Автор Тема: Дешаванки со кола ( тумбања, судари, несреќни моменти, одвратни искуства... )  (Прочитано 3427427 пати)

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6580
Лево вртење е и те како голем проблем кој придонесува за долги чекања на семафор. Наместо на булевар да имаме зелено светло за спротивните страни во исто време, во Скопје за жал голем дел од булеварите функционираат на принцип зелено светло во круг за секоја улица поради вртење лево и чекаш ко будала 2 минути црвено.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5348
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Еднонасочен сообраќај е поставен таму кадешто тоа е можно и продуктивно.
Најголемиот проблеме беззаконието и неказнетите прекршоци на законите, што поттикнува уште поголемо беззаконие.


Деееее па ти 2 минути ќе почекаш, што е проблем.
Не си објективен. Ајде по твоето да идеме... Од Ванчо Мицков треба до Чакаларов да дојдеш. По твое ќе се врти Тафталиџе 2 до Партизанска десно, кај Сити мол/архив десно, па напред до Гологанов/студентскиот пак десно и доаѓаш до Чакаларов?

Што беше првичниот проблем, гужви?
Па што мислиш дека ќе се деси кога целиот сообраќај ќе го рерутираш по предложената рута?

Ќе се направат поголеми гужвите (кои секако ги има) на двете раскрсници на Партизанска а потоа и на раскрсницата на Московска/Гологанов кај студентскиот.


Гужви секако има во Скопје, работата е да се направи правилен микроменаџмент на одделните точки, и системот на казнување да функционира подобро.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10312
Темава отиде во тема за потсредување сообраќај :)

ОК, таа населба кај Реплек не ја познавам, само фрлив поглед на мапа...но ако толку е закатанчено тогаш недостига инфрастуктура, или пологични решенија (надвозници).
Особено кога ќе се смени статусот на одредена улица па од "маалска" ќе прерасне во "трансферзала".
А богами, недостига и култура во сообраќај.

Пример за непотребно вртење лево и стварање гужва е излегување на главниот влез од Румунска.
Може да се направи круг од кај брза помош, или кога веќе излегуваш на главен влез барем сврти десно.

Втор пример е кај црква свети Јован при вклучување влево на Васил Ѓоргов, се ствараат гужви во даден период од денот, но уште семафор недостасува, тогаш гужвите ќе бидат 24/7, особено на Васил Ѓоргов.

Некогаш побрзата опција е малку подалечната опција :)

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16758
  • Keep it 100
Има една многу фина игрица (Cities Skylines) што може многу добро да го симулира сообраќајот, а исто така да се применуваат разни сообраќајни решенија кога ќе се стават основните модови.

Скопје е веќе толку неплански густо изградено што само ако се реплицира во играта и се испробаат разни комбинации ќе може да се најде најадекватно решение за понатаму. Единствена друга опција за намалување на гужвите би била ограничување на приватните возила и форсирање на јавен сообраќај.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20212
Постои голем град во светот каде што во работните саати нема гужви?

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11063
  • Ќybriт Pro Max

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20212

Отсутен Prof. Greenthumb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4044
  • MadaFunker
New blood of old school


Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5348
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Темава отиде во тема за потсредување сообраќај :)

ОК, таа населба кај Реплек не ја познавам, само фрлив поглед на мапа...но ако толку е закатанчено тогаш недостига инфрастуктура, или пологични решенија (надвозници).
Особено кога ќе се смени статусот на одредена улица па од "маалска" ќе прерасне во "трансферзала".
А богами, недостига и култура во сообраќај.

Па „културата во сообраќај“ е директно зависна од спроведувањето на законите.
Или со други зборови, ни мене ни тебе не нѐ занима дали Јанко/Станко се сељаци или не се. За нас е важно тие да не поминуваат на црвено и некогаш да не се деси ни криви ни дужни да нѐ убијат нас во сообраќајка. Ама Јанко и Станко се научени дека 10000 пати досега направиле таков прекршок, а можеби еднаш или ниеднаш ги казниле... Ете затоа нема култура во сообраќајот. До системот е проблемот.

Другото е јасно, премногу сообраќај и слабо контролирање/управување со сообраќјот. Семафори се потребни, таму каде се неопходни.

https://streamable.com/oid58c
Ете го семафорот за кој зборуваме, покрај Реплек во правец од Козле кон Чакаларов.
Не, ништо нема интересно на снимката. Тоа и е поентата, 4+минути чекање на спомнатиот семафор, а често и повеќе се чека. Но пред семафорот тука едноставно не се поминуваше.

Чисто да ви покажам како е таму за вас што не ја возите таа релација. Што се мене тиче сва среќа што од правец Козле надолу идам само кога се враќам од Водно (2-3 пати неделно), којзнае како им е на тие што секој ден поминуваат од таму.

Во правец на главната улица чекањето на семафорот е многу пократко.

« Последно менување: 29 Декември 2020, 21:47:36 pm Van »

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7067
  • хаУс мајстор
Јас живеам во близина и во време на гужвите избегнувам да излегувам со кола.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5348
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Јас живеам во близина и во време на гужвите избегнувам да излегувам со кола.
Тогаш знаеш каква другата улица Демир Трајко, од школото накај Партизанска. Тука некогаш нема место ни во еден правец да се помине, не па да се разминеш со друга кола. Посебно таму до Партизанска кај пекарата и супермаркетот, таму буквално е welcome to the jungle.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10312
Бриии,  Чакаларов ја поминувам повеќе пати во месецот, додуша денски и во различни периоди, никогаш не сум видел од кај Реплек колони да чекаат да се вклучат.

Обично чекале една до две коли, и ако нема кола од спротивен правец, намалувам брзина, блицкам за да му дадам до знаење да се вклучи и немало проблем. Пред да се стави семафор :)

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5348
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Aбе кога нема гужви нема проблеми. Ама кога има гужви не се влегува на Чакаларов... Со семафориве колку толку се поминува.
Само не знам зошто не ги исклучуваат семафорите кога нема гужви, надвор од шпицовите. Односно знам, за да не се замараат тие билмезите/контролори на сообраќај (а веројатно не ни има камери таму).

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7067
  • хаУс мајстор
Бриии,  Чакаларов ја поминувам повеќе пати во месецот, додуша денски и во различни периоди, никогаш не сум видел од кај Реплек колони да чекаат да се вклучат.

Обично чекале една до две коли, и ако нема кола од спротивен правец, намалувам брзина, блицкам за да му дадам до знаење да се вклучи и немало проблем. Пред да се стави семафор :)
Грешка си, и пред семафорот да се стави знаело на Козле да има колона до самопослугата (која е урнатина) доле после Реплек, ама тоа во време на шпицот од кај 16:30. Ама затоа па, по Чакаларов сообраќајот си беше во тек, имало колони ама се движеле. Сега и на двете места е гужва што е минус, плус е само безбедноста, која денес перејќи кола доле кај пералната, гледам дека не ги фермаат многу семафорите.