@Filipv, Веројатно дизел. Кажи кој е тој? Пред некој ден се повозев во Giulietta 1.6 multijet, пред врата го имам 1.5dci од истата генерација што го имаш ти во Nisan-ot, пред некое време на негово место беше 2.2dci во Laguna, често се возам во 2.0tdi CR, го видов и во Merc A класа. Има некој порафиниран модерен CR?
Значи да го цитирам лошко: Тhe Germans have continuously refined thisir diesels...... им фали уште 2-3 генерации. Баш ме занима дали си слушнал како звучи LMP возило во дизел изведба? Јас да. Жал ми е што не снимив тоа што го чув. Имаше пред околу 200 страни во темава една слика кај што слеп човек седи покрај тркачка стаза и се смее кога поминуваат возилата. Што мислиш, се радува на дизел возилата кои поминуваат?
Спортските возила не се само „колку брзо“. Туку целокупното чуство и задоволство. Машина која не умира како што и` паѓа обртниот момент преку 2000 вртежи, звукот на моторот кој свесно или потсвено ти кажува дека снагата е тука, реакцијата на педалот на гас, и сите други елементи кои го сочинуваат уживањто во возење на еден таков автомобил. За жал, дизелот не може да го пружи тоа. Може да биде брз, може да биде моќен, не може да те надразни.