Автор Тема: Мотори осетливи на плин  (Прочитано 87128 пати)

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: Мотори осетливи на плин
« Одговори #15 на: 18 Јануари 2013, 18:51:09 pm »
+1

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: Мотори осетливи на плин
« Одговори #16 на: 18 Јануари 2013, 18:59:36 pm »
@Tommy

Да, повеќето се 1.6 модели како можев и ја да приметам и тоа twinport. Кај Twinportot треба да има разлика и во монтажата, нели? Кажи, имаш капалка монтирано? Сигурно имаш прочитано дека на плин вентилите ќе треба да ги штелуваш на 30000 км (на бензин на 150000км), пошто не се со хидро-подизачи...
Што си пишал 82 коња :D Те укапирав ја, ама морам малку, вака ... ;)
Во разговори со корисници на плин (исто на Астра), дознав дека има разлика од кај точиш плин и дека од Мак Петрол е најдобар и најчист. Се осеќа во звукот на моторот, снагата и филтрите кога ги менуваш :)
На која температура ти пребацува на плин? На колку вртежи? На колку време у лето? Се слуша ли специфично чукање на вентилите кога работи на плин? Користиш некои адитиви во плинот или бензинот? За колку време ти се празни резерварот со бензин? Колку ти е потрошњата сега со плинов?


@Simo - Carrier166

И мене, затоа се интересирам, АМА да не испадне сиромавиот два пати плаќа :)

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: Мотори осетливи на плин
« Одговори #17 на: 18 Јануари 2013, 19:04:57 pm »
покрај вентили,свеќици итн.
дали и колку страдаат бензиските дизните кога колата се вози на плин?
дали и како може да се заштитат?

лаички муабет се вртат,турив плин и колава веќе не иде како што треба на бензин

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: Мотори осетливи на плин
« Одговори #18 на: 18 Јануари 2013, 19:11:10 pm »
Па тоа пишав погоре... Освен штелување вентили на 30К км, ако купиш саглам свеќица за плин која на бензин би гурала 100000 км, на плин треба да ја замениш 30% порано. Дизните за бензин се запоставуваат и се запушуваат, затоа треба да користиш и адитиви во бензинот за чистење на дизните, против корозија, стабилизација на бензинот, за намалено абење на вентилите и лежиштата и треба повремено да ја извозиш т.е. издуваш на обиколница на бензин :) Помага и вбризгување на одреден процент бензин (во одредени услови или режим на работа), секако доколку уредот е од најновата генерација и го дозволува ова.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43558
  • Il Moderatore
Одг: Мотори осетливи на плин
« Одговори #19 на: 18 Јануари 2013, 19:16:59 pm »
Смичка, додека колата работи на плин, инџекторите се изгаснати. Но до нив стига гориво под притисок. Голема грешка е што луѓето упорно пробуваат да ја скратат работата на бензин пред да префрлат на плин, за да трошат што помалку бензин. Конвертираните коли се наменети да палат на бензин, и да ги повозиш некој километар на бензин. Со тоа го одржуваш во кондиција бензинскиот систем. Ако палиш и возиш само на плин, ризикуваш да запечат инџекторите, да се исушат нивните дихтунзи и да се наталожи ѓубре од бензинот на нив. Секако, резервоарот за бензин треба да биде барем 1/4 полн, а пожелно е 1/2 да има бензин, зошто бензинската пумпа (која работи дур работи колата на плин) се лади од бензинот во резервоарот. Ако има малку бензин, пумпата може да шмркне ѓубре што плива над бензинот (најчесто не тоне ѓубрето, туку плива на површина), а може и да прегори од недоволно ладење, посебно во лето.

