Еве сум бе Зеровски,верувам дека и Прчовски ќе се изјасни покасно
Отприлика и очекував позитивни коментари за количево,а да бидам искрен не многу од Зеро и Дени ама ете и тоа дочекав
Немав прилика да го возам количево,ама видов и прочитав доста за него.Една од најпозитивните работи е тоа што со новиов 0.9 мотор тежи само 1007кгр што мислам дека е одлично.
Визуелно е ствар на вкус,мене лично не ми се допаѓаат тие дневните светла,ми делуваат како да се отпосле ставани и фаровите можело да бидат малку помали.
Задниот дел и странично ми се допаѓа многу.
Изборот на алумински бандажи е ужасен,освен овие на тестново клио кои личат на нешто,другите се кој од кој по шабански.
Ентериерот е одличен,со тоа што јас би го исфрлил тој пиано финишот.Опремата е како во возило од повисока класa што е за пофалба.
Може да се добие и кожен волан во средното ниво за 200е.
Е сега цената,богами се забораиле малце ама за брзо време ќе си легнат работите.Каталошката цена ептен ја претерале ама ако отидеш во салон колата би ја земал за
Значи моменталната цена е 13200е а доплата за Дци 65кс е 600е,а пак за Дци 90 кс доплатата е околу 1500е. што пак мислам дека е многу за возило од оваа класа.Најопремената варијанта би требала да чини приближно колку ова.
Искрено би размисли дали воопшто се испплати да доплаќаш за дизел во оваа класа.Мислам дека иако смешно звучи 0.9 и те како ќе си ја врши работата.
Како и да е прекрасно градско возило и искрено за некое време кога ке легне цената би сакал да поседувам едно за низ град,нормално тест возило кое не би го платил повеќе од 10000е