Џиџи не му ја мисли толку, колку побрзо ставиш повеќе ке заштедиш.
Инаку јас имам кола чиј мотор е осетлив на плин, до сега имам поминато 30.000 и немам никаков проблем, сеуште немам ни филтер сменето.
Плинскиот систем е Lovato Easy Fast со капалка, уште кога го ставав ми рекоа дека капалка е препорачлива но и да ја нема не е страшно, до сега во пракса немале проблем со овој тип на мотор.
Капалката можеш да ја штелуваш сам, јас барем така правам, низ град ја местам да капе на 15-17 секунди, така е и кога идам до село или на поблиски релации, кога идам на долги релации тогаш ја местам на 8-10 секунди. Стоперица во рака и за 2 минути можеш како сакаш да ја наштелуваш.
Некој имаше пишано дека ги слуша вентилите кога вози на плин, тоа не се вентилите туку се плинските дизни, тие малку штракаат, зависно од системот некој повеќе некој помалку. Знам дека на Ландиренцо многу штракаат.
Друга работа, другарче имаше ставено Ландиренцо(не Омегас туку поефтиниот), ем многу му штракаа дизните, една му се расипа, кај тој систем не се менува само една, туку морало сите. Го смени со Ловато, презадоволен е.На ловато можело и само една да смениш.
Разлика плин/бензин се осеќа, колку и да вика некој дека нема разлика, на бензин е поконкретна колата и за нијанса поексплозивна.
На префрлањето бензин плин ќе внимаваш месец дена максимум, после ќе го заборавиш индикаторот.