Ете џиџи убаво напиша, адитивче за стабилизација на бензинот, но и користење на бензин при работа - секако :) Ако штедиш премногу, нема да уштедиш.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4904
Одг: Мотори осетливи на плин
« Одговори #20 на: 18 Јануари 2013, 20:11:46 pm »
Заборавате една битна работа која е поврзана со неидењето не бензин, ако е лоша плинската мапа може да ја поремети и бензинската мапа односно да ја измести па да треба колата да се вози на бензин Хкм за мапите да се вратат. Затоа е многу битно како е штелован плинот

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: Мотори осетливи на плин
« Одговори #21 на: 18 Јануари 2013, 20:33:22 pm »
Еве некои линкови кои можат да бидат корисни (конкретно за Опел у случајов, пошто се работи за Irmscher):

http://www.motor-talk.de/forum/erfahrung-mit-irmscher-lpg-anlage-t1782633.html
http://www.motor-talk.de/forum/astra-h-1-6-115-ps-mit-irmscher-lpg-t1977195.html

До сега работиве одат у прилог на 1.4, или сам себе си се убедувам :) У секој случај не може да се генерализра, пошто од друга страна гледано има многу Астри 1.6 на плин со преку 100000 км (ќе побарам сега и нивни критики, па ќе ги постирам) без поголеми проблеми.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29523
    • CARclub.mk
Одг: Мотори осетливи на плин
« Одговори #22 на: 18 Јануари 2013, 20:44:21 pm »
Јас апсолутно се слагам со ставот на Симо - да возам атмосферски бензинец, без никаква резерва би го конвертирал на плинџекшн.

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: Мотори осетливи на плин
« Одговори #23 на: 18 Јануари 2013, 20:48:57 pm »
Ма така и треба секој нормален човек да размислува, АМА ако ти викаат дека постои можност да го сје*еш конкретниот мотор - каде е тука логиката? Каде е тука економијата? Ја тука гледам само ЕКОЛОГИЈА ! :)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29523
    • CARclub.mk
Одг: Мотори осетливи на плин
« Одговори #24 на: 18 Јануари 2013, 20:53:30 pm »
Претпоставувам (не можам да тврдам) дека со капалките и правилното користење/дозирање ризикот за тоа се намалува. Реално, со секоја нефабричка модификација на моторот постои можност нешто да се сјебе. Со KN филтер страдаат MAF сензори на возила, па луѓе сеуште ги ставаат. Ваљда се сведува на ризикот кој си спремен да го преземеш за да возиш за поефтино.

Јас би конвертирал све што можам на плин, нека ми се смее кој сака, ја ќе се смеам у кафана со парите што ќе ги ушпарам на гориво.

Нејсе, друг беше муабетот - мотори кои се осетливи на плин - ако искуствата кажуваат дека 1.4 моторот што го вози твојата Астра тера на плин без проблем, ја одма би размислувал за инвестицијата, да можеш да се изнавозиш на раат, и да не праиш математики (до толку) кога ќе треба некаде да отидеш. Што вика Дени, да ја возиш колата како што треба, а не да размислуваш на колку обртаи ќе смениш брзина.

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7199
Одг: Мотори осетливи на плин
« Одговори #25 на: 18 Јануари 2013, 21:07:38 pm »
@Tommy

Да, повеќето се 1.6 модели како можев и ја да приметам и тоа twinport. Кај Twinportot треба да има разлика и во монтажата, нели? Кажи, имаш капалка монтирано? Сигурно имаш прочитано дека на плин вентилите ќе треба да ги штелуваш на 30000 км (на бензин на 150000км), пошто не се со хидро-подизачи...
Што си пишал 82 коња :D Те укапирав ја, ама морам малку, вака ... ;)
Во разговори со корисници на плин (исто на Астра), дознав дека има разлика од кај точиш плин и дека од Мак Петрол е најдобар и најчист. Се осеќа во звукот на моторот, снагата и филтрите кога ги менуваш :)
На која температура ти пребацува на плин? На колку вртежи? На колку време у лето? Се слуша ли специфично чукање на вентилите кога работи на плин? Користиш некои адитиви во плинот или бензинот? За колку време ти се празни резерварот со бензин? Колку ти е потрошњата сега со плинов?


