Последен пат кога менував сијалички на кола во 2021 година, за средно светло (H7), запишав точен датум кога ги сменив, рикна едната па друга, ставив од различни фирми, па затоа и евидентирав за да видам дали има драстична цена во квалитет каква што е разликата во цената.
Едната сијалица беше Осрам, некои 300 ден ја платив тогаш, сменета на 10.12.2021 година
Другата сијалица беше Wurth, дупло поефтина (некои 150 ден), сменета на 10.10.2021 година.
Погодувате, пред некое време ми рикна Осрам-от. Нормално си купив Wurth сега, цената е 170 денари, а Осрам е 340 денари сега.
Мислев во пакет да ги сменам сега, ама оставив да видам колку ќе потрае Wurth сијаличката.