Забегување непотребно, а воедно не ми го разбра одговорот. Едно возило може да има 5 брзини како поло 1.6 ТДи и 120 да му е при 2200 вртежи, или како Голф 2.0 ТДи да има 6 брзини и 120 да му е при 2200 вртежи, и Пасат ДСГ 2.0 ТДи во кој 120 е при 2200 вртежи во 7ма брзина. Тие сите имаат ист краен пренос, ќе потрошат исто гориво, ќе се движат исто кога се во последната брзина. Само нивните брзини се по расцепкани.
За разлика од нив атемосферците кои имаат 5 или 6 брзини постигнуваат 120 при 3500 вртежи. Ок?
Е сега на твоето прашање, која кола ќе потроши помалку гориво ако возат 10 минути. Таа што вози во втора брзина ќе потроши помалку гориво. Зошто? Затоа што и е потребна помалку енергија да се движи. со сигурност таа во 2ра ќе потроши доста помалку гориво.
Што е проблемот? Погрешно го постави прашањето. Прашањето неможе да го мериш во време, туку во растојание. Таа со трета брзина ќе помине доста поголемо растојание, па соодветно количеството на гориво во однос на поминатото растојание ќе е помало. Значи за да поминат исто растојание тој во трета ќе потроши помалку гориво. Но мерено во растојание, како што и треба.
Исклучиво под услов да се различно поставени брзините. Ако случајот е како оној погоре, каде 5та, 6та и 7ма брзина се овозможени 2200 вртежи при 120кмч, тогаш нема никаква разлика. Сите коли ќе потрошат апсолутно исто гориво, во идеални услови.
Затоа, како што реков, важна е поставеноста на брзините, а не нивниот број.
Соодветно:
Голф 1.2 ТСи 85кс во 5та е при 2500 вртежи.
Голф 1.6 102кс во 5та е при 3500 вртежи.
во иста брзина се, ама брзините им се различно поставени. Соодветно ТСи ќе троши помалку гориво.