@Simo - Carrier166

И мене, затоа се интересирам, АМА да не испадне сиромавиот два пати плаќа :)

Да, кај мене има капалка јас инсистирав на неа, на секои 6 или 8 секунди пушта по една капка. Ми спомна сервисерот, ама остави на мене да го потсетам како што ке идат километрите, така ке ми објаснува што како ке се прави... Во комшии ми е, па лесно ми е ...
Точно која бројка беше не сум сигурен, искрено не запомнив, само знам дека корекцијата на температурата беше 6 степени кога ми се префрлаше само на бензин...
Ке го прашам за ова сервисеров деновиве и ке пишам.

Префлање на плин може да го изведеш на 2 начина, првиот е откако ке ја запалиш колата, да ја турираш во место некој 10-тина секунди и ке префрли на плин, јас обично ја користам втората опција, откако ке ја запалам колата, дур да поминам 100 метра и ке се префрли сама на плин.Значи, за минута време се префрла на плин...
Кај мене софтверски е наместено на 1800 rpm да се смени на плин, во пракса е над 2300 prm...

Да, од надвор се слуша "тропањето" на вентилите, дури прв пат помислив дека нешто не е во ред со колата, не знаев дека даваат таков звук...
Адитиви во бензинот не користам, дека еден резервоар може да ти потрае 3-4 месеци, и обично ставам да имам над четврт резервоар, и на месец дена ке се решам една недела да возам на бензин, да го истрошам тој бензин и да ставам нов...
ке мора да се посоветувам со тебе за некое адитивче...

Потрошувачка со плин, чисто градска, со 39 литри плин, 470 км.... Значи 8.3 l/100...
На отворен пат, најмногу успеав да поминам 550 км со еден резервоар плин... Просек по резервоар, значи 1750 денари ми се 500 км...

Се надевам не заборавив да ти одговорам на некое прашање, со едно око гледам ракомет  :D :D :D

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: Мотори осетливи на плин
« Одговори #26 на: 18 Јануари 2013, 21:24:12 pm »
Фала Tommy на исцрпниот одговор! Изненадувачки е колку малку ти троши градска - мене на бензин ми троши у просек 10 литри :) Значи печен сум ја за плин ... готово - zeroSignal има право ;)
За адитиви за бензин, штета што LM не ги носат баш тие што треба, демек не ги бараат вика дечкото што ги продава у АутоМакедонија :D Како и да е, има мал милион адитиви по пумпиве - тешко човек може да знае више кое од кое е боље со квалитет у однос на цената, мислам. У задње време на Wynns им фрлив мерак ;D

http://www.wynns.eu/ProductOverview.aspx?g=GRP_CONS_FUEL


Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: Мотори осетливи на плин
« Одговори #27 на: 18 Јануари 2013, 21:59:17 pm »
скопје-куманово
и тоа игра улога,би требало барем 10л плин да ти лапа,скопска градска

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13717
Одг: Мотори осетливи на плин
« Одговори #28 на: 18 Јануари 2013, 22:08:40 pm »
Знам дека карбураторскиот плин е вистински хорор а овој што е фул инџекшн е милина. Е сега ништо не е совршено ама пак заштедата е претерано голема, така што сеуште сум поборник на плин/дизел. Бензинот мислам дека го изгуби приматот на пазарот. Ретко гледам коли што се возат само на бензин, дури и малите количиња ги префрлија на плин.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43558
  • Il Moderatore
Одг: Мотори осетливи на плин
« Одговори #29 на: 18 Јануари 2013, 23:00:46 pm »
Јас немав никаков проблем со карбураторски систем на Samara 1500s плинот си се исплати и преплати во својата експлоатација. Ловато без многу фенси шменси работи. Еден филтер, една расплињача  и две штрафчиња за подесување на односот. Со тек на време ќе научиш како да го доштелнеш. Исто беше и со системот на ZX-от, и тој беше сличен, не беше секвент иако ZX-от беше инџекшн.  Истите подесувања важеа и таму. Еднаш/два пати годишно ќе го ч`чнеш и тераш без проблеми потоа. Е да, повеќе снага јадеше од моторот од овие денешниве, а за потрошувачка може да кажам дека исто беше зголемена за 15-тина % (за Самарата не се сеќавам, таа лошо работеше на бензин а одлично на плин).

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.