Автор Тема: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа  (Прочитано 1104989 пати)

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10184
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #6300 на: 22 Февруари 2025, 09:28:32 am »
За јануари дали има некој добиено сметка дупло поголема од претходниот месец? тотален хаос со сметкиве за месец јануари
Проблемот настанува кога броилото не е читано од почеток на грејна сезона кога започнува поголемо трошење, при што сметките стигнуваат со помали износи. (Затоа најчесто во јануари се случува хаосот)
Нефактурираните киловати се акумулираат, и кога ќе се прочита броилото, се делат на деновите поминати од датумот на последната сметка и нормално дека ќе прејдат во   наредниот блок.

Отсутен deflatemod

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 2
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #6301 на: 22 Февруари 2025, 23:34:26 pm »
Здраво на сите нов сум на форумот ( гледам доста разработени теми па си реков ајде и јас да се вклучам ).
За оваа сезона правев комплет реновирање на 2 спрата во куќа ~120m2 кои решив да ги греам и ладам со топлотна пумпа воздух вода.
Греење комбинација радијатори и фенкојлери, регистри во WC , ладење фенкојлери. Ладење здравје ќе се тестира на лето.
Бидејки реновирав па за да имам помали загуби ставив пвц дограма рехау генео со трослојно стакло.
Дали има некој член на форумот кој има искуство со сетирање на ТП и кои се најдобри сетинзи за хистереза и останати глупости за да работи best efficient, нормално со што би се заштедило на долг рок на ел.енергија и на сметки.
ТП која се одлучив да ја купам е: Versati4 Monoblock GRS-CQ12Pd/NhG4-E ( знам дека антифриз и додатни греачи ми беа ектра трошок ради моноблокот но поради мое мало искуство и поставеноста на просторот се одлучив за таа комбинација ).
Од пумпата моментално сум презадоволен па еве да споделам сметките кои ми стигнаа за претходниот месец ( 4900 ден комплет, ТП, индукција плотна, бојлер, маш. за перење, компјутери итн... и оваа сметка која стигна јануари 7200 ).
ТП работи нон стоп 24/7 (навечер после 00 сетирање на 38 степени )со тоа што само една соба од 13м2 температура на 17степени ( ретко ја користиме ), останатиот простор се движи од 21,22 па до 24.
ТП е во комбинација со бафер 50Л и водата која ја пумпа е наместена на 40степени, кога беше поладен јануари меѓу 40 до 45 степени по потреба во зависност како си се осеќавме дома.
Дали има некој за конкретниот модел Versati4 Monoblock GRS-CQ12Pd/NhG4-E да сподели искуства.
Добредојде на форумот!

Немам да споделам искуство, ме интересира колку чинеше задоволството за ТП заедно со монтажата? Дали има гаранција и обезбеден сервис и делови, ова е прв пат да слушнам за таа фирма. Инаку, сметам дека доста економично си поминал со сметките, од моето искуство со класичен 18Кв котел на струја открив дека константна температура ми е најекономично, кај мене е наместен на 30-32° (подно со радијатори во спалните и регистар во ВЦ). Мислам дека константна температура и кај тебе би била најекономична.

Sent from my SM-S928B using Tapatalk



Гаранција на ТП да 1година ( појаснување за марката ГРЕЕ ВЕРСАТИ IV - https://mall.gree.com.mk/index.php/product/versati4-monoblock-grs-cq12pd-nhg4-e/ ) , плус можност секоја година се доплаќа. За изведбата на системот си гарантира фирмата која го монтираше целиот систем.  Целото искуство 7000е ( цевки, радијатори, регистри, фенкојлери, вентили, колена итн ...).