да ми е слаб притисокот.

Колекторот е од старите системи, Односно без греач. Дополнително имам Болјер доле кој го уклучувам кога нема сонце.

Да не знае некој, дали воопшто е проблем до колекторот или можеби чешмата.
Напоменувам, не е извршено никакво сервисирање откако е монтиран.



Присутен AUDI

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2205
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #407 на: 10 Мај 2020, 17:17:11 pm »
Јас имам повеќе од 8 години затворен систем,огледало од 2.5м2 фул плејт некое беше и инох бојлер од 100л со два изменувачи,експанзионен сад,пумпа и диференцијален термостат.Околу 960е го платив од кои  300е беше бојлерот.Полн е со гликол(антифриз речено).Проблеми никакви.Бојлерот е поврзан и со парното.
Drink Russian, Drive German, Wear Italian, Kiss French, be MACEDONIAN!!!

Отсутен Leonid

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 859
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #408 на: 10 Мај 2020, 18:55:31 pm »
Луѓе имам колектор за топла вода од пред некаде 8-9 години.
Од неодамна Имам проблеми за да добијам млака вода. Или добивам ладна или врела кога ги вртам тие. Исто така некако како да ми е слаб притисокот.

Колекторот е од старите системи, Односно без греач. Дополнително имам Болјер доле кој го уклучувам кога нема сонце.

Да не знае некој, дали воопшто е проблем до колекторот или можеби чешмата.
Напоменувам, не е извршено никакво сервисирање откако е монтиран.
Отворен или затворен систем?
Провери дали имаш антифриз во системот?

Отсутен NUME

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5726
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #409 на: 10 Мај 2020, 21:53:43 pm »
Imam 150l otvoren kineski i pumpa, pred 2 nedeli go cistev od bigor posle 2 godini, nemase mnogu no ne bese ni malku samo izvadi mrezickite od cesmi, obavezno pumpa za pritisok i da zeza nekogas polnenjeto,, znae da iskluci pred vreme a ne e poln prezadovolen sum, ke mora uste eden da lupnam malce mi e 150 l za 5 clena... Smetka za struja od 1300 do 1800 denari, sega naracav i termo mesac ventili za masina za sadovi i perenje vodata da vlaga so 40 stepena vo masinite, steta sto imame tvrda voda

Отсутен UrSa1986

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1506
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #410 на: 10 Мај 2020, 22:18:07 pm »
Гледам околните куки сите со се бојлери горе и со цевки, најобични.

Мене би ми бил само за топла вода. Ми се јави еден од Струмица, ми нудеше таков со цевки наједноставен 200 литри за 12000, целосна инсталација со Пионир електроника и греач горе во бојлерот. Вика зимно време загрева до некои 30 степени, после ќе си го пуштиш греачот и ке догрее, ништо додатно не ми требало. Не знам во пракса ова како ќе биде, ако надвор е -15.

Овие што се соларни со панел, бојлерот може да е горе? Или внатрешен мора да е, со влез од солар плус грејач во него?
Проблем ми е бојлерот немам кај да го ставам внатре


Отсутен NUME

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5726
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #411 на: 10 Мај 2020, 23:21:46 pm »
Daj kontakt tekosolar imam jas isto e se kaj site...

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #412 на: 10 Мај 2020, 23:24:51 pm »
Imam 150l otvoren kineski i pumpa, pred 2 nedeli go cistev od bigor posle 2 godini, nemase mnogu no ne bese ni malku samo izvadi mrezickite od cesmi, obavezno pumpa za pritisok i da zeza nekogas polnenjeto,, znae da iskluci pred vreme a ne e poln prezadovolen sum, ke mora uste eden da lupnam malce mi e 150 l za 5 clena... Smetka za struja od 1300 do 1800 denari, sega naracav i termo mesac ventili za masina za sadovi i perenje vodata da vlaga so 40 stepena vo masinite, steta sto imame tvrda voda
Како и секоја работа, може и да се погоди со помалку проблеми. Среќник си :)

Гледам околните куки сите со се бојлери горе и со цевки, најобични.

Тоа што гледаш бојлер и цевки не значи дека сите се со ист систем.

Ако добро се сеќавам, имаш термосифонски, отворен систем без изменувач, отворен систем со изменувач, и сите на прв поглед изгледаат слично.

Потенцијалните проблеми со отворениот систем се претходно објаснети, и ако поставиш камери да ги снимаш околните куќи гарантирам дека ќе забележиш барем една интервенција (сервис) годишно на кровот.
Многу од тие колектори стојат како украс и не се користат бидејки на нос им излегла заштедата за струја.


