Бугар, престани да тресеш работи од ракав, нема потреба, и аман веќе со Бугарија, очигледно никнејмот ептен си го погодил.
Цена на Инсајт (со добра опрема) е 18.990 евра (тоест беше пред година и кусур, сега е сигурно поефтин), Тојота Приус почнува од 25.000 евра. Спомнувањето на Тесла Роудстер во муабетот е целосно промашена работа - тој кошта $100.00 во Америка.
Да, Македонија не дава поволности за купување хибридно возило. Јебига. Македонија не дава многу други поволности, а со оглед на продажбата на нови возила во државава (околу 6000 вкупно минатата година) и ако даде нема да направи ама баш никаква разлика.
Македонците (барем просечните) не ги интересира загадување. Не ги интересираат хибриди. Не ги интересира ништо такво - ги интересира цена и потрошувачка, а хибридите не ги исполнуваат условите ниту во едната ниту во другата категорија.