Здраво на сите нов сум на форумот ( гледам доста разработени теми па си реков ајде и јас да се вклучам ).
За оваа сезона правев комплет реновирање на 2 спрата во куќа ~120m2 кои решив да ги греам и ладам со топлотна пумпа воздух вода.
Греење комбинација радијатори и фенкојлери, регистри во WC , ладење фенкојлери. Ладење здравје ќе се тестира на лето.
Бидејки реновирав па за да имам помали загуби ставив пвц дограма рехау генео со трослојно стакло.
Дали има некој член на форумот кој има искуство со сетирање на ТП и кои се најдобри сетинзи за хистереза и останати глупости за да работи best efficient, нормално со што би се заштедило на долг рок на ел.енергија и на сметки.
ТП која се одлучив да ја купам е: Versati4 Monoblock GRS-CQ12Pd/NhG4-E ( знам дека антифриз и додатни греачи ми беа ектра трошок ради моноблокот но поради мое мало искуство и поставеноста на просторот се одлучив за таа комбинација ).
Од пумпата моментално сум презадоволен па еве да споделам сметките кои ми стигнаа за претходниот месец ( 4900 ден комплет, ТП, индукција плотна, бојлер, маш. за перење, компјутери итн... и оваа сметка која стигна јануари 7200 ).
ТП работи нон стоп 24/7 (навечер после 00 сетирање на 38 степени )со тоа што само една соба од 13м2 температура на 17степени ( ретко ја користиме ), останатиот простор се движи од 21,22 па до 24.
ТП е во комбинација со бафер 50Л и водата која ја пумпа е наместена на 40степени, кога беше поладен јануари меѓу 40 до 45 степени по потреба во зависност како си се осеќавме дома.
Дали има некој за конкретниот модел Versati4 Monoblock GRS-CQ12Pd/NhG4-E да сподели искуства.