Таа „себичност“ кај луѓето за која зборуваш (а која јас мислам дека поприкладно е да се нарекува „ку*оболие), е резултат на нефункционирањето на системот.
ОК?
Те молам прочитај ја првата реченица неколку пати. Толку колку што ќе ти треба за да ме разбереш.
Системот ги прави луѓето да се однесуваат како што се однесуваат.
Истите луѓе кои овде возат аута по велосипедски патеки, кога одат во држави каде што повеќе владее законот, се понашаат поинаку и почитуваат закони.
Проблемот не е во луѓето (барем не целосно),
проблемот е во системот.
Впрочем ете нека постават автоматски систем со инстант казнување, без да бидат вмешани луѓе во ланецот на одлуки - едноставно системот регистрира прекршок, на пример поминување на црвено, и прекршителот автоматски добива забрана за возење од една година (за прв таков прекршок) и казна од ~10 просечни плати. Прекршителот може да бара судење, ако изгуби (а ќе изгуби ако има детална видео снимка) тогаш ќе плати и судски трошкови плус дополнителна глоба... Па да видиме после дали толку многу ќе се поминува на црвено како сега.
Повторно... Системот е проблемот.
Објективно зборувам и со факти, сеедно е колку ти ме доживуваш субјективно. Коментирај ги фактите, не ме коментирај мене лично. Подобар си од тоа.
...
Што би било кога на Лондонска кон партизанска би можел да вртиш лево? Карши Сити Мол. Хаос. Непроодност. Деееее па ти 2 минути ќе почекаш на партизанска, што е проблем.
Извини што нема да ги коментирам сите примери, ама сите се слични па ајде само овој да го разгледаме.
- за од Лондонска да стигнеш до Партизанска ти треба ~една минута заобиколување на блокот згради кај пазарчето.
- за од Ванчо Мицков да се приклучиш на Чакаларов кај Реплек, по твое треба да вртиш пола долно Нерези и Тафталиџе 2 за преку Партизанска па преку Московска да дојдеш до Чакаларов. Точно 3 раскрсници со семафори.
- за од Козле да се приклучиш на Чакаларов кај Реплек, по твое - треба да вртиш уџум подоле паралелено, до Олимпико па уште два семафори на Гологанов да дојдеш до Чакаларов.
Примерите не ти се соодветни. Проблемот го бараш на погрешно место.
Семафорите кај Реплек се потребни, проблемот е што трањето на зелено светло за споредните улички е предолго, и семафорите не се добро синхронизирани со семафорите кај студентскиот.
Што би било кога на Бледски Договор кон партизанска би можел да вртиш лево? Кај Лептокарија. Хаос. Непроодност. Деееее па ти 2 минути ќе почекаш на партизанска, што е проблем.
Ова ваљда го згреши?
Од Бледски можеш да завртиш лево на Партизанска, раскрсница има.