да не била оваа цена сигурно и немало да ја погледнеш астрата
Достапна беше, да, но не беше ни без пари. Башка, на моите дома не им се бендиса новиот модел, тогаш Х. Беше и таа варијанта во игра, иако беше малку поскапа. Си рековме сите, Класик 2 е поубава, а и поефтина.
Очигледно се заебавме.
и ден денес, класикот шо се продава, имаш опција да го земеш со повеќе опрема (изолации, ова - она). не е само КЛАСИК и готово, да немаш избор. јас кога ја зимав мојата, испадна некое си средно ниво на опрема, имаше многу повеќе пакети со опрема плус, од тоа што јас го имам. нормално, не е комплетно истата понуда на опрема како кога беше актуелен моделот, али има сепак избор.
и можам апсолутно да кажам, ја сум презадоволен со изборот што го направив.
Супер, мило ми е што ти се погодила.
Инаку, прв пат слушам да можеш да бираш ниво на изолација во кола. Неможно.
Ова беа пакетите на опрема, во 2008-ма (извадоци од ценовникот на Олимпиа моторс, во 2008-ма година):
1. Каросериски изведби со сериска опрема
2. Нивоа на опрема
3. Што содржи плус секое ниво на опрема
На ова, додади го и Beauty пакетот - ретровизори во боја на каросерија и кваките на вратите се хормирани.
Одеше и алуминиумски бандажи и радио во оваа опрема, но јас инсистирав да се извадат, пошто беа прескапи - по 400 евра и за фелните и за радиото.
Значи - купена е со највисоко можно ниво на опрема достапно во моментот. И? Пак нема изолација карактеристична за нивото на опрема.