кај електричниве возила приказната е многу едноставна. Целото возило е едноставно, имаш едноставен хардвер, само зависи чив софтвер ќе вози. Како порано што имаше 3 производители на лаптпои и мобилн ина почетокот а после 5 годин се појавија 300, така и со електричниве возила, во ништо нема разлика.
Прано огромниве автомобилски концерни се напреваруваа во дел од милиметар прецизност на механиката, во метар разлика при кочење, во милисекунди разлики во забрзување, во разликата дали моторот ќе помине 400.000км или 500.000км. Па имаше натпревар кај масла, кај антифризи, кај гумени делови, кај заменски делови. Сега веќе ништо од тоа нема. Имаш генерички електрични мотори, батерии, софтвер, електронска логика, стајлинг, ентериер и од прилиак толку. ништо од ова нема ни 1% поврзаност со вредностите на класичните големи производители на возила.
Во иднина пчекувам да се десеткуваат брендовите и линиите. VW ќе биде VW, BMW, Mercedes, Tojota, Stelantis, GM, FORD, Gheely и толку. Секоја друга дистинкција ќе биде базирана исклучиво на стајлинг и по тоа ќе се разликуваат возилата.