Автор Тема: Фарови и осветлување  (Прочитано 383254 пати)

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2350
Одг: Фарови и осветлување
« Одговори #2385 на: 17 Септември 2024, 11:58:22 am »
Последен пат кога менував сијалички на кола во 2021 година, за средно светло (H7), запишав точен датум кога ги сменив, рикна едната па друга, ставив од различни фирми, па затоа и евидентирав за да видам дали има драстична цена во квалитет каква што е разликата во цената.

Едната сијалица беше Осрам, некои 300 ден ја платив тогаш, сменета на 10.12.2021 година

Другата сијалица беше Wurth, дупло поефтина (некои 150 ден), сменета на 10.10.2021 година.

Погодувате, пред некое време ми рикна Осрам-от. Нормално си купив Wurth сега, цената е 170 денари, а Осрам е 340 денари сега.

Мислев во пакет да ги сменам сега, ама оставив да видам колку ќе потрае Wurth сијаличката.
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен kimi makedonski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2748
  • Слобода или смрт
Одг: Фарови и осветлување
« Одговори #2386 на: 17 Септември 2024, 12:09:17 pm »
Wurth кај мене исто се покажале како најквалитетни.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5921
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Фарови и осветлување
« Одговори #2387 на: 17 Септември 2024, 12:10:55 pm »
Исто свети како Осрам?

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2350
Одг: Фарови и осветлување
« Одговори #2388 на: 17 Септември 2024, 13:52:39 pm »
Јас не сум приметил разлика во осветлувањето помеѓу Осрам и Вурт.
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен Ѓорѓи

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1353
Одг: Фарови и осветлување
« Одговори #2389 на: 17 Септември 2024, 14:14:24 pm »
H4 до сеа мислам дека осрам најјако ми светат, претходно имав нарва и вурт малце послабо светеа, најтрајни вурт дефинитивно.

Присутен fuzzjaw

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 429
  • Alfa Romeo Giulietta 1.4TB
Одг: Фарови и осветлување
« Одговори #2390 на: 18 Септември 2024, 17:14:07 pm »
Osram “ефтините“ сијалички светат плус минус како и било која друга сијалица од таа ценовна класа, можда се малку подобри од no name опциите. Скапите, од друга страна, од типот на NightBreaker Unlimited/Laser, се драматично подобри, ама и исто толку поскапи и помалку трајни. Со парите шо ги дадов на менување NightBreaker H7 на претходната кола, да ја чував уште една година ќе ми излезеше исто ценовно ко да сум платил негде за конверзија во Xenon, со лупи со се. Ич не траат, ама светат ненормално.

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7075
Одг: Фарови и осветлување
« Одговори #2391 на: 07 Октомври 2024, 10:42:21 am »
Дали ги бива овие сијалици, одосно дали ќе светат како на @MartinAlfista тие сијалиците на регистрација или не се до толку јаки?

https://carbox.mk/product/narva-led-sijalici-h7-12-24v-6500k/

Кај мене се Н7 на Голфот, ова не знам дали ќе пасува.

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43721
  • Il Moderatore
Одг: Фарови и осветлување
« Одговори #2392 на: 07 Октомври 2024, 10:54:09 am »
Дали ги бива овие сијалици, одосно дали ќе светат како на @MartinAlfista тие сијалиците на регистрација или не се до толку јаки?

https://carbox.mk/product/narva-led-sijalici-h7-12-24v-6500k/

Кај мене се Н7 на Голфот, ова не знам дали ќе пасува.
Баш така и ќе работат. Ќе светат на сите страни, само таму кај што треба - не :D

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Фарови и осветлување
« Одговори #2393 на: 07 Октомври 2024, 10:57:06 am »
Дали ги бива овие сијалици, одосно дали ќе светат како на @MartinAlfista тие сијалиците на регистрација или не се до толку јаки?

https://carbox.mk/product/narva-led-sijalici-h7-12-24v-6500k/

Кај мене се Н7 на Голфот, ова не знам дали ќе пасува.
Баш така и ќе работат. Ќе светат на сите страни, само таму кај што треба - не :D
Зошто така мислиш? Со малите чипови се овие колку што гледам, не се COB.

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8621
  • Малерозен дрводарец
Одг: Фарови и осветлување
« Одговори #2394 на: 09 Октомври 2024, 15:56:04 pm »
Ајде сега, чичини, да ве видам.

Што сијалица да се бара за максимално осветлување во гепек?
Има само една на лева страна и стандардната е многу слабо жолто светло.

Сакам да ставам нешто што кога ќе кренеш врата позади да ти истера очи како на Мартин таблиците.   ;D
Добра плата.
Прав скопјАнец.

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3878
Одг: Фарови и осветлување
« Одговори #2395 на: 09 Октомври 2024, 16:15:41 pm »
Земи ги комплет сосе таблици, од Мартин ледовите.
https://www.youtube.com/watch?v=Op7khbswmck

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5921
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Фарови и осветлување
« Одговори #2396 на: 09 Октомври 2024, 16:28:11 pm »
T10 168 или 194ки.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Фарови и осветлување
« Одговори #2397 на: 09 Октомври 2024, 16:31:42 pm »
Имам ЛЕД сијалици за таблица од Пежо/Цитроен, малце се користени, можеш да си експериментираш со нив.

Ќе исечеш две правоаголни дупки за уградња лево и десно, ќе ги поврзеш со истата жица од осветлувањето од гепек, и слободно ќе можеш со отворен гепек да:

- продаваш дрога на рејв на Козјак
- продаваш праски, грозје и лубеници во Неи Пори на плоштадот
- продаваш алки, менѓуши, Ермакс патики и Биркеншток папучи (директно од фабрика пошто имаш чоек трга по некој пар од лента)
- најдеш што и да ти треба во гепек кога не го користиш фрижидерот на тркала за комерцијални потреби.

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8621
  • Малерозен дрводарец
Одг: Фарови и осветлување
« Одговори #2398 на: 09 Октомври 2024, 17:24:22 pm »
Знам.
Ќе залепам panic light на долниот дел од даската и со учкурче - уОП! On/off, on/off...
Добра плата.
Прав скопјАнец.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5921
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Фарови и осветлување
« Одговори #2399 на: 02 Ноември 2024, 02:39:13 am »
Прв пат менувам халогенки Н7 на моја кола, ме запре полиција да ми каже дека едното светло ми е прегорено, па ми текна во 1ч по полноќ да менувам. Едната ја сменив (исправната) едвај бидејќи имаше нешто како црн силикон покрај неа и контактите на сијаличето се скршија и остана внатре, па едвај со виткање го извадов, но новото супер си легна. Другото сијаличе го стопило лежиштето во фарот или пак и тоа е мачкано со црн силикон. Пробав да направам нешто, но не успеав, само што мал дел од лежиштето во фарот напукна. Дали ќе има проблем и дали некој електричар би се занимавал со вакви работи? Сакам да заштедам, па не сум во план да купувам нови фарови.