Извини, а горенаведениве да не се нешто поарни? Не сум ги возел овие горе ама Model S сум возел и е as good as any other. Е сега цената не се состои во ентериерот туку во технологиите. Ама тоа ги оправдува неколкуте години со кои се понапред од сие овие горе.
Чекај малку. Ниту еден модел на Tesla не би требало да се споредува со ниту еден модел од горенаведените. Прво и основно се различна ценовна категорија, а понатаму и големина. Model 3 и Model Y не сум возел, колеги што ги возеле викаат дека се подобри од времето, ама fit & finish уште не е на ниво на кое би требало да биде за цената. Колку за референца, Model 3 Long Range со аутопилот технологиите и сите нишани е 63.000 Евра во Шпанија, пошто веќе гледаме шпански цени.
Цената се состои од сè - и дизајн, и бренд, и материјали, и кабина, и погон, и технологии, и... Можеме да се лажеме дека не е така. Кога ќе дадам 100к за кола, сакам да се чувствувам како во кола од 100к. И тоа е. Фенбојс на Тесла може да паѓаат у несвест колку сакаат, ама за сите одлични работи кои ги нуди Tesla, има и еден куп (сериозни) недостатоци.
А ќе ти кажам дека од неколкуте електрични коли што сум ги возел од Аутобест листата, сите имале подобар overall фит и финиш од Tesla Model S (од постарите Model S и Model X кои сум ги возел, како што реков. Новите не сум ги возел, би требало да се подобри). Од прва до последна.