Има примери и како Нуме кои се среќлии и сами си ги колат јагнињата :)


Отсутен NUME

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5726
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #413 на: 11 Мај 2020, 00:10:28 am »
 8)

Присутен AUDI

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2205
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #414 на: 11 Мај 2020, 00:36:56 am »
И уште една ситница што малкумина ја знаат во врска со кинескиве системи е тоа што некако магично температурата па и зимно време не паѓа под некои си 30С или 40С или пак 20С зависи кој монтажер како ја подесил електрониката за да го вклучува греачот под некоја си температура и под таа никако да падне водата,па и зимно времe...
Најверојатно снегот има некој си што ти ја знам напон,сончеви зраци апсорбирани во него па ја грее водата....



И уште една мала ситница што ретко се кажува е тоа што ако земеш кинески систем од 150Л вушност имаш капацитет од некои си 120л,тиа некои си 30л се во самите цевки и дното на бојлерот,ако земеш од 120л имаш всушност испод 100л вода.Познаник пред некоја година намести од 150л систем,го мереше капацитетот излезе дека не е 150л,па рекламираше па му го сменија со 200л систем.

Цимер а воедно и  пријател е монтажер на парно системи,соларни системи односно за се што е поврзано со ладење,греење и вентилација па имам разговарано на оваа тема и од него ги знам овие работи.
« Последно менување: 11 Мај 2020, 00:50:59 am AUDI »
Drink Russian, Drive German, Wear Italian, Kiss French, be MACEDONIAN!!!

Отсутен Leonid

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 859
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #415 на: 11 Мај 2020, 06:04:05 am »
Леов бојлер + еуротерм панел е проверена комбинација.
Зошто се замарате со големина на бојлерот, кога панелот е тој што апсорбира топлина и ја пренесува со бојлер?
https://www.hercegovina.info/zanimljivo/ostala-tehnologija/sto-je-to-solarni-termosifon-sustav/70523/
Нема струја, нема проблеми

Присутен AUDI

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2205
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #416 на: 11 Мај 2020, 09:33:15 am »
Не е баш така лаички леов бојлер и еуротерм панел/огледало.Стави леов бојлер од 150л и панел од 2м2 и оп немаш топла вода.Ама стави 80л тинг инох и 2.5м2 панел и имаш прежешка вода.За 80л бојлер панел од 2м2,за 100л 2.5м2 панел,за 150л 2х2.5м2 панел,тоа се некаде горе долу спецификациите,братучед ми минатото лето стави 150л бојлер и 2х2.5м2 панел но преку ден не ја троши водата и истата достигнува превисока температура преку 90С.Јас како што кажав имам 100л бојлер и 2.5м2 мислам вернер фул плејт огледало до 80С некаде доаѓа летно време.
Drink Russian, Drive German, Wear Italian, Kiss French, be MACEDONIAN!!!

Отсутен alternox

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 4
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #417 на: 02 Јуни 2020, 23:16:57 pm »
Здраво,

Добив понуда од Euroterm за соларен панел вклучително со цени и количини за монтажа на целиот систем. Во понудата нема внесено ставка за болјер бидејќи веќе имам од Тинг Инокс 100 литарски бојлер. Ме интересира мислење дали цената за понудата е ОК?

Однапред благодарам!

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7076
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #418 на: 03 Јуни 2020, 00:51:30 am »
Здраво,

Добив понуда од Euroterm за соларен панел вклучително со цени и количини за монтажа на целиот систем. Во понудата нема внесено ставка за болјер бидејќи веќе имам од Тинг Инокс 100 литарски бојлер. Ме интересира мислење дали цената за понудата е ОК?

Однапред благодарам!

Не знам како идат цените во моментов за да кажам дали е скапо или не. Ама гледам друг можен проблем,  100 литарски бојлер ми изгледа премал за да ставиш солар. Тоа што е со две спирали е ако имаш сопствено парно, па да искористиш додека грееш.

Иначе водата со солар нема да се грее на 70-80°С како сега со греачот, а зимно време уште помалце, ќе треба да догреваш пак со ел. греач. Мислам дека нема да ти се исплати, ти треба поголем бојлер.

Исто и економската исплатливост, за колкаво семејство се работи, колку вода се троши.....

Присутен AUDI

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2205
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #419 на: 03 Јуни 2020, 13:46:35 pm »
Колку што ме држи сеќавањето кога го местев соларот огледалото од 2.5м2 беше околу 12000ден.,пумпата е околу 50-60е.А зошто има во понудата електромагнетен вентил,за каде е тој вентил,затворените системи немаат електромагнетен вентил.Диференцијалниот термостат е околу 40е,експанзиониот сад околу 20-25е.

Инаку јас имам таква комбинација и за 4 возрасни си е повеќе од доволно.Овој период, вчера и денес немам вклучено грејч,зимно време од парното си се топли водата,а за туширање 45С се доволни.
Мене ме чинеше некои си 970-980е со инокс бојлер а само бојлерот беше 300е,така да без бојлер околу 670-700е би било.Денес водата во бојлерот беше 61С.
« Последно менување: 03 Јуни 2020, 15:05:51 pm AUDI »
Drink Russian, Drive German, Wear Italian, Kiss French, be MACEDONIAN!!!