Му даваме алтернатива да си преполови струја потрошена за греење вода, а да не е инвестиција од неколку илјади евра.
Со тоа, би замолил постовиве да се преместат во Еко Куќи, не припаѓаат тука.
Не ми е јасно смо околу начинот на загревање на бојлерот, ако греачот е надвор од казанот, од една страна е добро, нема да создава бигор но од друга страна како ќе се рамномерно загрее водата. Не е дека внатре има некоја перка...
Башка, обично надвор од казанот е изолацијата, каде би дошла таа во случајов?
Дали некој знае која цена му се движат панелките?
Термостат си мери кога е загреана водата, физики не знам многу како оди циркулацијата.
Иначе конвертира само бојлери полнети со тервол, не со пурпена, ги лепи греачите на котелот, ја враќа и додава плус изолација.
Панелките се од 4500 до 6000 мислам, има разни модели а прави и custom нарачки со дебела плочка на предниот дел, или принтано стакло.
Не може да се намали потрушувачката со истиот тип на греење. Тоа дали има придобивки за бигор/одржување не знам. Ама потрошувачка на енергија за истата количина на вода ќе биде иста.
Еее, арно ама - Скопска вода и бигор

Ќе биде иста, на почеток - додека е нов бојлерот и грејачот не е обвиткан со бигор и немаш 30л бигор во казанот. Кој чистел бојлер од скопски бигор јасно му е зошто топла вода има за пола туширање а бојлерот цел ден упален. Грееме камен, а не вода, или 50% камен, 50% вода. Потоа, ладната вода си го лади тој камен, ајде пак од поново. Топли си го каменот у бојлер. После само 2 години (нормално четиричлено семејство со две деца запишани на спортски активности), би рекол ефикасноста е крш на бојлер користен на скопска вода. Јас ги фрлам и си купувам нов за 100 евра после 3-4 години.
Ако системов е исто ефикасен или 90% ефикасен колку класичен бојлер (јас верувам дека е помалку ефикасен овој со грејач од надвор во однос на нов бојлер, бидејќи постои бариера помеѓу грејното тело и течноста), тогаш вреди да се конвертира, ама строго нов и чист бојлер.
Друго загрижувачко е безбедноста на системот. Се надевам дека има некое рационално решение (на пример грејачот е електроизолациски одвоен од металниот казан).
Вака отприлика изгледа скопски бојлер после 4-5 години:



