Clio-то е супер! надвор изгледа ептен интересно, разиграно, динамично - баш како што треба да изгледа едно градско количе, онака позитивно.
Имам неколку забелешки, а тоа се грдите DRL - незнам зашто така лошо и кинески ги наместиле, ама ајде можам и со нив да живеам некако
Исто кваките на задните врати се малце глупави ( плитки) па не се отвараат така лесно, се лизга раката од кваката. Ама пошто тоа е цената на убавиот изглед со скриените кваки, нека биде - ОДЛИЧНО
Внатре е онака незнам, малце тоа кај екранот и се некако празно ми изгледа, ама е океј.
Незнам зашто, ама многу ме нервира што командите "на волан" се уствари позади волан и попушташ музика као да мењаш брзина на типтроник. Ова го има и во неколку пежоа, цитроени и ми е страшно голема глупост
Се на се, одлично ауто, убаво на изглед, пристојно и внатре - големо браво за Рено.
Да требало сега да купувам кола во таа класа, покрај фиестата ова би било тука дефинитивно во конкуренција.